Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.184
Навистина доминантно продолжение во Лигата на шампионите од наша страна. Победата е уште послатка ако се знае дека настапивме со лимитиран состав ( без Вуко и Мораеш) кои се знае каков придонес имаат за екипата. Одлична победа на жежок терен, иако мора са се признае дека одлично поминуваме на гостувањава во Манхајм. Имавме уште една или две вакви идентичи победи на нивни паркет. Ама како буквално ист натпревар да гледав. Доминација од прва до последна минута, со мало опуштање на крајот. Радува што екипава почнува да игра одлична одбрана, тоа што Македонија сонуваме да го игра на првенствата. Момциве само треба да продолжат во овој ритам, посебно ме радува мотивираноста и играта на Столе, кој потсети на своите најдобри денови. Искрено со оваа екипа, и со мала среќа при ждрепката во осмина и четвртфинале можема и годинава да си резервираме Ф4:) Ќе биде одличен натпреварот против Веспрем во Скопје!
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Не ја глеав пошо на работа али секоја чест, очекував проблеми на првата утакмица после огромната пауза ама ме изненадија.

Прво шо побарав на нет е дали играл Абутович и коа видов дека играл одма ми стана јасно каков јак напад сме имале вчера.

Рано е да се збори за ф4 и да се праат калкулации пошо тимов има ептен осцилации ама верувам дека ќе дадат се од себе за 3 години у низа да се таму.

Се надевам само дека Вуко ќе остане уше сезона-две, со Дисингер би требало да се топ тандем лево па единствено шо ќе ни преостане е да бараме пикер, десен бек и секако Калараш да се смени со јак и стабилен играч.

Се надевам дека Илија ќе си рече аукурац на швабиве и ќе се врати во Скопје.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
1-Ми се свиѓа што во екипава го нема тој балканско-македонски менталитет,секоја утакмица излегуваат со 100% од силите се гледа дека се одлично припремени,сигурно го анализират противникот доста.
2-Хемијата исто е на највисоко ниво се гледа дека сите се пријателски настроени,нема кавги и слично(барем така изгледаат на терен).
3-Можеби најбитно од се погоре наведено,имаат МУДА,не им испаѓа топката кога се крши резултатот,нема падови во играта,нема промашување зицери итн.
Само нека продолжат вака чекор по чекор,без залетување и без преголеми очекувања.
Голем чекор направивме кон 2 место во групата.
Кога ќе се вратат Вуко и Мораеш уште повеќе ротација ќе добиеме.
:oeoeoe:
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.094
Мене ме интересира кога Горбок ќе се врати, делуваше добро во подготовките, мислам дека ПСЖ го наполни со 7-8 гола. Голем, искусен играч со јак шут. Добро ќе дојде во ротација.

Ако го задржиме второто место, и Борозан, Горбок и Мораеш се вратат во форма, мислам дека имаме реални шанси за Ф4.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.094
како изигра Дисингер вчера?
Доминантно одбрана играше. При крај направи едно може непотребно исклучување, али OK. Не беше нешто забележителен.

Интересно Кисељев не го пушти Парондо во игра, иако имавме плус 7 на пет мин до крај. Ништо од него изгледа. Скоро непостоечка минутажа во ЛШ.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.094
Блаж Јанц, шпекулација за трансфер во 2020. Не знам дали некој ќе си оди некој од крилава, ама таа позиција, десно крило, добро е покриена. Шишкарев тешко да си оди. Чупиќ евентуално. Иако мене тие двајца ми се добри играчи и не би ги менувал, посебно Чупиќ. Не се најмлади, али пак.

Словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц би можел да го напушти Киелце по крајот на договорот, а еден од тимовите кои се заинтересирани за неговиот потпис е македонскиот првак Вардар.

Јанц, кој настапува на крило и знае да игра и како десен бек, има 22 години и можно е да си замине од редовите на Киелце по истекот на договорот, односно по сезоната 2019/20. Од полскиот првак го убедуваат да потпише нов договор, но Словенецот разгледува понуди.

Има неколку заинтересирани страни за неговите услуги, а една од нив е Вардар. Покрај „црвено-црните“, за Јанц се интересираат и Барселона, ПСЖ, Веспрем и Кил, што значи дека борбата за неговиот потпис ова лето ќе биде голема.

Големата ракометна надеж во Киелце пристигна во 2017 година од Киелце, а претходно настапуваше за Целје, каде ја почна професионалната кариера. Јанц за репрезентацијата на Словенија игра од 2016 година и зад своето име има 42 настапи.
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.723
Поени од реакции
2.083
Блаж Јанц, шпекулација за трансфер во 2020. Не знам дали некој ќе си оди некој од крилава, ама таа позиција, десно крило, добро е покриена. Шишкарев тешко да си оди. Чупиќ евентуално. Иако мене тие двајца ми се добри играчи и не би ги менувал, посебно Чупиќ. Не се најмлади, али пак.
Реално, Чупич веќе го газат годините, не е ни фит како што треба, па ако се доведе Јанц на десно крило, би биле супер тандем со Шишкарев, плус Јанц може да покрива и на десен бек, колку-толку.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.094
Реално, Чупич веќе го газат годините, не е ни фит како што треба, па ако се доведе Јанц на десно крило, би биле супер тандем со Шишкарев, плус Јанц може да покрива и на десен бек, колку-толку.
Се согласувам дека му паѓа фитнесот, но он е мудар играч, и знае да сврти на центар, да даде асистенција. Знае кога да смири, стварно кај него се гледа искуството. Заедно со Дибиров се најдобри играчи оваа сезона, најконстантни се. Доколку држи некое ниво, ја не би го менувал, зошто има вредност. Шишкарев не можам да замислам да го напушти Вардар. Не сум против да се носи нов играч доколку има потреба, но моментално на таа позиција сме може најквалитетно покриени.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.723
Поени од реакции
2.083
Се согласувам дека му паѓа фитнесот, но он е мудар играч, и знае да сврти на центар, да даде асистенција. Знае кога да смири, стварно кај него се гледа искуството. Заедно со Дибиров се најдобри играчи оваа сезона, најконстантни се. Доколку држи некое ниво, ја не би го менувал, зошто има вредност. Шишкарев не можам да замислам да го напушти Вардар. Не сум против да се носи нов играч доколку има потреба, но моментално на таа позиција сме може најквалитетно покриени.
Не се разбравме изгледа. Никој не е за да се брка Чупич, со се од погоре напишаното се сложувам. Но ако има шанса, што не би.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.911
Поени од реакции
10.542
Чупич пред се е стабилен пеналџија и е доболно само за тоа да се има у тим
да не се заборави колку е пцуен Дибиров кога ги утињаше пеналите
а многу битна ствар е ова


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.094
Не се разбравме изгледа. Никој не е за да се брка Чупич, со се од погоре напишаното се сложувам. Но ако има шанса, што не би.
Така е, те разбирам и се сложувам. Пробувам малку да развијам дискусија, пошто не е многу активна темава.

Интересно е што еве наводно се гледаат опции за десно крило и покрај 3 крила, 2 многу солидни и Поповски кој е ОК за СЕХА. А, за лево крило нема никаква најава со години, иако Дибиров е во години и нема замена. Освен Недановски, ама он е млад.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Доколку се има пари на располагање подобро да донесат некој десен бек,овој Киселев очигледно нема квалитет за ЛШ а Криштопанс си оди во 2020.
Добро ќе биде да се земе некој на лето да се вклопи во системот нека ротира со Криштопанс една сезона па наредната година да биде прва опција на десен бек.
Идеален за тоа би бил Толедо го спомнавме пред некое време тука на форумот,ама некако не се загреани за него од клубот.
Може да пробаат и со Кавтичник слободен ќе биде на лето,доста искусен би се нашол за ротација .
За Јанц не верувам дека воопшто имало понуда.
Инаку од клубот ми изгледаат како да работат тајно не сакаат многу да кажуваат по медиуми што се случува.
Скубе кога дојде никој не очекуваше немаше ни шпекулации,Калараш исто,еве Дисингер кога го донесоа не објавуваа до последен момент за кој играч се работи.
Затоа и не треба да веруваме многу на медиуми кога се во прашање играчи.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.094
Скубе кога дојде никој не очекуваше немаше ни шпекулации,Калараш исто,еве Дисингер кога го донесоа не објавуваа до последен момент за кој играч се работи.
Затоа и не треба да веруваме многу на медиуми кога се во прашање играчи.
Абе, реално така е. За сите за кои се шпекулираше во последниве година ипол - две, ништо не бидна.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Шпекулациите се воглавно за играчи на кој им истекува договорот или се нестандардни во клубовите, и ако Вардар е дефицитарен на таа позиција, или има потреба на истата од квалитетен играч одма почнуваат шпекулациите за истиот иако нема врска само да се напише нешто
 

Kajgana Shop

На врв Bottom