Шевченко од пензија со една нога е голгетер за примадоните наши.
Денес и нема некој избор на фудбалери кои се над просекот, особено за Милан со такви сатанистички газди кои гледаат само профит и со такви финансии за трансфери, квалитетот општо е паднат енормно, порано за златна топка се бореа Роналдо вистинскиот, Шевченко, Роналдињо, Кака, Дел Пиеро, Бекам, Батистута, Тоти, Малдини, Веа и други великани и пред нив, сега се борат родрии, педрии, винисиуси, халанди, саки не ни ги знам луѓето. И тие кои не беа највисок квалитет порано сепак беа извонредни како Тони, Ди Натале, Креспо, Солано, Лаудруп, Томасон, Ето и така натака.
Сега нема такви, просеците се ужасно лоши, неколку се издвојуваат мала група на прсти се бројат и жално се најдобрите денес, а кога се играше фудбал ќе беа замени за тогашните просечни фудбалери или немаше ниту да стигнат да станат фудбалери.
Така тешко дека ќе погодат некој на задоволително ниво како Рајндерс и Пулишиќ, проблемот со овие е шо не му е гајле за Милан, само профит и работење по американски терк, забава резултатите не се битни дури има профит.
Малдини и да грешеше во вакви услови без пари, со рестрикции, немање на избор на квалитет, сигурно не му беше приоритет профит, туку резултати, во такви погоре опишани околности успеа да изгради тим кој по 11 години ја освои Лигата и играше полуфинале Лига Шампиони. Да останеше ќе имавме надеж за подобра иднина ако ништо друго, ама и надежта ни ја зедоа сатанистите, нема мерак, нема жар во гледањето и пратењето.