Михо е шампион за вакви трансфери,секогаш сме биле пуни со фаци и мангупи во негово време.
Од Столе и Вујо до Џамбо,Кара,Абутовиќ,Петриќ па се до Али Сафар и Њокаси,опасен е стариот ни сам не знае како ги договара играчиве и кој му ги носи,очигледно има доста контакти и менаџери што му завршуваат вакви трансфери.

Продолжуваме да бидеме шмекерски клуб,собрани играчи од цел свет,различни вери,националности,луди карактери колку сакаш и на крај пак ќе бидеме клуб што го краси најдобра хемија и атмосфера,за која сите ни завидуваат и не можат да ја постигнат со ни едни пари на светот.
Додека го пишувам постов низ глава ми поминуваат сите лудаци и позитивни ликови што се извртеа низ клубов последниве 10-15 години,главиве што ги набројав погоре плус ликови како Брумен,братот никогаш нема да го заборавам,дуваше цигари како луд,на полувреме,пред и после утакмица,веројатно и во соблекувална,со Петриќ тандем беа во таа работа,после Немања Прибак,човекот душа даваше за Вардар и ден денес не обожава и не пропушта да не пофали во било кое свое интервју,Чупирин исто фациште,каков момент беше кога после утакмицата со Хамбург се извика дирекно во камера на сред видео пренос.

Невидена сензација беше тоа,го исфрливеме актуелниот европски првак на нивен терен,Фичо Лазаров животна партија имаше тогаш,криво ми е само што овие двајца и Тоскиќ не останаа во Вардар за да ги освојат титулите покасно,а реално заслужија сите тројца.
Има уште многу од таа сезона,Диви секако мора да се спомне,Малумбрес го вративме од мртвите и почна егзебиции да прави на гол,ги вадеше од такт противниците.
Во Борис Трајковски игравме и ние и Металург,во иста група бевме,тогаш лудница се дешаваше,цела Европа беше запалена за дербито и од ЕХФ доаѓаа и го претставуваа како најголемо Европско дерби.
Првата не тепаа они,втората им вративме,на почеток на таа сезона Доне не водеше,после дојде Раул,прво коло со Барса нерешено извадивме ги збудалевме Карабатиќ,Кире,Рутенка,Штербик страшен состав имаа,после 3-4 коло со ПСЖ дома исто нерешено,се вративме од минус 4-5 на крај,делириум беше во публика,на крај сезоната се заврши со оној несреќен пораз од Фленсбург,не беше ни пораз,пирова победа,Егерт од пенал ја реши и после они освоија таа сезона,колку тагување имаше тогаш не бевме свесни што не чека наредните години и какви радости ќе доживееме.
После тие сезони под водство на Раул станавме клуб со сите светски нишани,немаше веќе глупирања премногу,заебанциите беа сведени на минимум,имаше пак хемија и дружба ама дисциплината на прво место.
Сепак господ не дал такви,позитивно најблесав клуб на светот,запечатено ни е во судбината секогаш да се мачиме и да одиме по трња и камења,затоа приказната со Раул и клуб од сите светски нишани не траеше многу,стигнаа финасиските проблеми и мораше да се распаѓаме,останаа само оние најверните и заљубени во Вардар што се нафатија и бесплатно да гинат за клубот,од тука си произлегоа и нови фаци за кои ќе зборуваме со години,прв Банда Милосављев од таа гарда,каков ролеркостер на емоции имаше човекот кај нас,дојде како тотален анонимец,без ни еден настап во ЛШ или големи натпреварувања на 23 години,имаше задача да го наследи Штербик,мислам дека во ракометниот свет се нема случено играч за една сезона да има толкав напредок и од просечен голман по балканските лиги да биде најдобар голман и шампион на Европа за само една година,никогаш нема да ги заборавам неговите солзи после мечот со Пик Сегед во Скопје и секако треперењето на гласот на пречекот за шампионска титула.Прав емотивец и човек со големо срце.
Скубе беше избркан од Пастор на почеток на сезоната,сакаше Бомбач да му игра,нас ни легна како кец на десетка,играше максимално мотивирано и ја имаше најдобрата сезона во кариерата,како само му се измоча во фаца на Пастор во четвртфинале,му врати за се и на крај ја заврши сезоната со титула.
Криштопанс исто се препороди,после утакмицата со Мешков Брест на гости го разбудија инатот во него,искина таа полусезона,може да се каже дека и сам ја сруши Барса во полуфинале.
Замена му беше Киселев,каква братина беше и тој,лани го фатиле со кокаин мислам дека е суспендиран сега,тој е еден од залутаните лудаци во Вардар,не изигра ништо на терен ама за подигање морал на екипата секогаш меѓу првите,таков беше и Горбок,во првиот мандат газеше и на терен,после во второто доаѓање само од клупа беше воџа на навивачите.

Прав вљубеник во Вардар,од оние вистинските што не ги интересираа пари,услови туку само друшвто,добра публика и атмосфера.
Како се распишував сега до сабајле можам да набројувам дешавки и моменти,играчишта се извртеа низ Вардар,цел свет дозна за нас,почнаа и клубови да прават инспирирани од нашиот Вардар,што е најважно кој и да дошол се заљубил во клубот,градот,луѓето,менталитетот,навивачите,скоро сите што играле тука ги имаат најдобрите свои индивидуални сезони во кариерата,ни еден играч освен Циндриќ од тие што освоија со Вардар титула не се радувале пак на тој трофеј,веројатно и тоа говори за нашата големина.
Го почнав постов да пишам збор-два за Јапонецов и ме спука некоја јака емоција,се израдував за трансферот и за тоа што и наредна година ќе бидеме конкурентни за титула,машина е малиов,мислам дека ќе биде полн погодок,баш таков играч ни фали во екипава.
За крај еве и едно видео од новиот играч:
https://www.youtube.com/watch?v=bUhti0Z3SFE
Постов ќе го завршам со стих од една наша песна:НАШАТА ПРИКАЗНА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ТИ СЕ КОЛНЕ ТРИБИНАТА ЗАПАД!