Фан клуб: РК Ѓорче Петров

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Се предомисли со почетокот на наредната сезона.
Било кој да е спонзор да се најде во моментов.
То е проблемот, шо никој не се нафаќа сега да спонзорира екипа. Ко шо читав јас по весници, сите потенцијални спонзори го велеле истото, дека буџетот за оваа година им е испланиран и дека тоа е можно од јануари 2009.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Која добра шанса во ова би можеле да видат некој од мобилниве оператори, ама навистина не знам зошто не се јави некој од нив да го спонзорира Ѓорче Петров. Инаку, што се случи со Тодоровска, игра уште? Одамна немам слушнато за неа.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
45
Поени од реакции
0
Ракометниот клуб Ѓорче Петров нема да згасне

Се преговара со два спонзора, а се' треба да се знае до 15 октомври
Дали ќе се најде чаре за ракометниот клуб Ѓорче Петров ќе биде познато до 15 октомври, до кога раководството побара трпение од ракометарките, кои се заканија со штрајк. Првичниот рок од 30 дена што првите луѓе на најтрофејниот ракометен колектив во државава си го зададоа на 1 септември, кога долгогодишниот спонзор Трифун Костовски и неговата фирма „Кометал“ објавија раскин на соработката, пролонгиран е за уште две седмици, во кои треба да привршат преговорите со два потенцијални спонзора. Нивните имиња не се обелоденуваат, ниту некој сака да дава прогноза за шансите да се согласат да влезат во европскиот првак од 2002 година и уште два пати финалист во Лигата на шампионите.

Едно е сигурно - и да не излезе ништо од потрагата по финансиер(и), Ѓорче Петров нема да згасне, категорично тврдат во клубот.

„Нема да го затвориме сигурно. Ќе егзистираме на (полу)аматерска база, ќе се потпреме на наши и на играчи од Еуростандард ако треба и ќе настапуваме само во домашното првенство, но нема да ставиме клуч на врата“, е пораката од клубот основан во 1961 година, а обновен во 1979.

Платите на играчите се највисока ставка во клупскиот буџет и моментно најголема главоболка за управата, но не помала обврска е и настапот во ЛШ, кој за ѓорчепетровки треба да почне на 1/2 ноември против унгарски Ѓер во Скопје. (Р.Д.)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
45
Поени од реакции
0
Позната групата вп ЛШ

Ѓорче Петровки со Икаст и Ѓер...


Икаст го имаше домашниот терен за предност, но и силниот романски Рулментул Брашов за противник во решавачкиот меч во квалификациската група.
На крајот данските ракометарки се радуваа на неочекувано убедливата победа.

Уште од стартот на натпреварот, Икаст имаше комплетна доминација и водство од пет-шест гола, кое го принуди романскиот тим да игра побрзо и да ризикува.
Тоа не им се исплатеше, па на крајот Икаст имаше и цели 10 гола предност, со огромен број (45) постигнати голови.

Конечен резултат 45:35. Романскиот тим, годинава засилен со неколку звучни имиња, се посрамоти во Икаст и сега му преостанува во Купот на ЕХФ да си ја проба среќата.

Инаку,да потсетиме дека освен Икаст во групата на нашиот шампион се и минатогодишниот освојувач на Лигата на Шампионите, тимот на Ѕвезда, и полуфиналистот од мината сезона, унгарски Ѓер.

Така да, Ѓорче Петровки имаат одлични противници за да покажат дека не треба однапред да ги отпишуваме.Тоа го докажаа и со победата на вечниот ривал Хипо.
Сега, останува да чекаме да видиме кој/и ке бидат спонзор/и. На ова прашање ке добиеме одговор најдоцна до 15 Октомври. 1. Zvezda Zvenigorod
2. Gyоri AUDI ETO KC
3. Gjorce Petrov
4. Ikast-Brande EH
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
45
Поени од реакции
0
Da,ama pokazaa devojkite deka imaat i kvalitet i motivacija da im se sportistavat na favoriziranite protivnici
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
РАКОМЕТ - НАЈДЕНИ СПОНЗОРИ ЗА СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ
Ѓорчепетровки ја преживеаја беспарицата
Шампионките ќе играат во ЛШ, ќе им се исплатат платите, а ќе се
бараат и нови спонзори за во иднина

Се издигнаа над проблемите: Бајрамовска
Деновиве ракометарките на Кометал Ѓорче Петров ќе ја добијат септемвриската плата, а до крајот на мечевите од групата од Лигата на шампионките ќе бидат намирени сите трошоци на клубот. Финансиската криза што го снајде најтрофејниот македонски клуб по откажувањето на генералното спонзорство на Трифун Костовски е надмината. Тимот што зад себе има една европска титула нема да згасне, туку ќе продолжи да егзистира, само со поинаква филозофија на изнаоѓање спонзори.

