Фан клуб: Милан

Џампаоло?


  • Вкупно гласачи
    55
  • Гласањето е завршено на .

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.256
Поени од реакции
5.229
Сега гледам каков циркус настанал во Наполи и малку појасно ми е зошто уште го држат Пиоли.

Што не е аргумент дека Пиоли треба да остане, туку каква глупост направија што воопшто ја почнаа сезоната со него.
Ќе го чекале Конте летоска :icon_lol:

Освен Де Зерби јас не гледам некое име тренерско што би дошло во Милан прво, а второ што ќе направи нешто со тимот.

Затоа боље нека се коцкаат со Абате, ебате него да се земе некој просек.

Полека поминува циклусот на Милан, Тео и Леао имаат уште сезона две макс пред да бараат промена.

И Бенасер ќе беше у оваа листа да не скинеше конци.

Исто и Мањан може да биде продаден ако бара преку леб погача.

Така да и Абате ќе заврши работа у таков транзициски период.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.775
Поени од реакции
13.437
Ќе го чекале Конте летоска :icon_lol:

Освен Де Зерби јас не гледам некое име тренерско што би дошло во Милан
За сега или и на лето?


А зошто во вакви околности да го потрошат Абате и да го упропастат?

Не сум против да го стават, дури сум се повеќе на ставот да се најде замена по секоја цена. Но, ретко кој ќе прифати договор само до крај ка сезона, а многу мал е изборот на тие што заслужуваат подолг договор.

Што пак не враќа на Абате како единствена опција за преодно решение, само да не биде жртва за туѓи пропусти.


Ако се чека до лето, Конте подобро да го избегнат.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.256
Поени од реакции
5.229
За сега или и на лето?


А зошто во вакви околности да го потрошат Абате и да го упропастат?

Не сум против да го стават, дури сум се повеќе на ставот да се најде замена по секоја цена. Но, ретко кој ќе прифати договор само до крај ка сезона, а многу мал е изборот на тие што заслужуваат подолг договор.

Што пак не враќа на Абате како единствена опција за преодно решение, само да не биде жртва за туѓи пропусти.


Ако се чека до лето, Конте подобро да го избегнат.
Конте го чекаат Наполи за лето, затоа го ставаат Мацари.

А и башка нема шанси за у Милан после 2 месеци ќе почне да плаче да си оди.

А Абате можат да го потрошат ако го стават сега да, али од друга страна летоска па ако има некој посаглам нема сигурно Абате да го одберат....ваљда :icon_lol:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.775
Поени од реакции
13.437
Абате ќе биде на у23 тимот, што ќе игра во Ц лига, нели се најавуваше дека ќе формираат Б тим.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
755
Поени од реакции
1.927
Читав дека доколку загубат од Фиорентина и Дортмунд Пиоли ќе добие отказ но сигурен сум дека нема да продолжат лошите резултати и нема да се случи тоа.
Нема смисла и поента да се менува сега тренерската позиција само за да се заврши со било кој.
Абате нека го остават да се оформи како тренер па понатаму сигурно ќе има шанса да се покаже.
Бонера би можел да биде привременото решение ако се одлучат за крај на Пиоли.
А за следната сезона типувам на Арне Слот или Рубен Аморим.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.873
Нагла смена обично знае да е полезна како шок-терапија, краткорочна серија добри резултати знае да даде, ама на долг рок, сезоната е отидена во неповрат. Освен ако не е во опасност четврото место, нема да е паметно да се смени Пиоли, колку и да мислам дека не треба да е тренер на Милан.

Тоа што една управа не може да осети момент на завршување на една приказна и на сила пробува да турка нешто што очигледно не иде, е многу лошо. Пиоли не смееше да ја почне сезонава во Милан. Јасна беше истрошеноста во идеи уште лани ова време, вештачко дишење даваа на мртовец и сега ќе иде курбан уште сезона. Онаа сцена со Леао и Жиру од пред некое коло е доволна да се донесе заклучок дека се вози на автопилот сезонава, уште па кога ќе видиш дека некој си Чукувезе мавта нервозно со тренерката и негодува на глас кога е заменет, све ти е јасно.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.452
Поени од реакции
5.421
Italian agency AGI reports that AC Milan fullback Alessandro Florenzi is being investigated for alleged illegal gambling.


ајТ!

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.775
Поени од реакции
13.437
Рејндерс ни е еден од најдобрите во новата сезона, топ засилување, но и на него Пиоли не му ја дава улогата што најмногу му одговара.

Погледнете го за репрезентација, тоа што играл за претходниот клуб, не се работи за формација, туку каква улога ќе му се даде.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
755
Поени од реакции
1.927
Рејндерс ни е еден од најдобрите во новата сезона, топ засилување, но и на него Пиоли не му ја дава улогата што најмногу му одговара.

Погледнете го за репрезентација, тоа што играл за претходниот клуб, не се работи за формација, туку каква улога ќе му се даде.
Рејндерс до вчера анонимец а сега еден од најдобрите во својот клуб и репрезентацијата.
Убедливо има најголема минутажа во Милан и има изиграно на сите натпревари а во Септември дебитира и за репрезентацијата и редовно игра и таму.
До вчера играл за Аз Алкмар а сега игра во Милан во друга средина.
Повеќето со скептицизам,потсмев и сомнеж за неговите квалитети и способности кога го донесоа во Милан но сега е многу битна алка во тимот дури и репрезентацијата.
Не знам што повеќе сакате и очекувате сега од него?
Поради отсуството на Бенасер,повредата на Крунич и недостатокот на добар среден дефанзивен во ростерот Рејндерс моментално добива повеќе дефанзивни задачи и улога во Милан.
 
Член од
4 декември 2011
Мислења
75
Поени од реакции
38
Здраво друштво, да прашам има ли во Скопје да купам оргинал тренерки од Милан, ми треба за поклон


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.051
Поени од реакции
656
Furlani: “Will we retain the big names in the team? I don’t know. We will see.”
Na dobar pat sme, bidno + 6 mil vo plus sme , vo trka sme za najekonomska drzava , pardon ekipa .
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.775
Поени од реакции
13.437
А што е ново тука? Исто како и за со Тонали, доколку некој сака да си оди и клубот заработи убаво од трансферот, секако дека ќе го продадат.

Само треба да се направи убава проценка, кога, кого и за колку пари. Освен доколку инсистира фудбалерот на трансфер, некој му нуди да игра за многу поголема плата и не сака да чека, тогаш не можеш со сила да го држиш, нема некоја корист од тоа.

Парите од тие трансфери, исто како и што беше со парите од трансферот на Тонали, ќе бидат инвестирани во нови фудбалери, а не за кредити, стадиони, дрн дрн јариња...

2-3 клуба се што нема да продадат или нема играчот да сака да си отиде од таму (пример за поголема плата или поатрактивен клуб).


Мене ме нервира само што изгубивме една година (минатата сезона), а веќе требаше да имаме "готов" тим, околу Леао, Тео и Мањан, водени од добар тренер (и оваа сезона), па таков Милан да играше барем две сезони.

Барем јас само овие тројца ги гледам во таа група на "недопирливи" и не би сакал да си отидат. А од нив, според некоја моја проценка, ако се земе во предвид нивна желба, годините (во однос на заработка, но и предизвик на спортски план), потоа преостанатите години од договорот со Милан, па и како клубот би ги сметал за заменливи, најголеми шанси за трансфер има Мањан, потоа Тео и на крај Леао. Само висината на трансферот и големо инсистирање на фудбалерот може да го промени овој редослед.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.256
Поени од реакции
5.229
Тео е недопирлив само ради тоа што е лев бек и нема многу добри леви бекови у Европа.

Леао е Леао а Мањан беше преклани недопирлив, од лани наваму дури и кога не е повреден пак не игра на тоа ниво.

Ја би искеширал на него искрено.

А други јаки играчи не ни имаме у тим така да кога тоа го збори Фурлани се однесува на Леао и Тео.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
755
Поени од реакции
1.927
А што е ново тука? Исто како и за со Тонали, доколку некој сака да си оди и клубот заработи убаво од трансферот, секако дека ќе го продадат.

Само треба да се направи убава проценка, кога, кого и за колку пари. Освен доколку инсистира фудбалерот на трансфер, некој му нуди да игра за многу поголема плата и не сака да чека, тогаш не можеш со сила да го држиш, нема некоја корист од тоа.

Парите од тие трансфери, исто како и што беше со парите од трансферот на Тонали, ќе бидат инвестирани во нови фудбалери, а не за кредити, стадиони, дрн дрн јариња...

2-3 клуба се што нема да продадат или нема играчот да сака да си отиде од таму (пример за поголема плата или поатрактивен клуб).


Мене ме нервира само што изгубивме една година (минатата сезона), а веќе требаше да имаме "готов" тим, околу Леао, Тео и Мањан, водени од добар тренер (и оваа сезона), па таков Милан да играше барем две сезони.

Барем јас само овие тројца ги гледам во таа група на "недопирливи" и не би сакал да си отидат. А од нив, според некоја моја проценка, ако се земе во предвид нивна желба, годините (во однос на заработка, но и предизвик на спортски план), потоа преостанатите години од договорот со Милан, па и како клубот би ги сметал за заменливи, најголеми шанси за трансфер има Мањан, потоа Тео и на крај Леао. Само висината на трансферот и големо инсистирање на фудбалерот може да го промени овој редослед.
Мене ме нервира што не една туку повеќе сезони веќе се изгубија. Milan.png

Да бидеме најреални многу подобро ако се изменаџираше ситуацијата 100% сум сигурен дека овој тим ќе доминираше во Серија А неколку сезони по ред.
Ќе беше потребно само парите за ЧДК да се инвестираа во класичен напаѓач и Милан ќе ја доминираше Серија А а можеби и Европа исто како во 90-тите.
И да се продаваат фудбалерите барем ќе се извади буџет за нивна замена само под ниту еден случај да не се дозволи заминување на играчи како слободни агенти бидејќи тоа е еднакво на самоубиство за клубот и нема да може да се одржи константност и континуитет во напредокот на клубот како што може да се види и установи тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom