Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.879
ВАРДАР-Борац Бања Лука 36-25!
Одличен меч на Вардар против релативно слабиот противник. Рутински до четвртата победа во лигата. Разликата можеше да биде далеку поубедлива, ама на крај се опуштивме и намалија гостите.
Двата дела Вујо ги изигра со две различни постави кои играа и одбрана и напад без замена.
Испробуваше тактики на мечов :D
Прво полувреме играа Мартиновиќ-Стоилов-Ојлески-Абутовиќ-Карачиќ-Рајковиќ-Раковиќ, а во второто полувреме Чаневски-Марковски-Недановски-Лазаров-Прибак-Петриќ-Јовчевски.
Првото полувреме Рајковиќ конечно се раздава голови, иако одразот му е очаен :D
Сите плескаа голови и беа расположени за игра, мислам дека баш сите дадоа бар по еден гол. И Абутовиќ плесна неколку од бек. Мартиновиќ конечно фати некоја топка, одбрани и пенал па и еден зицер:pos:
Моментот кога забележав дека е бричен :pos::pos::pos:
Се засркнав од смеа, каква фацка е не е нормален :LOL:
Со новиот изглед во нов поход :pos:
Второ полувреме истотака сите беа на ниво. Им акнавме некиолку цепелини, еднаш Раковиќ, еднаш Јовчевски и особено добар беше тој на Лазаров. Фичо фаќа форма, пика голови од секаде :icon_mrgr:
Во последните 15 минути игравме со Абутовиќ како пикер, бидејќи Марковски заработи еден удар во градите, по што не се ризикуваше и беше оставен на клупа. И со Столе не се ризикуваше, па Абутовиќ отиде на пикер.
Милиќ и Марковиќ воопшто не играа.
И овие при крајот ставија доста млади играчи.

Каква екипа имамне, какви позитивни дечки :cuc:
Многу ми се допаѓаат како екипа, сплотени се, заебанти се сите, само си дофрлуваат нешто и се паѓаат од смеа :icon_mrgr:
Сетоа тоа надополнето со навивачите :icon_mrgr:
Нема екипа како нас па кој сака нека рече, и нема група што знае да се забавува како Комити :icon_mrgr:
Денес добра бројка, околу 130 Комити, а во цела сала околу 400 души, што е за нијанса послабо од минатите мечеви.
Али добро е, народов добива навика за одење на ракомет. И мило ми е што не оди било кој, туку тие што одат го сакаат Вардар. Моментите кога пее цела сала на релативно незначаен натпревар за нас ми ја исполнуваат душава :)
Ние сме фудбалска навивачка група, ова ни е само плус, па затоа ракометен меч во Скопје не привлекува нешто многу публика покрај сите настани, затоа според мене моменталнава состојба е за поздравување. Нормално во друг град каде нема многу настани и во прва лига да влезат ќе полнат сали, али да падне клубот никој нема да го ферма :) Да се создаде навика, да има бар по 300 гледачи ќе биде одлично.
Навивањето во прво полувреме одлично :cool:
Во второ полувреме по лефтерно. Се учеше песната од Руски рулет на Тоше. Се пееше цел втор дел, на моменти и цела сала ракоплескаше. Ја пуштија и на разглас со што уште толку се подсгреа атмосферата :D
Моментот сепак беа краните 5 минути. Пола од напша трибина преминаа на другата. Цела сала испаничија да не ќе има некоја тепачка :icon_mrgr:
Играчиве на клупа се заебаваа, божем се кријат дека се уплашиле :pos:
Поентата беше да се навива комбинирано од двете трибини и испадна успешно :icon_mrgr:

То је то до следно видување...:D
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Рајковиќ дур влезе у ритам 2 сезони ќе пројдат..... Очајни му се и скокот и шутот..... А бек шутер треба да биде :facepalm: Плус у одбрана на неговата страна се направија неколку дупки при кои примивме лесни голови. За разлика од него Петриќ си гази. Браво за стариот.
Одлична атмосфера направија Комити, секоја чест. (y)
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Chains убаво што те гледам пак на форумов, вклучувај се повеќе во дискусиите :D
И баталете го не му враќајте, џабе ќе ја тупиме, пријавете ќе го избришат. Нека си тера како сака, него не навива за конкретен клуб, туку за тој што е најдобар. Ако утре Тинекс Пролет биде најдобар за нив ќе биде. Со такви фанови нема потреба да се муабети.

Негооо има некој што знае повеќе за тимов на Магдебург?
Им ги гледам играчине и не ми се многу познаки, освен Бартош Јурецки :confused:
Јурецки им игра како пикер. Јурецки дава по 3.5 гола по натпревар. Резервен пикер е Ландсберг кој има по 1 гол на утакмица, изглчеда има симболична минутажа покграј Јурецки.

Голмани им се Бјоргвин Густавсон и Даниел Еијлерс, за мене непознаници.
Овој Еијлерс брани за Холандија.

Лево крило им е Графенхорст, кој на 9 меча во Бундеслигата има просек од 3 гола по натпревар. Има и 50-тина меча за Германија, ама нема шанси покрај Доминик Клајн.

Десно крило им е Роберт Вебер, стандарден репрезентативец на Австрија кој во баражот ни даде 4 гола во Скопје и 3 во Австрија.
Скоро по 5 гола дава на натпревар, 42 има дадено на 9 меча во Буденс лигата...

Е сега имаат бекови кои што им се мултифункционални :D
Само како центтрален им игра Стиан Тоненсен (188 сантиметри), кој дал само 12 гола на 9 меча па претпоставувам не е стартер. норвежабнец е но не игра за репрезентација.
Како централен и лев им игра Стефан Книр (194 сантиметри со 96 кила, волесина тешка:D) кој дава по 4,5 гола на утакмица :D На Лемго и на Кил им здрвил по 6 :D Изгледа овој им е стартер, само незнам дали како централен или како лев бек.
Исто како лев бек и централен игра и Фабиан Ван Олфен (194 сантими, 102 кила уште еден вол) кој во просек дава по 2 гола. Овој Олфен е Холанѓанец ама во последни години не го зимаат за репрезентација.
Како десен бек им игра Андреас Ројевски (193 сантими) кој има по 3.5 гола во просек. Десен бек,, но може да игра и како десно крило е и Мориц Шапсмејер. Он дава во просек по 4 гола во Бундеслигата.
Симболично како лев бек и лево крило игра Бенет Виегерт кој нема ни по гол 1 гол во просек.

Воглавно овие играчи им играат во Бундеслигата. Значи покрај Јурецки кој мене ми е напознат, главна опасност доаѓаод крилава. Знаејќи какви дуздибидуси се ннашиве голмани за удари по крило тешко нас...
Од бековиве овој Книр ми изгледа за најопасен.

Значи ништо посебно не се, нема потреба од толку галама. Досега изиграа три меча во ХБЛ со екипи што се објективно посилни (според мене) и од Вардар и трите ги изгубија. Сеуште немаат играно со Füchse, Flensburg, Rhein- Neckar Löwen, Göppingen, а според играта може да се очекува дека сите натпревари ќе ги изгубат и дека оваа година ќе се пласираат под 10-то место, или тука некаде на средина. Немаат можеби кој знае колку звучни имиња, но знаат да изиграат колективно и на ниво и да те натераат да се мачиш (како што и направија со ХСВ), особено ако Гунарсон има свој ден. Моментално главна алка (ако воопшто може да се издвојат некои) им се Вебер, брзо снаодливо крило но сосема просечено и како крило многу не може да направи и Кнер (не Книр), дечко со страотен шут, ама без техника. Како и да е оној на кој не треба во никој случај да се заборави е ГОЛЕМИОТ и СЛАВЕН, Маестро АЛЕС ПАЈОВИЌ, според мене е еден од најдобрите светски леви бекови (зборувам за минативе 13-тина години). Главен актер во најубавите мечеви што сум ги гледал во ЛШ и како голем симпатизер на BM Ciudad Real, пресреќен сум што ќе го гледам во Скопје. Стариот знае сеуште да распали во секое време, така да за него годините малку важат и ќе треба особено да внимаваме. Си заборавил да го споменеш Натек кој порано беше репрезентативец на Словенија, но сега игра две нивоа под Доленец и одамна не сум го видел да заигра за репрезентација. Просечен играч инаку. Другото е ситна боранија, за што зборува и фактот што веќе со години Магдебург не дал германски репрезентативец. Така да тука сме некаде со квалитетот и очекувам стварно неизвесни два меча (освен ако не се изглупираме на гости).
За “навиЈачиве” на Металург (ако постои нешто такво), најверни искачачи на тераса, стварно не знам што да кажам. Нивното непознавање на ракометот и потпаѓањето под секакви маркетиншки влијанија е страотно, па секој коментар е излишен.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
Значи Недановски било крилото во второ полувреме, јас го очекував Марковиќ, али добро изигра.

Сепак, противников беше со деца, башка висина како кинези, очекуван беше овој исход.

Рајковиќ колку нема стил на ракометар, многу лошо „засилување“, мора таму да се засилат Вардар.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.287
Поени од реакции
8.467
Не бе каков Недановски.... Бутино е тој :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.879
Гази Бутино, им ги брцна неколку голчиња од страна со вртени топки од зглоб:cool:
Најдобра акција, беше брзиот центар, кога гостите не успеаа ни до половина да стигнат :icon_mrgr:
Чаневски до Недановски на пола, Јовчевски мава спринт, Недановски му ја изведува, овој веќе е пред гол и погодува а гостите уште беа во наша половина :icon_mrgr:
И после она ќороно Златко ќе ми го земаат во репрезентација место Јовчевски :facepalm:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.879
Утре кое невреме игра Вардар и дали на Кале или во гости?
Гостуваме кај Нексе во Хрватска. Мислам дека ќе не даваат на ТВ.
EDIT: Ќе даваат во 18 часот на собраниски.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.879
Денес не очекува најважниот меч според мене, од кој ќе согледаме многу работи.
Тепаме ли во Нашице според мене МНОГУ ќе си го олесниме патот кон фајнл форот. Изгубиме ли денес, тогаш ќе биде доооолга битката.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Денес не очекува најважниот меч според мене, од кој ќе согледаме многу работи.
Тепаме ли во Нашице според мене МНОГУ ќе си го олесниме патот кон фајнл форот. Изгубиме ли денес, тогаш ќе биде доооолга битката.
Ќе биде тешко, јас мисалм дека можеме да победиме само зависи како ќе играат нашиве Нексе се се нешто послаби сеознава од Загреб според мене тесна победа ќе издвојуваме
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Добро е, точни се МТВ :D
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 18:02 ---
Какви аматерски грешки праиме значи.....
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.287
Поени од реакции
8.467
Лани тука се збудали Додер и фативме некоја форма... ај и годинава нека се случи нешто слично
 

Kajgana Shop

На врв Bottom