Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.571
Поени од реакции
5.575
Заниоло фудбалски е 3 класи над Месиас, Алекс, Ребич барем по мене. Олеснителна околност е што има скинато лигаменти на 2те колена и си има вештачки лигаменти, така да освен мозокот друг поголем проблем не би требало да има со него.
Кј Заниоло едино што има подобро од Ребич е мајка му, според мене...

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.529
Поени од реакции
14.999
Заниоло е ризик, затоа е битна цената. Милан не може да си дозволи ризик и со помали трансфери, а не со тие преку 20, 30 милиони.


Некој може да напише дека секој трансфер е ризик, но не е исто да купиш кола од салон и поволна, особено скапа.

Дека е подобар фудбалер од Сакемакерс не е спорно, цената е проблем и дали има попаметни опции за трошење на пари.

Мене ми се допаѓаат неговите физички предиспозици, не само техниката, дури можеби би бил подобар како напаѓач, лажна деветка, но и вистинска. Може да добие дуел, да игра со грб, да прими топка, да се загради.

Инаку доста е суров, многу добро што прави паѓа во вода. Катастрофа е во донесување на одлуки. Тоа е и негов карактер, да биде на топка секогаш, да солира. Што е исто проблем за нас, ние имаме лево такво крило, десно ни треба некој повеќе што сака простор, работи без топка, брка длабочина.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.529
Поени од реакции
14.999
За трансфер шпекулации и продолжување на договори, најмногу им верувам на новинарите што се ептен блиску до клубот, како Лонго, Витиело, Мацара.

Овие демек големи новинарски имиња и медиуми се покажаа доста лоши, а и сега што ги форсираат муабетите не ми изгледаат најлогични.

Ако ви текнува за Де Пол лани, исто почнаа шпекулациите во италијанските медиуми бргу по завршувањето на сезоната и демек многу е сериозно. Тоа форсирање на некои "очигледни" имиња од италијанско првенство, плус одработување малку за некого.

Колку се нерелевантни за работите околу Милан се гледа и продажбата на клубот. Немаа поим за првата понуда, додека пишуваа дека е готово со арапскиот фонд, повторно последни дознаа дека има друг во игра. Се случи договорот излегоа со погрешни податоци околу трансакцијата (кредит, камати).


За трансферите почнуваат со фудбалери од италијанско првенство, потоа кога ќе дознаат дека Милан се распрашува за некои од други лиги ги уфрлуваат и нив. На крај, нормално дека во таа шума од имиња, некое и ќе погодат.
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.734
Поени од реакции
2.823
Добар овој малиов Гнонто, да го земат ко кец на 10ка ќе е
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Lacazette летово ќе биде слободен играч доколку не сакаат да дадат големи пари за Ketelaere или Scamacca.
Ќе им треба уште еден за ротација со Ориги и Жиру.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Lacazette летово ќе биде слободен играч доколку не сакаат да дадат големи пари за Ketelaere или Scamacca.
Ќе им треба уште еден за ротација со Ориги и Жиру.
Vekje dogovoren transfer vo Lyon. Sale Ibra go zaboravi hehehe
 
Член од
19 март 2014
Мислења
621
Поени од реакции
932
Саше ако и после сезонава не си задоволен од тимов, тогаш стварно имаш проблем :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.991
Поени од реакции
51.134
Ибра ќе го намести Абате. Не му беше дворски шут за џабе две години. Дури сакаше и во ПСЖ да си го земе, ама среќа тие се опаметија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom