Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.135
Поени од реакции
75.146
BTW eve sto ima novo:

Стојановиќ предводник на новиот Вардар Актуелниот шампион Вардар про од денеска (18 ч. сала СРЦ Кале) ги почнува подготовките за следната сезона во која најави атака на двојната круна во македонскиот шампионат. Тренерот Веселин Вујовиќ во исполнувањето на желбите на раководството на тимот ќе мора да се бори со многу поинаков тим од минатата година. Од редовите на „црвено-црните“ си заминаа носителите на играта Наумче Мојсоски, Немања Прибак, Обрад Радуловиќ и Младен Ракчевиќ, но затоа се ангажирани искусни ракометари, а најзвучно име е репрезентативецот Раде Стојановиќ, кој по деветгодишна пауза се враќа во Македонија. Освен Стојановиќ, за Вардар про следната сезона ќе настапуваат и македонските репрезентативци Петар Ангелов и Бранче Ангеловски, српските интернационалци Пешиќ и Мараковиќ, а од МРК Вардар се прекомандувани Трајковски, Ојлевски, Јовчевски, Јанев, Вукчевиќ и Ѓорѓиевски.
- По девет години решив да се вратам во Македонија. Нема некоја голема разлика во професионализмот меѓу Вардар и европските екипи и поради тоа решив да ја прифатам понудата на „црвено-црните“ - рече Стојановиќ. Стојановиќ македонскиот клупски ракомет го напушти во 2001 година и настапуваше за словенечките Тримо Требње, Голг клуб и Горење.
Токму Стојановиќ се очекува да биде најголемото засилување за Вардар про, кој во септември ќе биде организатор на квалификацискиот турнир за пласман во Лигата на шампионите каде што ќе настапат уште и Бешикташ, Динамо Минск и Будуќност. Во меѓувреме, „црвено-црните“ ќе одиграат десетина контролни натпревари, а е најавено учество на турнирите во Добој и во Шабац, каде што се редовни учесници. - Вардар про добро котира во Европа, што е и нашата цел. Голем оптимист сум и верувам дека ќе победиме на квалификациите во Скопје со кои ќе обезбедиме 10 квалитетни мечеви во ЛШ. Верувам во играчкиот кадар, кој е многу квалитетен и мислам дека не очекува долга и неизвесна сезона - вели Стојановиќ.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Вардар ја победи Слога во Добој Во првиот натпревар на силниот меѓународен турнир кој се игра во Добој, ракометарите на Вардар, Кретеил и Тун забележаа победи.На отварањето на турнирот, македонскиот шампион Вардар ја победи босанска Слога со резултат 34:25, додека францускиот Кретеил беше подобар од грчкиот Паок со 26:20, додека швајцарскиот Тун славеше над германскиот тим Нордхорн со резултат 29:18.
http://sportdenes.com/rakom%D0%B5t/ostanato/vardar-ja-pob%D0%B5di-sloga-vo-doboj.html

Добар старт на Вардарци на овој силен турнир,да се надеваме дека ќе успеат и да го освојат :helou:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.135
Поени од реакции
75.146
Вардар ја победи Слога во Добој Во првиот натпревар на силниот меѓународен турнир кој се игра во Добој, ракометарите на Вардар, Кретеил и Тун забележаа победи.На отварањето на турнирот, македонскиот шампион Вардар ја победи босанска Слога со резултат 34:25, додека францускиот Кретеил беше подобар од грчкиот Паок со 26:20, додека швајцарскиот Тун славеше над германскиот тим Нордхорн со резултат 29:18.
http://sportdenes.com/rakomеt/ostanato/vardar-ja-pobеdi-sloga-vo-doboj.html

Добар старт на Вардарци на овој силен турнир,да се надеваме дека ќе успеат и да го освојат :helou:
Ne se ni somnevam deka ke go osvoime turnirov. Istotaka iako metalurg se zasili smetam deka povtorno sme najsilniot tim vo ligata i pak avtokomandosi ke ni go :pusk:. Samo ni fali eden dobar piker iako smetam deka brat mu na Velko Markoski, mislam Nikola bese ke prerasne vo odlicen igrac!
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Босна и Вардар во финалето на Турнирот на шампионите Сараевкса Босна БХ Гас и скопскиот Вардар ке играат во финалето на Турнирот на шампионите кој се игра во Добој.
Босна вчера го совлада црногорскиот Будуѓност со резултат 34:29, додека Вардар беше убедлив против Тун со 35:22.

Вчера, и домаќинот, ракометарите на Слога дојдоа до првата победа на турнирот. Тие беа подобри од германскиот Нордхорн и славеа со резултат 34:29.

Финалето се игра во сабота, а преостанатите мечеви на турнирот ке бидат одиграни денес.

За ВАРДАРПРО настапија: Митревски, Ангелов, Пешиќ, Мараковиќ, Караиванов, Макалоски, Б. Ангеловски, А. Ангеловски, Симовиќ, Вукчевиќ, Јанев, Јовчевски, Батиновиќ, Алушевски, Ѓорѓевиќ, Маркоски.

како што и очекувавме,финале за Вардар :helou:
а финалето денес се игра:)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Браво Вардар го освои турнирот во Добој со победа над Босна Сараево!
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Македонскиот првак, Вардар про, со резултат 23:19 ја совлада сараевкста екипа Босна БХ Гас во финалето на 41-виот Турнир на Шампионите кој се игра во Добој.

Во своето седмо учество на турнирот во Добој, ракометарите на Вардар про по вторпат се враќаат како победници. Овојпат во финалето беше победена Босна од Сараево со 23-19, па покрај победничкиот пехар скопјани дома се враќаат и со награда од 13.000 евра.

Победата во Добој е одлична увертира за скопјани за новата сезона, и најава дека тимот е посилен од лани и има доволно квалитетни ракометари на сите позиции.

Десниот бек на Вардар про, Марко Симовиќ кој имаше неколку одлични партии беше избран за најдобар играч на турнирот, додека Петре Ангелов е прогласен за најдобра голман.

Тимот неколку дена ќе биде во Скопје, а потоа заминува на турнир во Блаце, Србија.

извор: www.sportdenes.com
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Вардар победник на турнирот во Блаце

Црвено-црните финалниот дуел ја декласираа екипата на ОРК Ниш со 37-23 (18-6) Ракометарите на скопски Вардар Про го освоија победничкиот пехар на традиционалниот 15. Mеѓународен турнир „Блаце 2009“ (Србија), откако во финалниот дуел ја декласираа екипата на ОРК Ниш со високи 37-23 (18-6).
Во екипата на Вардар про, повторно доминираше голманот Ангелов со 12 одбрани (три седмерци), кој беше и играч на натпреварот. Ова е втора последователна победа на Вардар про, по неодамнешната на турнирот во Добој.
Во борбата за 3. место, Будуќност, еден од противниците на Вардар Про во квалификациската група за влез во Лигата на шампионите (ЛШ) а совлада Црвена Ѕвезда.
„На паркетот во Блаце оставивме силен и убедлив впечаток со игра, која од повеќе ракометни стручњаци беше пофалена. Во финалето им дадов шанса да играат сите 18 играчи и тие тоа го сторија навистина добро“.- не го криеше своето задоволно по турнирот, тренерот на Вардар Про, Веселин Вујовиќ.
Скопјани денеска во Белград ќе одиграат пријателска средба со романската Стеауа, а утре со Решица од Вршац. Потоа следуваат неколку дена одмор, пред најважното, квалификациите за ЛШ во Скопје.
„Покрај настапот на овие турнири, ние истовремено собираме и информации за нашите противници во Скопје. Будуќност се покажа како тврд орев, екипата на Минск од Белорусија е засилена со повеќе странци, а турската екипа Бешикташ минатата година успеа да ја победи токму Будуќност. Сепак, нашиот мотив е голем и верувам дека со навивачката група „Комити“, ќе успееме да бидеме први во салата на СРЦ Кале“. - оптимист е Вујовиќ.
До финалната пресметка „црвено-црните“ дојдоа откако одиграа нерешено со Црвена Ѕвезда (34-34), а ги победија грчкиот тим Филипос Веријас (36-33) и Будуќност од Подгорица (30-26).
Браво Вардар два турнира по ред Добој и Блаце со пехар
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.135
Поени од реакции
75.146
Mnog normalno, titulata ne ni bega ni ovaa sezona. DRZI SE METALURG WE ARE ATTACKING:violent1::violent1::violent1::violent1::violent1:
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Сабота, 18:00 против Бешикташ,
Недела, 18:00 против Будуќност,
Понеделник, 20:00 против Динамо Минск.

