Партизан денеска го одигра и третиот контролен натпревар во кој беше поразен од Игокеа со 79-86.Повторно настапивме без Бертанс,Анѓушиќ и Мусли(репрезентативни обврски) и Владимир Лучиќ кој е повреден.Најефикасен кај Партизан на овој меч беше Богдан Богдановиќ со 22 поени,го следеа одличниот Гагиќ со 14 и Гордон со 14.Иначе еден дечко што го гледал овој меч(затворен тип на меч) рече дека Гордон е права скокачка машина и дека ке биде многу големо засилување,повторно овој меч го водеше вториот тренер Гашиќ.Иначе да кажам збор-два за Игокеа,екипа која многу вложи оваа сезона,екипа која има силен домашен терен, и која доведе неколку звучни засилувања Хамонд,Корсли Едвардс,Штембергер,Јоровиќ,Јоксимовиќ,Милан Дозет и други.Следниот натпревар на Партизан е во сабота против Доњецк кој има супер тим предводен од Влада Јовановиќ,Дорон Перкинс,Дор Фишер и уште неколку познати имиња.Можно е и уште еден натпревар да биде одигран против Доњецк пред сабота,за сега нема потврда за тоа.