Фан клуб - РК Вардар

Член од
3 мај 2014
Мислења
907
Поени од реакции
2.988
Мене не ми се свиѓаат работите у Вардар.
Тотално не спремни сите освен Михо, и стандард Столе.
Борко не знае кој заминал од клубот.. Само Талевски, па само Талевски и Мансков, па само тие двајца и Куни.. па на крај излегоа 5.
Угриновски најавува дупла круна, па Столе го спушти малку као чекај да видиме прво со новите играчи да се консолидираме па ќе видиме после кај се нашите можности.
Буџетот не знаеме колкав е, се чека од фирми и ИНСТИТУЦИ, па ќе бидеме обоени изгледа.
Плус играчи ќе правеле за период од 1 до 3 години, тотално аматерски звучи тоа.

Се на се, не ми изгледа добро и ветувачки.
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.202
Поени од реакции
2.390
Сите дугови на Вардар се исчистени,тренерот на Србија би требало да е нов тренер
Ne znaev deka Murinjo od Resen selektor na Srbija stanal :pos:

Vasite barem press odrzaja nasite kjutat a denes pocnuvame imame uste 2ca potpisani igraci od koi eden vas bivsi...
Derbito nema da e isto bez ovie likoj kako igraci ama tolku e mu pomina vremeto. Igracki ste mnogu poslabi od lani kolku i da pogodite nekoe od ovie decata sepak site stolbovi ke vi gi nema a posebno na desen bek i piker ste ocaj. Se na se ocekuvav nekoj posilen sponzor da ima najdeno Mihajlo pa da se trgni...
Butino trener Stole negov pomosnik e to ke bidi ludila :cool:
 
Последно уредено:
Член од
10 март 2023
Мислења
9
Поени од реакции
25
Se moze da razberam , no Samo edna rabota ne mi e jasna. Kako istite koi zborat za Manaskov deka treba da bide prva opcija vo reprezentacija i go plukaat Kire poradi toj stav, sega tie istite vikaat deka podobra opcija im e Srpsko mlado krilo. Ajde toa razberi go..
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.135
Поени од реакции
2.320
Борко е лош за атмосфера во тимот премногу е исфрустриран човекот не почитува никој.Такви манири не ни се потребни.Ајде да видиме дали и некоја од општините ќе го потпре РК еве МЗТ е втора АБА лига нека намалат од буџетот да дадат на РК.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Глупост е носењето недокажано спрско крило на сметка на Манасков, поготово при ситуацијата со ограничен број на странски играчи, а уште поголема глупост е носењето на 4 леви бекови, сите странци, во ситуација кога на десен бек и пикер играчите што ги имаме се дискутабилни дали се доволно добри и за бек-ап опции... Јасно е дека ќе бидеме со ограничен буџет и океј е насочувањето кон помлади играчи и сопствена школа, ама планирањето на составот воопшто не ми се допаѓа и делува дека се носи све што е понудено и фатило око, без некаков концепт околу тоа што се бара и треба и каков ракомет би саклале да играме. Реално, со составов што го имаме, нема што многу да се очекува и веројатно следи сличен исход како прошла сезона, трето место, само овојпат со веројатно многу помала неизвесност
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.243
Поени од реакции
6.449
Неколку нешта од моја гледна точка:

- Знам дека Михајло секогаш имал добри намери кога бил РК Вардар во прашање, па не верувам дека туку-така го оставил клубот во рацете баш на овие луѓе. Нормално, секој може да направи лоша проценка и да згреши, но барем во мои очи во текот на овие три декади дал и повеќе од доволно причини да му се верува.

- Столе и Бутин коски имаат оставено тука на еден или на друг начин. Столе особено е no bullshit kinda guy, па ако работите не се одвиваат како што треба ќе го каже тоа и внатре, а и во јавност.

- Должината на договорите на бековите е за поздравување (наспроти досегашната практика), но Јасухира е на едногодишна позајмица од Висла тука, а не со долгорочен договор.

- Заминувањето на Деки иако е минус, немаме никакво инфо околу контекстот на истото. Можеби била негова желба, можеби побарал плата која клубот не може да ја дозволи, па решил да земе играч со кој ќе биде пројде поефтино. Искрено, не верувам дека Вардар го имал последниот збор кога е во прашање неговото заминување во една ваква нестабилна ситуација во која се најде клубот.

- Муабетот за правење еден збир од помали спонзори кои ќе го финансираат клубот звучи супер како концепт, но никогаш не било направено тука. Дај боже да сме ние првите, но не сум оптимист.

- Десен бек и трет пивот се must. Не знам какви се плановите, но се надевам дека ќе успеат да донесат играч и таму и таму. Без тоа ќе се мачиме против Тиквеш и Охрид, а не па повеќе.

- Муабетот за школите иако на многумина им е смешен, јас го поддржувам 100%. Клуб се организира по вертикала нагоре, почнувајќи од дното, а таму се младите категории. Дури и клубовите како Кил, Берлин, Веспрем, Монпеље, Барса, Нант и др. имаат многу сериозно разработени академии кои произведуваат играчи (и покрај тоа што двојат замашни средства за првиот тим) само што ретко ги гледаме тие играчи во првите тимови заради тоа што амбициите им се највисоки (Нант и Монпеље дури и често црпат играчи од таму). Најчесто истите одат во тимовите кои се понеамбициозни. Ние сигурно не планираме да освојуваме ЛШ во следниве пет години. Моделот е околу нас застапен многу: Целје, Нексе, Загреб па и една Војводина работи на тој принцип. Времињата кога и плаќавме пола милион евра оштета на Барса за играч се далечно минато веќе и такви и ќе останат.