Мислам дека се вака натпревариве, сите на Кале!

Грешка сум бил, во петок е против Бешикташ од 18:00, во сабота против Будуќност е од 20:00 и во недела против Динамо од 20:00.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Вардар Про викендов ќе „брка“ пласман во ЛШ

Ракометарите на Вардар Про од утре до недела во салата „Кале“ ќе бркаат виза за пласман во групата во Лигата на шампионите, а таму се стигнува само со освојување на првата позиција во квалификациската група.
Првиот противник утре од 18 часот е турски Бешикташ, в сабота од 20 часот е дуелот со Будуќност од Црна Гора и в недела во истиот термин е натпреварот со Динамо Минск од Белорусија.
За конкурентите и за својот тим тренерот на Вардар Про, Веселин Вујовиќ вели:
- Станува збор за екипи кои не ни се добро познати. Но, како организатори на оваа квалификациона група и играњето на домашен терен носи една обврска која сите ја посакуваме и се освен првото место ќе биде неуспех. За нас е хендикеп десната крилна позиција. Златко Мојсоски, се уште не е опоравен од операцијата, Влатко Јовчевски има повреда на бутниот мускул. Затоа ги ангажиравме Иван Арнаудов и Иван Марковски (кој се уште нема комплетни документи).
Поради казната добиена мината година Вујовиќ на овие натпревари нема да има право да седи на клупата на црвено - црните.
Цената на влезниците е 100 денари, а тие ќе важат за двата натпревари кои ќе се играат во денот.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.356
Поени од реакции
2.248
Ке има пренос на А2, за тие што ке останат пред малите екрани. :) Не само тој дуел, туку сите дуели ке одат на А2 во живо.
Со среќа Вардарци.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.135
Поени од реакции
75.146
Teeeeeeeeepavmeeeeeeeeee:):)
Uf pekolno vo kale kako i sekogas:):) edno 200 komiti bevme, odlicno navivanje, Vardar izigra dovolno kolku za pobeda, iako moram da priznaam deka na momenti imavme pomos od sudiite.
Bitno e i novata pesna so koja pobaravme sloboda za tifozite:):)
Se nadevam deka ke se ostvarat nasite baranja:)
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Teeeeeeeeepavmeeeeeeeeee:):)
Uf pekolno vo kale kako i sekogas:):) edno 200 komiti bevme, odlicno navivanje, Vardar izigra dovolno kolku za pobeda, iako moram da priznaam deka na momenti imavme pomos od sudiite.
Bitno e i novata pesna so koja pobaravme sloboda za tifozite:):)
Se nadevam deka ke se ostvarat nasite baranja:)
Брат ми поминувал покрај кеј со точак до таму се слушало...
Ај напиши ја новата песна тука:)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Вардар одигра слабо иако победи сепак одигра под нивото. Дури слободно можам да кажам дека ланскиот состав беше за класа подобар од овој. Како и да е следните два дуели за влез во ЛШ воопшто нема да бидат лесни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom