Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Вчера се виде разлика од тренер до тренер. Вчерашниов на Бутел немаше врска од поставување одбрана, ги скинавме од бековски позиции и со контри за Ќосето. Проблем настанува кога противникот ни игра висока одбрана, со бркање на бековите кои не се пробивни, како што ни играше Алкалоид. Ќе видиме вечер како ќе се покажат со Цеље.
Разликата се виде кога влезе втората постава на терен, ни намалија 5-6 гола за 3 минути, преку контри. Три напсди по ред им паѓаше топка од рака во рана фаза на натпреварот. Навистина сите се млади, ама нема некој потенцијал на повидок. Савревски беше камен, Мишевски не е за во напад, а Карапале повторно не одигра на ниво. Има потенцијал во него, ама некако слаб старт на сезоната има. Добрковиќ имаше похрабри влезови во петте минути што ги доби, само што изеде шамари во секој влез. И тој е некако многу ситен во градбата.
Ќосевски ја искористи шансата, имаше неколку убави погодоци вчера. Погаѓаше и од потежок агол. Ама крило ко крило, не може крило да ти креира игра. Во натпревари во кои не би краделе толку топки во одбрана, крилата не би ни дошле до израз, со оглед на тоа што бековите ни се слаби креативци. Мора да се донесе уште еден лев бек за во напад, дури и за првиов дел на првенството. Една повреда на Тале или Моралес и ќе нема кој да шутне кон гол.
Овој Атанасовски џабе е толкава талпа. Ко ќе прими топка, одма е лесен плен, го фаќаат двајца и фаулот е на девет метри. Место да се фрли внатре, како џин е, секој допир да биде пенал, него го вадат како патарушка на девет метри.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Овој Атанасовски џабе е толкава талпа. Ко ќе прими топка, одма е лесен плен, го фаќаат двајца и фаулот е на девет метри. Место да се фрли внатре, како џин е, секој допир да биде пенал, него го вадат како патарушка на девет метри.
И во одбрана нема осет, секој фаул му е две минути..
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Солидно полувреме, иако требаше да водиме бар еден-два разлика. Сепак, на крајот можеше и да губиме заради киксот на Мишевски. Ме плаши што Савревски толку долго доби шанса. Не е ваљда Моралес да се повреди?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Не можам да разберам, млад ракометар, толкава шанса добиваш, пријателски натпревар, никаков резултатски притисок и никаков влез не правиш, само кружиш од страна ко што правеше Тале на времето...
Тешко дрветино е овој Савревски. А има и висина...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Nemame konstantnost posebno koga vo igra se Savrevski, Atanasovski. Da igraše Kuni podolgo ke vodevme sekako. Ama ova do sega ni ja pokažuva mukata kina je ja imame sezonava poradi slabata rotacija. Epten loši zameni imame na najvlijatelnite pozicii i toa ke ne košta. Mora Miho da dovlečka uše par rakometari koi je bidat solidni, a ne bosi kao Savrevski i Atanasovski.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
428
Поени од реакции
2.188
Столе се испокара со Бутин и со право… за ништо не го бива, каква постава играме 20 минути, неверојатно… како да сме Голден Арт…
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Па не знам колку е до Бутин искрено. Ротацијата е мала, чуда не може да се прават со толку малку играчи. Имавме солиден број на акции денеска.

Талески изгина, во три дена напред-назад игра без одмор, со исклучок на последните десетина минути денеска. Ако продужи со исто темо, во октомври веќе нема да може да оди. Глупаво е да се форсираат играчи на небитен турнир, да закачат некоја повреда не дај боже, па после да немаме доволно солидни играчи за да го добиеме Радовиш.

Јас не се согласувам за Мишевски и Карапалевски воопшто. Карапалевски падни-стани беше, но денеска беше сосема солиден. Мишевски ми ги надмина очекувањата во овие три мечеви, особено денеска. Даде и по некој заебан гол, украде две топки, добро следеше во одбрана. Мишевски е играч кој во последни две-три години има повеќе минути изиграно во репрезентација него во клуб бе дечки, а е 1999-та генерација. Он е далеку од готов производ, наше е да го дотераме. А, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме и немаме многу избор по тоа прашање.

На индивидуален план Деки ме загрижува најмногу, очаен е. Има едно 5-6 кила за симнување сигурно, реализацијата му беше дно денеска, неиграњето речиси цела сезона во Унгарија и тоа како си има земено данок. Савревски е ужасен, како да има направено едно десет чекори назад на играчки план. Очајно ни фали уште еден лев бек и сигурен сум дека можеме да го испазариме истиот. Десен бек ни треба, но мислам дека тоа ќе биде практично невозможно во ваква ситуација.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Кратко ќе биде Бутин на клупава, се надевам. Човекот е изгубен во времето и просторот. Па толку време да тренираш со Шпанциве и дури и да си помошник на Дејвис и ништо да не успееш да украдеш од шпанскиот систем. Реално, една ебена акција немаме. Дур игравме егал сѐ се сведуваше на индивидуалните квалитети на играчите.
Секоја им чест, ама Тале, Карапале и Куни издишаа. Три дена играа нон-стоп, речиси без замена.
Савревски уште одма може да го ослободат од обврски. Човекот нема појма од ракомет. Атанасовски, со таа конституција секој напад треба да фаќа топка и со двајца на грб да им влегува внатре - или гол или пенал, а момакот - прво не може да прими топка, а и кога ќе ја прими го фаулираат за 9 метри.
Поразов не ме загрижува, колку што ме загрижува дека не знаеме кај тераме. Реално денес и противничкиве голмани не искинаа, а и Целје ваков или онаков игра ЛШ.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Столе се испокара со Бутин и со право… за ништо не го бива, каква постава играме 20 минути, неверојатно… како да сме Голден Арт…
Абе реално тоа е и целта на пријателските. Ако сега не добијат шанса, кога би добиле? Целта на пријателските натпревари не се резултатите, туку разигрување на играчите...
Е сега овој натпревар, па и претходните, се доказ дека ние имаме само двајца расположливи бекови во напад. Тоа се Моралес и Талески. Мишевски не е за во напад, а Савревски за мене е најголемо разочарување на турниров.
Карапалевски игра лош турнир, ама тој пак ќе ни биде избор број еден. За Добрковиќ е рано да се суди, ама се гледа дека и тоа е младо и неискусно момче.
Со други зборови, Вардар немал толку катастрофална бековска линија може повеќе од 15 години.

Дополнително, само Мишевски е класичен одбранбен играч, но и тој е дааааалеку од нивото на играчи ко Диало или Абутовиќ, па дури и од еден Куковски. Никаква агресија во одбрана, прво исклучување во 55та минута. Атанасовски е дрво засега. Има градба и може со правилна работа ќе изгради некаква кариера на добар пикер за македонско првенство. Лазаревски не ни доби шанса. Гоцката утна неколку зицери при кои ни направија разлика.
Се' на се', на овој состав ЗАДОЛЖИТЕЛНО му недостасува еден лев бек за во напад, па макар и на ранг на Јања Војводиќ. Не може Тале да игра 60 минути, напад и одбрана. Не дај боже да се повреди некој од него и Куни, Радовиш нема да го тепаме. ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба десен бек замена за Куни, Савревски да биде трета опција. Средни бекови веќе имаме тројца, така што може да се чека на опоравување на Гаџа...
Нека не се заебаваат, не е толку наивна лигата, може и да изгубат бодови пред клучната фаза, иако за волја на вистината јасно е дека со овој играчки кадар, немаме многу што да бараме со Пелистер.
Ниту тренерот може да парира, нема ни авторитет, ниту ќе има.
 
Се слагам, ама лошо е еден ваков небитен турнир да разниша хемија во екипата, на сметка на неколку промашени зицери и погрешни измени на тренерот.. За се друго се слагам, под итно мора уште 2 играча и да му се даде на Лазаревски поголема шанса, тие минути што ги одигра во одбрана беше одличен, 3:0 серија направивме… На таа мала ротација, да не користиш играч што лани лабаво во словенечка лига даваше по 5 гола на натпревар и играше кај Зорман по 45 минути е лудост… не може Столе да гине 60 минути и да чекаме на Атанасовски…
 
Kajgana Shop

На врв Bottom