Не можам никако да ве сфатам како сите се убедени дека „славиме во шталата“.
Многу пати правев споредби со ланска година, нема да се повторувам. Ништо не е исто со лани.
Исто како што повеќето од постариве се палеа за утакмицата фудбал со Беса, дека лесно ќе тепаме, која е Беса, така и сега се прави истата грешка со потценување на противникот. Тоа ќе биде дуел во кој објективно Пелистер е фаворит, не дека немаме и ние свои шанси, ама далеку од тоа дека можеме да тврдиме дека лесно ќе ги тепаме.
Прво, во вакви натпревари решава моментална инспирација, решава и дали ќе се разбрани некој од голманите, поддршката од трибините итн.
Минатата година Вардар беше многу посилен тим од нив, тоа што загубивме на домашен терен ја направи сезоната интересна и по мене беше лош ден на нашите играчи.
Годинава, одиме на нивни терен тотално индиспонирани, дозволувајќи група деца да ни ја одзеде титулата. Си го патосирал главниот ривал (кој е и посилен на хартија, со 6 странци повеќе од тебе, финансиски постабилен и во налет да освои титула после многу долго време) и одиш губиш од деца со вампир на голот кој ти брани 20 удари.
Јас уште не можам да се опоравам од тој пораз, а се познава и кај нас дека мотивацијата кај играчите е падната. И самиот Бутин го нагласи тоа во интервјуто пред утакмицата со Војводина. Лани отидовме во Битола со посилен состав, да го докажеме тоа на терен и да се искупиме од поразот во Скопје. Они имаа повреден носител на игра (Периќ) и огромен психички притисок од освојување на прва титула после повеќе од 15 години. Годинава имаат состав од платеници кој некако игра колку што е доволно да победи. Кога три утакмици ги тепаш со мачење и со победа во последна минута од 1 разлика (два пати со Алкалоид, еднаш со Тиквеш), значи си психички спремен да земеш титула. Тука многу летнаа од победата во Скопје, за која знаеме дека беше остварена затоа што ваква атмосфера за нив е новост, изгореа во атмосферата, беа изгубени по инцидентите, за разлика од нашите кои се навикнати на такви работи.
Они се такви малери, што ќе освојат титула баш кога навивачката група нема да им навива од трибини
Ќе се стави забрана за гостување, нема да има навивачка група, ама ќе навива цела сала затоа што и Чкембари ќе бидат таму (али веројатно без реквизити). Они се сега тие што сакаат да се искупат за поразот во Скопје, ова е утакмицата од која им зависи да го поправат она што цела сезона играа топло ладно. На крајот сакаат и да се одмаздат за цела наелектризирана атмосфера од Скопје, има да гризат како што не сме ги виделе цела сезона.
По мене, шансите во Битола се 80-20% во нивна корист. Единствен спас е некој од нивните голмани да нема свој ден, да се разбрани некој од нашиве или дотогаш да им се повреди некој поважен играч како Кисум на пример, па дури и Хосни кој толку го пљукаат.
Вчера судиите ги оштетија максимално, фер е да се признае дека судијата може над 10 грешки имаше на нивна штета. Ужасно одиграа и пак си победија, а тоа се должи на ширината на составот и добрите голмани.
Ние сме тие кои сами си ја земавме титулата годинава. Не дека ќе бевме сигурни дека нема да загубиме повеќе од 7 разлика во Битола, ама друг ќе беше психолошкиот влез во натпреварот.
Јас вината ја гледам и во нас како навивачка група. Не може во твој град да не преземеш ништо за гостувањето кај Алкалоид. И Металург ни ставал забрани, па секогаш сме имале обиди за гостување, сме влагале од нивен влез, бар 50 души ќе сме успееле да однавиваме на утакмиците. Вака се побараа карти од Алкалоид, прво рекоа 50-тина, па 30, па 0 на крајот. Влегоа само некои со картите од управа или од познаници од фабриката, понавиваа малку и толку.
Абе салата ќе ја срушам маме им ебам, ко немаше да не пуштат порано во Автокоманда, сите прозори со камења ќе ги исполупавме. Цела недела ќе правам притисок по медиуми, ќе видиме дали немаше да одвојат бар 50 карти за нас.
Ама некако сите здраво за готово си ја сфатија утакмицата, сигурно тепаме, нема потреба од непотребни конфликти (особено по јадењето казни после Пелистер) и бидна што бидна.
Тој ден се' тргна наопаку. Имаше некои штетни судиски одлуки на наша сметка како второто исклучување на Моралес во 10-та минута, досуденото пробивање на Моралес кога даде гол при крајот, акцијата кога шутираа од гол на гол на нерешено, Томовски ја одбрани, ама судијата врати на тајм аут на Кире, кој доцна го побара. Наместо наша топка, примивме гол по тајм аутот кој ја реши утакмицата.
Не можам да сфатам како можеше Бутин од таа 10-та минута да го остави Моралес на клупа скоро до крајот. Па играј го само во напад, нека менува во одбрана. Да ти направат 7-8 разлика во прво полувреме, срамота жива. Да те надмудри Биле Црвенковска, па за што е тој Стојан Петрушевски цел живот во ракометот?
Мораше Михо дополнително да внесе ширина во составот. Колку и да сме лоши финансиски, мораше да се донесе уште некој бек од балканскиве простори, па макар и на ниво на Добрковиќ. И никако не смееше Бутин да остане главен тренер.
Се расипа атмосферата во тимот, ко што би рекле битолчани, го ебаа клубот, го ебаа градот
Да, Алкалоид има перспективна екипа, ама се уште беше рано да ни скинат бодови. Тука некои се перчеа демек ете ќе им кинеле бодови на битолчани, добро било за нас, ама потајно знаев дека ние сме кои ќе ги поебат, затоа што повеќе ќе ги потцениме. И кога го видов распоредот, знаев дека ќе биде лошо за нас. Да играа битолчани прво кај нив, можеа да бидат изненадени, вака веќе знаеа што ги чека.
Не може 100 години да сме шампиони, тоа е факт. И кој сака нека биде шампион, тоа што ме води во депресија е ситуациите во кои се наоѓаат двата клуба. Не сум научен да го гледам Вардар во безизлезна ситуација. Две-три години да не можеме никакви спонзори да најдеме и во двата спорта? Океј, секоја чест за играчите што се борат многу и во двата спорта, што ги одржуваат клубовите, секоја чест за сите што се трудат во борбата да опстојат двата клуба, што деноноќно бараат спонзори, ама само ветувања и ветувања се добиваат, а ништо нема во пракса.
Многу пати сум зборел. Дали некој од бившите екс ју најдобри клубови некогаш се довел во ваква ситуација? Па 650 пати поголеми долгови имаат од нас, па никој не е на вакво ниско ниво доведен. Јас сум навикнат мојот маалски тим да игра општинска лига и знам дека дометот му е до трета лига, ама ме убива депре навикнувајќи се на ситуацииве во сите колективи на СД Вардар. И да влеземе во прва лига во фудбал и да сме шампиони во ракомет, што потоа? Не боли тоа што испаднавме од лига, што ете останавме без ЛШ во ракомет, да сме живи и здрави. Боли што нема светло на крајот од тунелот и што покрај тоа што се презема скоро се', пак пребавно оди враќањето на старите патеки.
Еден ебени Симев ни се шета како паун, а најголем дел од долгот е негова вина, Самс си прави што сака, општината не не ебава (а сите клубови земаат пари од општини), еден терен ни остана во сите спортови. Депре е тоа што знаеш дека не помага ниту еден протест, ниту една иницијатива не поминува, ниту притисоци по медиуми, ниту играње на карта на историјата, ниту фактот дека колку и да сме, повторно сме клуб со најголема навивачка група и најголема фан база.
Филмови треба да се снимат за нашиве играчи и во двата клуба, се е убаво што победуваме, ама некогаш победите не се најважни и тоа што предизвикува разочараност е надвор од доменот на играчите.