- Да не се сфатиме лошо јас не гаам илузии дека ние со играчи од нашата школа ќе стануваме шампиони и ќе играме Европа. Невозможно е, странци се неопходни. Но, во ситуација кога финансиски не можеш да се носиш со останатите одговорот е добра школа и добар скаутинг. Како пример ќе го земам Нексе, буџет од 1.7 милиони евра во последни три сезони еднаш осминафинале, еднаш Ф4 и еднаш четвртина финале во европска лига. Дали постои капацитет за такво нешто кај нас е друг муабет.

- МАРКЕТИНГ. Просто е неверојатно која мизерија се македонскиве клубови во овој поглед. Недозволиво е еден Голден Арт да има бољи маркетинг од нас, Алкалоид да не навлагам... Се надевам ќе се поработи на тоа.

- За крај... сигурно ќе има еден куп грешки. Резултат не се прави одма, ние треба многу добро да го знаеме тоа. Видовме битолчани колку години вложуваа прво со Работник, сега Пелистер итн. Видовме колку вложувавме ние под Самсоненко, видовме колку вложуваше Металург пред десетина години.
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.841
Поени од реакции
7.305
Нема грешка дека некој играч што има 25 години,ни еден репрезентативен настап и цела кариера помината во Српска лига е подобар од Манасков.
Веројатно не се договориле со Деки и ја спукале па сега серат вака по пресови.
Што и да било нема потреба да се брукаат со такви изјави.

Манасков одигра одлична сезона,посебно утакмиците со Пелистер и Алкалоид,сигурно и поради ситуацијата со Кире и репрезентацијата ќе беше страшно мотивиран во иднина да се докаже.
Искрено во него гледав и некој капитенски материјал и играч што би останал лојален на клубот повеќе години,стварно ми е криво што заминува.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.712
Поени од реакции
5.971
Нема грешка дека некој играч што има 25 години,ни еден репрезентативен настап и цела кариера помината во Српска лига е подобар од Манасков.
Веројатно не се договориле со Деки и ја спукале па сега серат вака по пресови.
Што и да било нема потреба да се брукаат со такви изјави.

Манасков одигра одлична сезона,посебно утакмиците со Пелистер и Алкалоид,сигурно и поради ситуацијата со Кире и репрезентацијата ќе беше страшно мотивиран во иднина да се докаже.
Искрено во него гледав и некој капитенски материјал и играч што би останал лојален на клубот повеќе години,стварно ми е криво што заминува.
Ја слушав цела прес конференција никаде никој не кажа дека Срдановиќ е подобар играч од Манасков.
Да играше Вардар во Лига на Шампиони ќе имаше смисла останувањето на Манасков, но во ваква ситуација кога тимот се гради од почеток со млади играчи мене ми нема смисла останување на Манасков ако земал висока плата, реално амбициите во следни 2-3 год ќе се за второ или трето место во Супер Лига и играње во европа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.988
Поени од реакции
74.071
Кога извршниот директор на прв тренинг ти доаѓа во апостолки, застанал со рацете пикнати во џеб, јасно е колку е саатот.

Михо начека момент да напушти без да потоне со бродот во улога на капетан. Најде луѓе кои имаат амбиции да се учат преку клубот во светот на ракометот и им отстапи место, свесен дека шансите да успеат без пари се 0.
Покрај Алкалоид кој има 2 екипи, 100 млади школи, сега ги приграбија и некои скопски тимови кои ќе ги прават 3-4 нивни екипи, ние ќе сме правеле школи во секој град. Тој муабет...
Да донесеме тренери шпанци, па да правиме муабет. Ние ќе правиме школа со Бутин и Кире Атанасовски. Колку и да сакам да успееме, реално е дека ако не се најдат спонзори, ќе згасне клубот за година-две.
 
Член од
27 април 2020
Мислења
56
Поени од реакции
152
Toa што Борко дошол во апостолки не ми смета, ама каков кикс е што на сите нови играчи им дале маички со амблем на клубот и бројка која ја одбрале, само на јапонецот му дале маичка без бројка и без амблем. Човекот доаѓа од најсредена земја во светот со најсилна дисциплина и сигурно сега си вика овде ништо не е како што треба. Ај да има некој диминзии како Кристопнас па ќе речеш треба специјално да му се нарачува опрема, ама овој ситен од Скубе да му даделе ќе му било точна. А и кубанецот не се појавил на првиот тренинг ама тој сигурно ќе доцни зошто играше цело лето за својата земја. Би требало да донесат десен бек барем од рангот на Куни и да ја пополнат бројката со 8 странци
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.243
Поени од реакции
6.449


Кој е дечково измеѓу бутинот и Рогановиќ, знае некој? Прв пат го гледам.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Логика вика дека е кондициониот тренер. И ја не го знам.
 

Hoy

Член од
7 септември 2017
Мислења
559
Поени од реакции
1.831


Кој е дечково измеѓу бутинот и Рогановиќ, знае некој? Прв пат го гледам.
Не е овој Тони Богдановски?
Тој е мислам.
Солиден кондициски, беше и у Фк Вардар, А. Пандев, па се префрли у КК Работнички, последно што видов со У20 кошаркариве беше што влегоа у А-дивизија пред некој ден и еве го собрале у РК.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.243
Поени од реакции
6.449
Не е овој Тони Богдановски?
Тој е мислам.
Солиден кондициски, беше и у Фк Вардар, А. Пандев, па се префрли у КК Работнички, последно што видов со У20 кошаркариве беше што влегоа у А-дивизија пред некој ден и еве го собрале у РК.
Сигурно е тој, има и иницијали Т.Б. доле на шорцевите.
Фала на инфо. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom