Ја молам присутната сељачана од Велес да не не става во уста:smir:!Нити некој се уплашил,нити некој сакал да бега!Тоа ти е типичен комплекс на исфурана велешка сељачана коишто во 21 век уште се палат на тоалетна хартија како кореографија и мислат фатиле господ за муда.Требаше да тргнат 4 автобуси,но поради полициска репресија се дозволија само 2 преполни.Еве целосен извештај за гостувањето на Кумани во Велес:
Она што им се случува на "КУМАНИ" во Велес e просто неверојатно. Едноставно од Велес најмалку може да се пишува за навивање. Едноставно не можевме да навиваме од изживувањето на полицијата. Најпрвин ни беше забрането да одиме во Велес, но по наше упорно инсистирање и борба успеавме да ни одобрат да одат само 50 навивачи, што од наша страна беше одбиено и кажано доколку не ни дозволат 4 автобуса нема никој да појде. Се најде некоја средина и ни дозволиа да одиме 2 автобуса со можност во нив да се качат 70 до 80 луѓе претовар. По патот се беше во ред. Исто така и по деталниот претрес кој траеше којзнае колку време и почетокот се чинеше дека ќе може да се навива. Но само по неколку фрлени петарди бевме удирани со палици како стока, изгурани 4 реда погоре од оградата, а навивачите поделени на 2 групи со поставување на полициски специјалци на средината на терибината. И за најкултурно прашање и обраќање со господине кон полицајците се добиваше ќотек или најпогрдни пцости од страни од органите на "редот". Неколку навивачи добија пријави за глупости. Навистина дел од македонската полиција треба да оди на дополнителни конкурски за почитување на законот и правата на луѓето воопшто, не само на навивачите. Навивачите како што повеќе групи истакнуваат не се цвеќе, меѓутоа најголемите инциденти ги започнува полицијата со своето арогантно однесување. Како е тргнало многу тешко дека ќе создадеме демократска замја и вистинска ултра сцена. Бевме натерани да ја напуштиме салата 3 минути пред крај. Какво е тоа право. Ние како најверни навивачи да не го дочекаме крајот и да не го знаеме резултатот. Ние за тие автобуси и влезници плативме со сопствени средства од фондот на групата за коим би можеле да купиме некои други реквизити. Но тука не беше крајот. Со полицијата која не пратеше по патот од Куманово дојде до ситен инцидент по што сакаа да приведат неколку навивачи. Тоа не го дозволиа другите навивачи, по што беше повикано засилување од којзнае колку Алфи и комбиња од кои бевме сопрени на отворен автопат и се изгледаше како да е направен некој терористички напад, а не приведување на неколку навивачи. На најгруб можен начин се приведени дел од навивачите. По овој настан најголемиот дел од нас отидоа директно пред полициската станица со барање да се ослободат нашите другари. Од една страна на улицата полицијата од друга страна "КУМАНИ". Заканата од алфите беше ќе се собереме и ние и ќе се тепаме, нема смисла кумановци сме. Едно не ни е јасно. Во Куманово кумановската полиција ги штити гостите а нас не приведува, малтретира и пушта пријави. На гостување, конкретно и сега Велес домашните можат да прават што сакаат, пак се криви "КУМАНИ". Што е целта на ваквото однесување незнаеме. Но веќе неможе да се зборува за изолиран случај. Од натпревар во натпревар ова се повторува, а пак се виновни навивачите.
НИЕ ДОЈДОВЕ,ВИЕ!?