Фан клуб - РК Вардар

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Епа 3 ноември е следната во ЛШ. Мислам дека ништо нема да направат до тој датум. Многу е кратко.

Може од ваквите екипи како ППД Загреб, Мешков, Татран да се земе нешто. А можеше и од младата репрезентација на Египет што освоија Светско во Скопје да се потпише нешто, ама изгледа од Вардар спиеле во тој период.

Не знам зошто сеуште се чека на голман...
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Слушав интервју со Писонеро на шпанско радио. Не разбирам многу добро шпански, така што, не можев многу да фатам од тоа што се збореше. Од тоа нешто што разбрав - дека тешко се игра ЛШ со 8 играчи збореше нешто. Поготово кога го губиш голманот кој лани бил најдобар во ЛШ. Атман бил близу калибарот на Игор, но сепак, мора да му се даде време него да се навикне на екипата. Самба фалел доста од лани. Толедо не е уште во игра, кој во главно ќе служел за одмарање на Кристопанс и одбрана. Ок му било тука, се чувстувал почитуван од колегите, дека има што да понуди а и он да научи, не може туку така да си замине ради фамилијата, децата во школо да ги преместува сега. Чека да види кој ќе дојде како тренер и дали воопшто некој ќе дојде. Добив впечаток дека не се мирисаат со Кокшаров.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Атман се повредил...
Добро е бар Скубе го имаме:sick::cenzura:
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Истегнал мускул. Нема да ги доигра останатите натпревари од ЕХФ неделата, на тој турнир што се русиве. Али не значи дека е нешто сериозно.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Инаку да се надоврзам на тоа шпанското интервју. Писонеро кажа дека малку шок му дошло преместувањето, дека го тргнале, зошто имал договор на 2 години и не очекувал по еден пораз одма да има реакција, посебно во таков натпревар кај што ништо нефункционира, тие водителите сметаа дека таков натпревар може да му се деси на секој. Он рече дека посебно смета дека се издвојувала важна победа во гости во Монпеље без два клучни играчи (Толедо и Стоилов). Не му дале објаснување зошто го менуваат, но тој неверува дека има некоја причина надвор од спортот, зошто односот со играчите му бил супер, сите си работеле и го почитувале. Од клубот му рекле дека целта е да се издржи до нова година, па после кога ќе се комплетира екипата да се игра подобро. Биле бледи кога му рекле зошто го менуваат. Чул од други дека Самсоненко е емоционален човек и некогаш знае да реагира избрзано, дека имало слични ситуации во минати години, ама не очекувал него да му се деси ова толку брзо. Условите за неговата фамилија се супер тука, ама и они знаат дека можда ќе мора да си одат. Чека да види кој ќе дојде и дали некој ќе дојде. Ќе види следните 3 месеци како ќе се одвива ситуацијата. Тие водителите мислат дека има шанси да го вратат, со оглед дека не го тргнале целосно и му го почитуваат договорот. Исто и се спомна дека има многу нови играчи и треба да се стабилизира екипата.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Од поранешни средни бекови најголеми шанси има додер да го вратиме. Језда од капитенска позиција не шитна за металург ама па и на манаскоф му простивме.

Едит: дур го пишував ова ми се врати емоција од тие времиња. Многу ми е мило што се распаднаа сељаците со тоа шталата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom