Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Мене не ми прави разлика ова Лига Европа. Убаво би било да ја играме, поготово без СЕХА, ама што фајде од тоа? Најверојатно групата нема да ја поминеме, пари нема да земеме, неверувам дека ќе има кој знае колку публика за натпреварите. Реално, како ќе профитираме? Само може некој да се повреди и дома шансите да си ги намалиме.

Иако, никогаш не се знае, може швабиве неќат и они да се замараат, па несериозно ќе влезат во натперварот. Ама разликата во квалитет е преголема да имаме некоја сериозна шанса, ако им се игра.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.243
Поени од реакции
6.449
Германците речиси никогаш не се замараат за европските натпреварувања што не се ЛШ (а, некогаш ни за ЛШ). Тоа е особено изразено кај првите 4-5 тима кои имаат шампионски амбиции (каква што е РНЛ), ама разликата во квалитет е преголема како што и самиот кажа. Но, спортски е да се надеваме.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
628
Поени од реакции
3.374
Првиот пораз со алкалоид кошташе титула, вториот настап во Европа… Да се надеваме дека идат подобри времиња и дека такви киксови повеќе нема да си дозволиме…
 
Член од
27 март 2023
Мислења
69
Поени од реакции
741
Абе ајде и Барса и ПСЖ немаше да ги тепаме, па ги отепавме

Колку треба и овие да ги напумпаме :angel:
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.171
Поени од реакции
6.848
Германците речиси никогаш не се замараат за европските натпреварувања што не се ЛШ (а, некогаш ни за ЛШ). Тоа е особено изразено кај првите 4-5 тима кои имаат шампионски амбиции (каква што е РНЛ), ама разликата во квалитет е преголема како што и самиот кажа. Но, спортски е да се надеваме.
Па не би рекол, ова натпреварување со ваков формат постои три години, 2021 шампион Магдебург, 2022 Бенфика и 2023 Фуксе Берлин. Од три години постоење во две се баш германски тимови шампиони. Оваа сезона што заврши во бундес лигата, позади шампионот Кил како втори и трети беа баш Магдебург и Фуксе. Европската лига не е ценета како ЛШ, но за разлика од порано и тоа како е подигната во квалитет и сепак вреди нешто.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.243
Поени од реакции
6.449
Па не би рекол, ова натпреварување со ваков формат постои три години, 2021 шампион Магдебург, 2022 Бенфика и 2023 Фуксе Берлин. Од три години постоење во две се баш германски тимови шампиони. Оваа сезона што заврши во бундес лигата, позади шампионот Кил како втори и трети беа баш Магдебург и Фуксе. Европската лига не е ценета како ЛШ, но за разлика од порано и тоа како е подигната во квалитет и сепак вреди нешто.
Не велам дека не е така. Сите тие тимови располагаат со огромни буџети за ракометни стандарди и нивото на квалитет кое го имаат во својот ростер е одлично, неколкукратно повисоко од речиси сите тимови кои учестуваат во ЛЕ, а доаѓаат од Источна Европа или па Шпанија или Франција (со по некој исклучок). Како такви тие се апсолутни фаворити, во било кој двомеч. Но, и тоа како имало примери во последнава декада каде што свесно жртвувале пласман во европски натпреварувања за да имаат повеќе шанси да стигнат до титула во Бундес.

Пролаз на еден ваков Вардар против тим каков што е РНЛ би бил рамен на чудо колкаво што беше нашата втора европска титула, нема тука што да се додаде.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
397
Поени од реакции
1.156
Секој рестарт е тежок, па така и нашиот. Изгубивме титула, играме во послабо натпреварување и тоа квалификации со најтешкиот противник. Но, не се жалиме затоа што знаеме дека ова е почетокот на патот кој ни е познат, патот кој завршува во Ланксес Арена. Другите нека проверат на Гугл како се враќаме од таму.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.011
Поени од реакции
9.795
Сите дугови на Вардар се исчистени,тренерот на Србија би требало да е нов тренер
Kaj си бе друже, те нема сто години и коа ќе се појавиш као торнадо си:vozbud:
 
Член од
13 август 2019
Мислења
628
Поени од реакции
3.374
Сите дугови на Вардар се исчистени,тренерот на Србија би требало да е нов тренер
Сега за сега, нит долговите целосно исчистени, нит Џерона тренер :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Сите дугови на Вардар се исчистени,тренерот на Србија би требало да е нов тренер
Ништо не погоди :D

Накратко:
1. Михо се повлекува, веќе нема да ина функции во Вардар, ќе советува од страна. Борко е нов извршен директор, Столе ќе биде помошник на Бутинот кој останува тренер. Столе ќе биде координатор на младинските школи. Емил Угриновски (Неуромедика) е нов претседател.

2. Се најавува влез на уште неколку помали фирми кои ќе помогнат да се одржува клубот. Михо уште еднаш нагласи дека ниту еден од тие што ветувале дека ќе помогнат, не помогнале. Дури 60 фирми го одбиле за спонзорство. Ништо спектакуларно, истите прикаски за мали деца. Ќе се насочеле на млади школи, ќе сме ваделе играчи бла бла. Ќе се реотвореле академиите по градовите од времето на Самс. На младинци ќе била главна некоја од РК Рисови, кои ќе се споеле со нашата школа. На пионери ќе бил Кире Атанасовски. Без битолчанец не бидува екипа :D

3. Околу засилувањата и заминувањата.

Засилувања: Стефан Петриќ (лев/среден бек), Марко Срдановиќ (лево крило), Матија Николиќ (лев бек/среден бек), Нилтон Мело (лев бек), Ансер Родригез (лев бек) и Косуке Јашухира (среден бек).

Сите засилувања се потпишани на 2+1 година.

Заминувања: Талески, Манасков, Моралес, Добрковиќ, Дутра.

Во однос на тоа што не беше потврдено, а го знаевме, ги потврдија заминувањата на Добрковиќ и Манасков. Борко по мене даде една глупа изјава во која рече дека процениле дека Срдановиќ е подобар избор за лево крило од Деки. Прелоша изјава, за мене заминувањето на Манасков е катастрофа во ситуацијава.

Не ги спомена Чувара и Велко Маркоски, али гледам по порталиве и тие ги пишува за заминати. Останатите ќе останат.

Тимов во моментов е само со Јагуриновски на десен бек, така што ваљда ќе се носат уште играчи. И леви крила ни се Срдановиќ и Стојановски...

4. Побараа поддршка од јавноста и од навивачите. И они ќе продаваат сезонски карти од 1000 денари.

5. Долгот НЕ Е ИСПЛАТЕН во целост, ама ехф немало да ни прават пречки во иднина за настап во Европа.

Како и секогаш, не сум оптимист :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom