Од Емерсон сакаат да направат нешто како Кукуреља на ЕП за Шпанија, некој што ќе донесе баланс, од една страна офанзивната лева страна, но плус и во дефанзивна транзиција.
Да придонесе во таа реакција по изгубена топка, особено ако играат со Пулишиќ како десетка. Но, без некој во среден ред што ќе перципира добро противничка транзиција, ќе пресекува, одзема топки, ќе биде опасно со таков напад. Со Павловиќ, Емерсон и плус некој Фофана, може и да успее и така сега би требало да се покомпактни.
Ризичен малку план на Фонсека, но интересен, всушност и ако не превземеш некаков ризик, обид да играш нешто, не можеш и да направиш нешто. Подобро ако пропаднеме тоа да биде со некаква идеја, отколку со анархија, како претходните две години.
На турнејата во САД, имавме проблеми со бекови, што го комплицираше планот на Фонсека за билд ап, лево Терачано со десна нога и немање пробивност, способност за повторување, не заврши некоја работа, а против Барселона, Салемакерс беше многу лош, доста изгубено делуваше како бек. Ќе биде проблем кога ќе треба да игра некој место Тео, можеби Павловиќ, да крпи понекогаш.
Во срединиот ред, на страна Адли и Побега, Рубен ќе треба доста да работи да се прилагоди во овој систем, ако воопшто може. Не би било лошо да го задржат Бенасер, кога веќе помина цели припреми, а и може да даде поголем придонес од Рубен и Муса, доколку пак не се распадне и го туркаат во количка.
Немаа многу време за припреми оваа лето, особено со првотимците, но барем Фонсека има интересни идеи и ќе биде интересно да се види колку ќе бидат успешно реализирани.