Неколку нешта од моја гледна точка:
- Знам дека Михајло секогаш имал добри намери кога бил РК Вардар во прашање, па не верувам дека туку-така го оставил клубот во рацете баш на овие луѓе. Нормално, секој може да направи лоша проценка и да згреши, но барем во мои очи во текот на овие три декади дал и повеќе од доволно причини да му се верува.
- Столе и Бутин коски имаат оставено тука на еден или на друг начин. Столе особено е no bullshit kinda guy, па ако работите не се одвиваат како што треба ќе го каже тоа и внатре, а и во јавност.
- Должината на договорите на бековите е за поздравување (наспроти досегашната практика), но Јасухира е на едногодишна позајмица од Висла тука, а не со долгорочен договор.
- Заминувањето на Деки иако е минус, немаме никакво инфо околу контекстот на истото. Можеби била негова желба, можеби побарал плата која клубот не може да ја дозволи, па решил да земе играч со кој ќе биде пројде поефтино. Искрено, не верувам дека Вардар го имал последниот збор кога е во прашање неговото заминување во една ваква нестабилна ситуација во која се најде клубот.
- Муабетот за правење еден збир од помали спонзори кои ќе го финансираат клубот звучи супер како концепт, но никогаш не било направено тука. Дај боже да сме ние првите, но не сум оптимист.
- Десен бек и трет пивот се must. Не знам какви се плановите, но се надевам дека ќе успеат да донесат играч и таму и таму. Без тоа ќе се мачиме против Тиквеш и Охрид, а не па повеќе.
- Муабетот за школите иако на многумина им е смешен, јас го поддржувам 100%. Клуб се организира по вертикала нагоре, почнувајќи од дното, а таму се младите категории. Дури и клубовите како Кил, Берлин, Веспрем, Монпеље, Барса, Нант и др. имаат многу сериозно разработени академии кои произведуваат играчи (и покрај тоа што двојат замашни средства за првиот тим) само што ретко ги гледаме тие играчи во првите тимови заради тоа што амбициите им се највисоки (Нант и Монпеље дури и често црпат играчи од таму). Најчесто истите одат во тимовите кои се понеамбициозни. Ние сигурно не планираме да освојуваме ЛШ во следниве пет години. Моделот е околу нас застапен многу: Целје, Нексе, Загреб па и една Војводина работи на тој принцип. Времињата кога и плаќавме пола милион евра оштета на Барса за играч се далечно минато веќе и такви и ќе останат.
- Да не се сфатиме лошо јас не гаам илузии дека ние со играчи од нашата школа ќе стануваме шампиони и ќе играме Европа. Невозможно е, странци се неопходни. Но, во ситуација кога финансиски не можеш да се носиш со останатите одговорот е добра школа и добар скаутинг. Како пример ќе го земам Нексе, буџет од 1.7 милиони евра во последни три сезони еднаш осминафинале, еднаш Ф4 и еднаш четвртина финале во европска лига. Дали постои капацитет за такво нешто кај нас е друг муабет.
- МАРКЕТИНГ. Просто е неверојатно која мизерија се македонскиве клубови во овој поглед. Недозволиво е еден Голден Арт да има бољи маркетинг од нас, Алкалоид да не навлагам... Се надевам ќе се поработи на тоа.
- За крај... сигурно ќе има еден куп грешки. Резултат не се прави одма, ние треба многу добро да го знаеме тоа. Видовме битолчани колку години вложуваа прво со Работник, сега Пелистер итн. Видовме колку вложувавме ние под Самсоненко, видовме колку вложуваше Металург пред десетина години.