Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.588
Поени од реакции
69.863
Натпреварот со Пелистер е ол ин за нас. Ако ги добиеме дома на 26ти, тогаш и со Веспрем ќе влеземе многу помотивирани.
Јас не верувам да го минеме Веспрем. Едно се желбите, друга е реалноста. Да ги победиме бар во Скопје, во пеколна атмосфера.
За нас би било добро да Пелистер продолжи во Европа, да го мине Нексе. Они имаат уште пократка клупа, да се повреди некој од Периќ или Табоада, на ништо нема да личат, особено ако е Периќ.
Тешки се натпреварите во Македонија, јас не би потценил ниту еден противник на гостувањата.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Ова ми дава мала надеж дека Дејвис ќе е тренер и наредна сезона и дека тимот сега го склопуваат по негов кејф, се друго би било фијаско.

За победа над Веспрем па макар и на домашен терен мислам дека е далеку од реално, би сакал да е поинаку ама мислам дека во нокаут фаза нема што да бараме со нив или слични на нив.

Дај боже да ги изненадиме и да проработи тоа лузерското во нив ама шансите се искрено под нула, го немаме ни искуството ни квалитетот а кај нив мотивацијата ќе биде сигурно до плафон, им имаме страшни комплекси набиено.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.350
Поени од реакции
3.954
Мене повеќе од потврдата за потписот на Цехте, ме радува неговата изјава:
Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се веселам што ќе можам да играм пред таква публика, атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис.

Дали и договорот на Дејвис е решена работа? ;)
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.737
Поени од реакции
6.056

Колку што знам кога дојде Дејвис барањата беа да поминеме групна фаза во ЛШ и титула во домашно првенство.
Едната работа е завршена,втората уште малку.

Во секој случај после 7-8 порази во серија,да ја предземеш клупата и да врзеш 4/4 во Лига на шампиони не е мала работа,така да мислам дека нема воопшто размислување за тоа дали Дејвис треба да продолжи да го води Вардар.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.555
Поени од реакции
3.818
Не знам што да очекувам од Цехте искрено, не знам дали некој ја следел неговата кариера досега и знае која му е формата. Во Словенија во принцип повеќе го фурале Јанц на десен бек како замена за Доленец, иако тоа не му е природна позиција, а и во Хановер од она малку што сум следел, Мартиновиќ не само што им е прва опција за таму туку и најчесто им е и прв стрелец што значи и прилично поголема минутажа добива. Како и да е добро што добиваме играч за ротација, се надевам со Моралес за таа позиција. Њокасите, фала им за се годинава, не извадија буквално од кал, без нив, а по загубата на Гурбиндо ќе имавме сигурни 14 од 14 порази во ЛШ ама идна година нејќам да ги видам во тим со тие изгубени топки и нерезонски додавања.
Голема штета што го немавме Дејвис отпочеток на сезона, сигурен сум дека така Гурбиндо не само што немаше да си отиде туку и Давид ќе му ја најдеше идеалната позиција како во шпанска репрезентација и десен бек ќе ни беше најјака позиција во тимот, али тоа е. Играч што освоил секое можно злато со Шпанија и притоа имал и сериозна минутажа го изгубивме зошто според стручњакот не знаел да шутира :facepalm:.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
472
Поени од реакции
2.399
Натпреварот со Пелистер е ол ин за нас. Ако ги добиеме дома на 26ти, тогаш и со Веспрем ќе влеземе многу помотивирани.
Јас не верувам да го минеме Веспрем. Едно се желбите, друга е реалноста. Да ги победиме бар во Скопје, во пеколна атмосфера.
За нас би било добро да Пелистер продолжи во Европа, да го мине Нексе. Они имаат уште пократка клупа, да се повреди некој од Периќ или Табоада, на ништо нема да личат, особено ако е Периќ.
Тешки се натпреварите во Македонија, јас не би потценил ниту еден противник на гостувањата.
Се збори дека кријат дека повредата на Периќ е посериозна и дека тешко дека би бил спремен до 26ти…
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.737
Поени од реакции
6.056
Сега ја изгледав снимката од натпреварот со Тиквеш и гледам Дејвис му ги дал пеналите на Карапалевски да ги шутира,некако имам чувство дека многу му верува и ќе направи добар играч од него.
Му дава доста шанси за да се покаже и мислам дека сериозно ќе смета на него во иднина.

Инаку јас мислев дека повредата на Карапалевски е сериозна и дека ќе отсуствува повеќе време.
Не знам зошто тогаш Кире го изоставил од списокот,сигурно со тие неколку добри натпревари што ги одигра заслужи да добие повик.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.585
Поени од реакции
5.512
 
Член од
13 август 2019
Мислења
472
Поени од реакции
2.399
Битолчаниве на нивниот профил ставиле датум за утакмицата со нас 25/26.03.2022... Ако се будали нашиве да им искочат у пресрет и да прифатат место во Сабота да се игра во Петок тогаш нека се утепаат... а претпоставувам пошто играат на 29ти со Нексе, ќе бараат да се игра во петок...
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.082
Поени од реакции
6.094

Чул те Господ да е сабота
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Глупо е што се игра тој викенд пред европските натпревари на двете екипи, сигурно РФМ знаеле кои датуми се игра нокаут фазата во Европа па можеле да го префрлат во друг термин
 
Kajgana Shop

На врв Bottom