Фан клуб: Новак Ѓоковиќ

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
D-day! Кога треба да се стави печат, на целава оваа фантастична полу-сезона. Мислам дека денес е одлучувачкиот момент, искрено повеќе моментално сметам дека ќе му направи проблем Роџер, отколку било кој од другите двајца во финалето, доколку се пласира, а ќе се! :cool:

Ајмо Новак! :)
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Можеш Ноле, ајде! :)

Дај нека се повреди Федерер, нека се откаже, нека го прекинат...не иде вака :)

 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Пораз од најдобриот во Историјата, тука е крајот на серијата, клучен момент беше кога му зеде брејк за 5-4 и го имаше сетот во раце, но што е тука е... :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Го имаше сетот, ќе имаше продолжение утре, ама што е тука тука е.
Ќе се реваншира на Вимблдон :)
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Сите честитки кон Роже, играше добро, Ноле грешеше како никогаш до сеа и за жал останува годинава без оваа титула. Како и да е, сеуште сметам дека ова е негова година и дека има уште многу да покаже и уште многу титули да добие.

.. за крај, Ноле, заслужува огромна честитка за прикажаното оваа година, браво Ноле!
 
С

сашенко

Гостин
Го имаше сетот, ќе имаше продолжение утре, ама што е тука тука е.
Ќе се реваншира на Вимблдон :)
Да го добиеше сетов милион посто бев сигурен дека утре е негов мечов...

честитки за серијата
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Која победа по ред му е ова на ,,најдобриот,, во моментов?
Готово, ќе се откажува од тенис сега, не ли знаеш?

Кулирајте еднаш мораше ова да се случи, точно така рибрејкот на 5-4 го уништи после полесно ќе беше али ете и со ваков Федерер добро се држеше, ќе биде наскоро прв во тоа не се сомневам.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
да се стануваше лесно број 1 во светот досега сите ќе станеа, мора уште малку да учи за да проба да со доближи до најдобриот тенисер во историјата, впрочем не е никаква срамота да се изгуби од него!!!
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Поразен циничниот ноле а , сеуште не е созреан тој за прво место.

По која основа ви е толку омилен , би сакал да знам.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Поразен циничниот ноле а , сеуште не е созреан тој за прво место.
По која основа ви е толку омилен , би сакал да знам.
По тоа што е "наше" дете и по тоа што стојко ме заболе за некојси швајцарец или шпанец.

Иначе денеска не му беше денот на Новаче дефинитивно. Премногу грешки, премногу луксуз си дозволи. Кога требаше да ги освои клучните поени се губеше, слично ко Мареј со Надал. Имаше чист сет у рука при изнуден брејк од 5-4, и тука е главното она кај што се поеба. Тука се поеба, да го земеше тој гејм, сигурен сум дека мечот утре ќе беше негов, но што е тука е, мораше да биде прекината фантастничната серија. Инаку сигурен сум дека ќе се врати на Вимблдон посилен како никогаш досега.

Novak ! :sneaky:
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
По буквално секоја...прво почнав да навивам затоа што е Србин, убаво е напишано над мене "ме заболе за некој си швајцарец или шпанец" :) Од тенисер што кршеше рекети, неможеше да издржи долги мечеви, не им беше конкуренција на Нодал и Федерер стана најдобар тенисер и мнооогу малце му требаше да ги сруши повеќето рекорди
:love:
Да се надеваме дека Федерер ќе го освои финалето па дали е созреан или не он ќе е прв на атп :)
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
По буквално секоја...прво почнав да навивам затоа што е Србин, убаво е напишано над мене "ме заболе за некој си швајцарец или шпанец" :) Од тенисер што кршеше рекети, неможеше да издржи долги мечеви, не им беше конкуренција на Нодал и Федерер стана најдобар тенисер и мнооогу малце му требаше да ги сруши повеќето рекорди
:love:
Да се надеваме дека Федерер ќе го освои финалето па дали е созреан или не он ќе е прв на атп :)
Ако земе Федекс Френч Оупен, Ноле е прво место, сигурна си? :confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom