Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
И нема којзнае каква поддршка напред. Научен е да играат и тие околу него.

Фалат Леао и Ребич, ама тоа не го менува фактот дека Диаз и Салемакерс се статични.
Салемакерс без никакви вештини за крилен играч.

Сезоната ја почнаа со Тонали и Бенасер како стартери и фатија некаков ритам и сега ова се премногу ротации секој натпревар.
Калулу стандарден бек после Калабрија. Флоренци кога треба да се бранат.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Диаз и Флонренци колку се за греота...уште 10 дена по ред да играме гол не даваме.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
Nitu edna sansa 90 minuti protiv Udinese. Sramno. Vaa ekipa nemoze poveke od 3,4to mesto("Arno" so ligava e tapa).
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Бенасер е пола играч од тоа што беше лани, едноставно доби излив во 17 минута кога го направи тој пас. Најверојатно Пиоли и оној клонот што му е помошник гледале снимки од Удинезе - Лацио кога Бето ги изрешета на истиов овој начин и упорно пробуваше да игра по средина. После се решија на нафрлени топки против играчи од 2ипол метри во одбрана. На Ибра треба некој топка да му пушти а Диаз не е тој што ќе ја достави, на почетокот на сезоната имаше overperformances и тоа е тоа.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Бенасер треба континуирано да игра со Тонали. Не му треба многу време за да се врати како Диаз и Салемакерс пример.
Тој знае да изигра лошо полувреме, а после второ одлично. Не знам кој натпревар беше кога почно лошо после како друг играч.
Знае да направи вакви грешки и неговиот пристап е игра со висок ризик, а со тоа очекува и многу да добие.

Многу поголем проблем е тоа што не можеа да се вратат. Тонали после натпреварот изјави дека им било проблем и касно се вратиле во натпреварот. Да паднеше голот 10-15 минути поарно ќе имаа шанси за една победа.

Брахим требаше да си ја прекине позајмицата, не само да излезе од игра. Задоцнета измена, дури и Малдини изгледаше подобро од него.
Салемакерс доволно беше десно, па и лево.
Меси си врши работата како крило, добар еден на еден, има шут, ама знаеа дека е единствена опасност и го чуваа тројца.

Нема логика Тонали да биде на клупа кога минатиот натпревар излзезе порано. Нема повеќе натпревари ЛШ, нема потреба да се одмараат играчи на кои им фали минутажа за да фатат ритам, а исто и Калулу.

Флоренци како искусен играч на крај наместо да центрира тој шутира. :tapp:

Треба да запнат пак за Фавр, тој им е надеж во зимскиот период. Еден од ретките играчи кој Малдини ги бара и сам се нуду.
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.991
Поени од реакции
6.874
Едноставно премногу лежерно влагаат на утакмициве... мислиш 3 пати по ред претходно титула освајале....

Мора побрз подиректен фудбал како ништо да не научија од ЛШ утакмиците, мора Пиоли да смени и игра и тренинзи вака не иде...ако продужат вака лига Европа ќе ни биде успех...
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Иначе @Hm_Hm се слагам и Ибра е за критика со игрите што ги има последниов период ама пак тој е единствен во тимот што може ваков потег да извади и гол да даде. Башка нема доволно подршка од тие позади него. Очајно е колку не можеме шанса да створиме.
 
Член од
20 ноември 2021
Мислења
28
Поени од реакции
131
Mnogu e loso koga dobri igraci i dobar trener ke se umislat deka se nekakva si svetska klasa. Igracive nasi za da licat na nesto pristojno na teren treba vo sekoja utakmica da vleguvaat so 200%, a ne da glumat deka igraat nekoj ‘‘siguren‘‘ fudbal i kako tece sezonata da se blamiraat se poveke i poveke. Denes taa lezernost pridonese Benanser da dade eden ekstremno glup pas ko da e na termin vo forza od koj primivme lesen gol po kojznae koj pat, Teo gubi topki na nasa polovina na sekoja utakmica vo namera da predribla 10 protivnicki igraci, kapitenot veke so godini se vlece ko da e na revijalen mec, Salemakers ne znae ni sam sto pravi, Diaz posle koronata nema napraveno edna korisna rabota itn. Da ne gi nabrojuvam site zosto bukvalno nema igrac sto se nema izglupirano glumejki igrac od prva klasa. Najtragicno e sto pred samo 3 dena Klop i decata na Liverpul ni pokazaa na San Siro kolku kasnime od evropskiot krem, no ocigledno lekcijata ne e naucena.

Od druga strana i Pioli bez potreba pocna da glumi treneriste. Apsolutno bez nikakva potreba go pocna natprevarot so Bakajoko i Benanser pred Tonali i Kesi i kako sto e redot uste od sam start toa ni se udri od glava. Vo situacija koga imame poveke povredeni od zdravi igraci jas stvarno ne ja gledam potrebata samite svesno da go oslabnuvame startniot tim so toa sto pokraj Tonali i Kesi kako udarna dvojka vo sredniot red, na klupa ostana i Messias koj sto e vo daleku podobra forma i razbira mnogu poveke fudbal od Salemakers, a i ne ja gledam potrebata Florenzi da igra pred Kalulu.

I koga veke gi spomnav povredite mislam deka e krajno vreme nekoj da prevzeme odgovornost za istite. Ova sto se slucuva so Milan i brojot na povredeni igraci e krajno neseriozno. Ne deka sakam da baram nekakvo opravduvanje za denesniot rezultat, no za bilo koj klub istovremeno da gi nema Rebic, Leao i Ziru e golem udar sto se odnesuva do ofanzivniot del od timot, a bogami i pozadi ne sme za zalenje so otsustvata na Kjaer i Kalabrija. Ne li se resi ovoj problem vo najbrz mozen rok, ni Salah i De Bruyne ne ne spasuvaat vo januari.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
И самиот Пиоли изјавува дека мора Тонали да игра и дека е важен, а го остава на клупа.

Тонали-Бенасер треба да е изборот во среден ред.

Најмногу примени голови од изгубени топки при градење на напад во дел од теренот каде противникот физички е посилен или лошо се поставени.

Кесие знае да изгуби дуел и напред да уништи шанса. Нема сврзано два натпревари на ниво.
Тој засега треба замена за Бенасер и Бакајоко за Тонали.

Покрај она ризично додавање и Бакајоко лошо беше поставен и веднаш тргна напред кон гол како веќе да ја има примено и да е сам, па нема да ја изгуби.

Вакви ризични додавања има многу од Бенасер, ама не се сите спремни да ја примат и задржат и изнесат топката.
Негова грешка што го прецени Бакајоко како способен за вакви топки да изнесе и не отиде на полесно решение да ја врати назад или лево.

Ова минатата сезона беше лесна задача за Кесие да прима изнесува кога е помеѓу двајца играчи.

Бенасер е важен за тимот и знае да даде добри топки напред. Онаа до Диаз минатиот натпревар пример.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.374
Поени од реакции
14.789
Ми се погоди сезонава да можам да гледам повеќе фудбал, така да освен Милан, ги имам доста гледано Интер, Наполи и Аталанта.

Треба да се биде искрен и да признаеме дека сите три екипи делуваат поубедливо од Милан, особено против овие послаби. А од друга страна, ако ја тргнеме Фиорентина, Милан беше добар против првите осум. Можеби е и до перидот кога играа со тие екипи.

А тоа што другите изгледаат подобро, не може да се оправда само со повреди.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140

Сега се ќе ни се врати како бумеранг а тие сакаат да му продолжат уште една година.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Дај боже уште 3 сезони минимум му продолжат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom