Само со глупост може да ги вратат, како оние две лабаво изгубени топки пред слободниот кога погодија пречка.
Ми се допаѓа овој стил на игра, директен фудбал и висок пресинг.
Веќе неколку натпревари Хауге не ми личи како тој на клипчиња. Разбирам јас и дека тоа се најдобри потези од него, дека ова е потешка лига, но како да има друг стил на игра. Мислам дека се плаши премногу и гледа цело време да биде тактички дисциплиран, дури не се ни уфрла за да не остави простор и да не затвори при евентуална контра. А може има и проблеми со тоа како треба да се движи, го гледам неколку пати при контра не знае каде треба да отиде, дали за да повлече играч или да отиде во простор да прими топка.
А и Тео сум го приметил на неколку натпревари, при контра или успешен пресинг, кога ќе влезе навнатре, што е добро, се губи при тој завршен пас.