И лани и сега, нормално доколку го освојат, во што јас верувам, местото во ЛШ е заслужено, односно не е освоено затоа што некој друг бил лош.
Направете просек од претходни 10 сезони, колку бодови биле потребни за ЛШ и сигурен сум дека Милан лани не беше, ниту сега ќе биде испод таа бројка. Минатата сезона четвртиот и отскокнува со освоените бодови (како и во 19/20), а особено петиот, кој во овој случај и треба да се прати, затоа што тој прави проблеми.
Со освоени 79 бода е сосема заслужено место во ЛШ. Не верувам дека Милан ќе заврши со помалку освоени бодови и во ова сезона.
Ако одиме со тој муабет, среќа оној киксал и слично, ќе излезе дека првите 5 на табела треба да имаат преку 85 бода, а тоа се повеќе бројки за титула, отколку за место во ЛШ.
Јуве и Аталанта може да си дозволат само еден кикс за да се изнад 80 б., па да не бидат доволни бодовите од минатата сезона, но ќе мора и двете да се без два кикса, не само еден од нив. Може се да се случи, но не делува баш реално.