Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Адли, Тонали, Побега, Санчез, Раде, Бенасер Плус уште еден кој ќе биде замена за Бакајоко кој не верувам дека ќе продолжи и тимот немало да биде ниво погоре од тоа што е сега. :pos: :pos: :pos:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Со трансфери на двајца играчи во среден ред Побега ќе си бара друг клуб за позјамица.
Со нашиот медицински тим 4 играчи се малку за среден ред. 6 играчи е ок за ротирање и на АМ позиција.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.525
Поени од реакции
4.698
Nikoj ne go racuna napredokot na odredeni igraci, ovoa so se desava so Tonali i Leao bez razlika so lani dvajcata gi imavme vo ekipa e ednakvo na 100m potroseni, da takov pridones imaat.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Никој не вика дека нема напредок, но не може на нив да рачунаат на 50 натпревари цела сезона.

Ова лето не треба да им е како минатото со оглед на тоа што зимата ја преспаа, а не и следна сезона пак истото со повредите и физички неспремни играчи за играње два пати неделно.

Сенси што го измаваа на позјамица е добра опција за Пиоли, ама повеќе повреден отколку здрав.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.178
Поени од реакции
14.387
Повреди се друга приказна, но не може да имаат 100 фудбалери затоа што ќе се повредуваат.

А ако некаде Милан е добро покриен, а по се изгледа и следната сезона ќе биде така, тоа е во средниот ред. Целата сезона сите се солидни или топ, освен Бакајоко кој правеше некои глупости, но и тогаш изгледа можеше без него.

Јас сум задоволен во овие 25 кола од Тонали, Бенасер, Кеси и Раде, а двајца беа и на континентално првенство, среќа на кратко.

И ако ги земеме сите 4 линии во оваа 4231, таа линија со двајцата во средина, веројатно се има и најдобро покажано во однос на сите други.
Автоматски споено мислење:

Ди Марцио вели дека Кеси барал 9м, а му биле понудени 6-6,5м. Не знам дали на друго место ќе земе 7, 8 или 9м, но вакво барање е јасно ставање до знаење дека нема некоја намера да се продолжи договорот.


Доколку ова е вистина, дали сте да му продолжат договор на Кеси за 9м? Дупло повеќе од Тео, Леао, не знам колку зема Тонали, но сигурно би земал Кеси некаде 7 пати повеќе.

Зарем е толку подобар од Тонали, речиси три пати од Бенасер, два пати позначаен играчки и маркетиншки за тимот од Тео и Леао?
 
Последно уредено:

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.633
Поени од реакции
48.574
Ако се истовари наредно лето макар и за 20, вреди да му се продолжи. Иначе, подобар не е од ниеден од нив, само е поискусен.
Плафонот на Кеси беше тоа што го изигра минатата сезона и дел од оваа, а тоа не е за повеќе од 6.5, ни во Милан ни никаде, ама не е тоа поентата.
Дозволија да ги прелаже со приказната за Олимпијадата и тука играњето курташак со Милан стана правило.
Како и да е, сега веќе е касно, почна јавноста да се врти против него, да го прозиваат од трибина и да го свирка стадионот, така да нема тука назад.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.792
Поени од реакции
6.465
Кеси реално вреди околу 6.5 миљона и тоа максимум со сегашнава форма.....да сака да остане и 5.5 треба да прифати.....

Лошото е што ќе иде у друг тим за 7 затоа што агентот му продава магла, нема некој да му даде 9 па ни ПСЖ......

Мислам и дека он реално не очекува 9 туку едноставно сака да си оди....
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Кесие го сметаат за позначаен поради минатата сезона што ја изигра како светска класа фудбалер, беше лидер на терен, тенк и без него тешко до ЛШ.

Не е играч кој има некаква маркетиншка вредност, па да добие толкава плата. Таа плата се дава на Дибала кога сме кај играчи од Серија А.

За средината изгледа дека е добро покриена додека не се повреди некој.

Кесие ќе си оди и според тоа им треба ист таков играч.
Иако во тимот има повеќе стрелци пак фали друг играч од среден ред кој знае да се снајде пред гол, да шутира од далеку.
Нема никаква опасност од Бенасер и Тонали. Повеќе топката се префрла на Леао и Ибра и Жиру и се чека да направат нешто.
Фалат голови и од АМ и десно крило.

Адли не го рачунам тој е трансфер од минатата сезона, нова лига за него и неискусен за големи натпреварувања.

Ова е ако сакаат да се едно ниво погоре и поминување групи ЛШ и од старт борба за титула во Серија А.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
608
Поени од реакции
923
Што му рекол чичко Малдини на ѓупецот: ''Дечко ти си Франк ама не си Рајкард, туку си Ќеси :icon_lol: "

Сигурно нема везе, ама јако е:icon_lol:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Што му рекол чичко Малдини на ѓупецот: ''Дечко ти си Франк ама не си Рајкард, туку си Ќеси :icon_lol: "

Сигурно нема везе, ама јако е:icon_lol:
Sigurno deka mu rekol, Pan4e na Ac Milan Macedonia Ross0neri Macedonia sto objavil :)
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Мислам дека до крај на сезона не треба се мењаат овие стартни 11. Од клупа нека влагаат Ребич, Ибра, Флонренци, Сале и Кесие и тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom