Уште не ги научивте како работат до сега. Не функционираат воопшто на класичен начин и на овој форумски менаџерски.
Ако проценат дека некој фудбалер може да им понуди нешто, тие ќе го купат, без разлика дали е 10 или 30 милиони. Или дали некој му "заземал" место.
За напад, Малдини и Масара изјавија дека се свесни колку им се стари напаѓачите и треба да се донесе некој.
Од друга страна, доколку не се сигурни за некого, нема да купуваат, а веќе намалуваат дури и со позајмица на такви.
Еве ви најдобар пример што се случи во јануари. Не земаа никого. Останаа со Калулу и Габиа едно време, додека да се врати Томори.
Не земаа дефанзивец и покрај тоа што Кјаер имаше тешка повреда, а Томори правеше операција. А уште короната беше проблем.
Преговараа до последен ден озбилно само за Санчез и Ботман. Тие што им беа и што до денес им останаа трансфер цели. Едниот не го пушти Лил, другиот реши да размислува.
И кренаа раце, не се крпеа, ниту земаа некого за 6 месеци да покрие во дефанзива или на некоја друга позиција.
Напаѓач бараат две години, но не најдоа ниту еден што ќе им се допадне и што можат да си го дозволат.
Да јас така мислам Ориги е 95% играч на Милан,Жиру има уште една година договор и доколку продолжи Ибра нема да има простор за потпишување на друг шпиц но како што кажав ќе видиме во Септември дали грешам.
Па Жиру, Ориги, плус Ребиќ или некој со такви карактеристики место него е реално сценарио. За една позиција тројца фудбалери.
Уште еден во напад, поскап, може да земат само по оној принцип што го објаснив. Единствено ако проценат дека некој ќе може да биде првотимец сега или за брзо време.