Повеќе компании се согласиле да помогнат и веќе почнале да префрлаат пари на сметката на скопјанки. Уплатени се и парите за учество во Лигата на шампионките, па сега со сигурност се знае дека Кометал ЃП ќе игра со Звезда Звенигород, Ѓер и со Икаст. Утврдени се датумите за играње. Во првите три кола скопјанки двапати ќе гостуваат, кај Звезда и Икаст.


НАМЕСТО ЕДЕН, ПОВЕЌЕ СПОНЗОРИ

Планираниот буџет од околу 500-600 илјади евра, што би требало да биде доволно за нормално функционирање и завршување на натпреварувачката сезона, сигурно ќе биде обезбеден. Наместо еден генерален спонзор, ќе има повеќе помали, со цел да не се случи со откажување на еден да има проблеми како сега.

Вакво ветување добиле ракометарките на македонскиот првак на состанокот со управата, каде што претседателот Иван Бојков ги информирал дека делумно е надмината финансиската криза. До крајот на јануари ќе нема проблеми околу платите на ракометарките и тековните трошоци на клубот. Дотогаш ќе се бараат уште спонзори, со кои буџетот би требало да се зголеми. Од ракометарките е побарано да се фокусираат на играта и на подготовките за мечевите од Лигата на шампионките и ЕП. Управата е задоволна од нивните досегашни настапи, па и од регионалната Јадранска лига, каде што во Скопје беа победени Крим и Хипо.

Покрај Кометал ЃП во домашното првенство, клубот има и втор тим, Еуростандард ЃП, и повеќе младински и кадетски школи.

КОСТОВСКИ ПОВТОРНО ЌЕ ДАВА

Поранешниот главен спонзор на клубот, Трифун Костовски, ветил дека ќе остане еден од помагателите на клубот и понатаму, само со помалку пари од порано. Тој им изјавил на луѓето од клубот дека не може да дозволи тимот во кој 15 години вложувал така едноставно да пропадне, но дека во иднина и тие ќе треба да најдат и други спонзори. Патем, клубот службено не го промени името и уште се вика Кометал Ѓорче Петров.

Меѓу „помагателите“ ќе биде и Михајло Михајловски, претседателот на машкиот клуб Вардар про. „Црвено-црните“ се концесионери на салата во СРЦ „Кале“. Таму во иднина Кометал ЃП нема да плаќа за тренирање и играње на натпреварите, дури и оние од Лигата на шампионките. Традиционалните спонзори, кои и досега се рекламирале во клубот, како Тиквеш, Пивара, остануваат со клубот. Наскоро ќе биде познато кои компании ќе бидат дел од спонзорскиот тим што треба да го зголеми буџетот и да донесе нови засилувања.
ИНФО-Уплатени парите за учество во ЛШ
Трифун Костовски ветил дека ќе остане еден од помагателите на клубот, само со помалку пари од порано. Меѓу помагателите ќе биде и Михајло Михајловски, претседателот на машкиот клуб Вардар про.
Повеќе компании веќе почнале да префрлаат пари на сметката на скопјанки.Уплатени се и парите за учество во ЛШ.
Горан Антевски

Шампиониииииииии,конечно трифун се опаметил и пак ке дава парии!!
Кометал Шампионеееееееееееееееееееееееееее!:vozbud::vozbud:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
45
Поени од реакции
0
Ѓорче Петров ќе добие куп спонзори?Ситуацијата е средена, пари има, Ѓорче Петров е пријавен за настапите во Лигата на шампионките (ЛШ), не е проблем ни настапот во Регионалната лига. Вие само треба да работите, да тренирате и она што најдобро го знаете да го покажете на теренот.
Со овие зборови Иван Бојков, претседателот на македонскиот женски ракометен првак им се обратил на ракометарките на Ѓорче Петров кои вчера имаа состанок во просториите на клубот. Бојков пред состанокот со ракометарките не сакаше да потврди со кои спонзори е договорена соработка.
- Клубот ќе биде пријавен во ЛШ, тоа е средено - изјави кусо Бојков.
Како што дознаваме Трифун Костовски, поранешниот спонзор на клубот, сепак, останува во клубот и ќе финансира дел од буџетот на тимот со кој се прослави во македонската јавност воопшто. Нема да биде главен и единствен спонзор, како што беше досега, но ќе покрива дел од трошоците на тимот кој и годинава ќе се натпреварува во најелитното европско клупско натпреварување.
Во игра за спонзорство во Ѓорче Петров, кој е македонски бренд, се и скопска „Пивара“ и кавадаречки „Тиквеш“. И порано, на дресовите на ракометарките овие две фирми фигурираа како спонзори. Како што дознава „Нова Македонија“ Михајло Михајловски, спонзорот на машкиот ракометен суперлигаш Вардар про, кој стопанисува со СРЦ „Кале“ можно е да „влезе“ во Ѓорче Петров. Михајловски би им ја отстапил бесплатно салата во која Ѓорче Петров тренира и ги игра натпреварите.
Според познавачите овој пат е можно да се направи она за што Костовски постојано говореше - да се најдат повеќе спонзори, а не само еден кои би вложувале во еден клуб, така што поединечните трошоци би биле помали. Во случај сиве овие фирми да „влезат“ во Ѓорче Петров, тогаш би се покрил буџетот од околу половина милион евра - сума која ја спомена и Бојков на прес-конференцијата на која Костовски пред месец и пол се откажа од македонскиот ракомет воопшто.
На 1 септември годинава Костовски, спонзорот на Кометал Ѓорче Петров, поранешен европски клупски првак и двократен вице-шампион објави дека се повлекува од ракометот, прекинувајќи го спонзорирањето во скопскиот клуб, спонзорирањето на сите женски репрезентации и официјално поднесе оставка на местото претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Оттогаш од клубот имаше најави дека се работи на наоѓање спонзори, а беше во оптек и расформирање на клубот доколку не се најде решение за проблемот.
Во меѓувреме Ѓорче Петров почна со настапот во новоформираната Регионална лига каде што одигра четири натпревари. Двапати загуби на гостувањето во Загреб од Локомотива (25-28) и од црногорскиот првак Будуќност т (27-33), а дома пред својата публика го победи некогашниот европско првак Крим Меркатор (37-29) и вечниот ривал Хипо (26-22).
Ѓорче Петров сезонава во ЛШ ја отвора на 31 октомври кога дома ги пречекува ракометарките на унгарски Ѓер, потоа им гостува на актуелните шампионки Звезда Звенигорд (9 ноември) и на Икаст шест дена подоцна. Потоа следи пауза во ЛШ, а натпреварите продолжуваат во јануари идната година. НАПРЕД ЃОР4ЕЕЕЕЕЕЕЕЕ.ОДИМЕ НА ПОБЕДИИИИИИИ
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
НАШИОТ ШАМПИОН ПОБАРА СЕРТИФИКАТ ЗА ПИКЕРОТ ОД ХРВАТСКА
Бошњак одново меѓу ѓорчепетровки
Јуниорската репрезентативка на Хрватска, Сандра Бошњак е одново меѓу ѓорчепетровки и тренерот Глигоров ќе смета на нејзините услуги за дуелот со Ѓер, кој ќе се одигра в петок, во СРЦ "Кале", од 20 часот.

Ѓорче Петров веќе побара сертификат од Ракометната федерација на Хрватска, така што се очекува формализирање на сите работи, за да може Бошњак да стекне право на настап за петочниот дуел. Таа беше дел од редовите на нашиот шампион уште пред почетокот на сезоната, но поради проблемите кои беа присутни во тимот по откажувањето на спонзорот одлучи да си замине и продолжи да настапува за Локомотива.

Сепак, најновите информации говорат дека Бошњак е одново во Скопје и ќе продолжи со тренинзите со тимот на Ѓорче Петров. Таа беше прогласена за најдобар пивот на последното Светско првенство за јуниорки на кое со Хрватска се пласираше на 6. позиција. Се работи за висока ракометарка, која пред с$ игра добро во одбраната и ќе биде од голема помош за средбите од Лигата на шампионите.

Што се однесува до подготовката за дуелот со Ѓер од Унгарија, кој се игра в петок, од 20 часот, тренинзите се сконцентрирани на тој дуел и засега с$ оди според планот. Имаше и дел од девојките кои се пожалија на повреди, но тренерот Глигоров е уверен дека на натпреварот со Ѓер ќе ги има на располагање сите ракометарки.

"Имавме повредени ракометарки, но тие полека се приклучуваат на тренинзите и продолжуваат со работа. Се надевам дека и Пецевска и Младеновска ќе бидат подготвени за да можат да настапат в петок и да можеме да бидеме комплетни на дуелот со Ѓер. Нашите мисли се сконцентрирани кон тој меч и неделава сме комплетно посветени на стартот во Лигата на шампионите", вели Глигоров.

До одигрувањето на натпреварот со Ѓер остануваат уште само три дена кога ќе треба да се покаже квалитетот на дело и да се потврди дека и покрај сите случувања ѓорчепетровки знаат како да стигнат до успех и уште еднаш да го совладаат Ѓер. Пред паузата поради Европското првенство, Ѓорче Петров ќе одигра уште два меча. На 9 ноември тимот гостува во Русија на екипата на Звезда Звенигород, додека на 15 ноември се игра натпревар во Данска против Икаст. Другите три средби се играат во јануари, кога продолжуваат натпреварите во кои ќе има два меча на домашен терен.

Д. М.

ОДБРОЈУВАЊЕ ДО СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ЛШ КАЈ ДАМИТЕ

Првите средби, в петок

Со натпреварите меѓу Подравка-Лада и Ѓорче Петров-Ѓер стартува новата сезона во Лигата на шампионите во женска конкуренција. Тоа се првите дуели од првото коло со кои ќе биде означен почетокот на сезоната во лигата, која ќе понуди многу возбудувања.

И сезонава играат вкупно 16 екипи кои се поделени во четири групи од по четири екипи. Тие ќе се борат за место во следната фаза во која ќе играат најдобрите два тима од секоја група.

ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

1. КОЛО

ГРУПА "А"

Ѓорче Петров (Мкд) - Ѓер (Унг) 31.10.

Икаст (Дан) - Звезда З. (Рус) 01.11.

ГРУПА "Б"

Будуќност (Ц. Гор) - Елда П. (Шпа) 01.11.

ФЦК (Дан) - Хипо (Аут) 02.11.

ГРУПА "Ц"

Подравка (Хрв) - Лада Т. (Рус) 31.10.

Влчеа (Ром) - Ларвик (Нор) 02.11.

ГРУПА "Д"

Мец (Фра) - Виборг (Дан) 01.11.

Нирнберг (Гер) - Крим М. (Сло) 02.11.

Утре, прес за натпреварот

Со почеток во 12 часот, во просторијата за прес, во салата во СРЦ "Кале" утре тимот на Ѓорче Петров ќе одржи средба со новинарите. Прес-конференцијата ќе биде одржана по повод претстојниот дуел од Лигата на шампионите против составот на Ѓер кој се игра в петок.

Во Петок сите на Кале да го бодриме Ѓорче Петров !!!! :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Дуелот со Ѓер тест за „ѓорчепетровки“

Македонскиот шампион утре ја започнува сезоната во ЛШ со меч во СРЦ „Кале“


Дуелот со унгарски Ѓер утревечер во Скопје во првото коло на женската ракометна Лига на шампионките треба да покаже дали македонскиот тим Кометал ЃП ја надминал кризата и има доволно сила, мотив, квалитет и искуство да се врати во врвот на европскиот ракомет. По речиси двомесечната неизвесност дали ќе постојат како клуб, а на работ на откажување беше и настапот во ЛШ, скопјанки најдоа пари да преживеат до јануари, да го сочуваат тимот, па дури и да се засилат.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4E4A72F5A4E3E44EA9DEB271DC60D990


Луѓе ќе идете на утакмица утре?
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Ке ја даваат ли некате на мтв1 ??
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас се надевам дека ќе одам:vozbud:Но за секој случај би требало да ја даваат на Македонска,ако не на 1 на собранискиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom