Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.510
Поени од реакции
14.960
Кои се тие добри натпревари на Хауге кога играл повеќе од 20 минути? Можеби требал да добива повеќе шанси, да го пробаат и на десно крило, но тој кога играше најмногу, декември-јануари, беше најлош. Дали било до него, до тренерот, начинот на кој бил користен, до многуте повредени, па не било тоа добра средина и што ти знам е друго, но тогаш Хауге не беше добар.

Леао најчесто беше лош кога играше како напаѓач. Па тој дури во последно време поднаучи нешто како треба да игра без топка. Хауге нема натпревари како Леао против Интер и Рома.

Инаку, Хауге е многу добар финишер.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Bayern go dogovori Sabitzer za smesna cena, koga se interesiraa za nego trebase da zagrizaat. Sigurno podobra opcija os ovoj od Bordo.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Bayern go dogovori Sabitzer za smesna cena, koga se interesiraa za nego trebase da zagrizaat. Sigurno podobra opcija os ovoj od Bordo.
Само што самиот Сабицер од старт сакаше само во Баерн да оди и на ниедно друго место. Точно 0 шанси имавме него да го земаме.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.510
Поени од реакции
14.960
Кастиљехо морал да изгаси твитер поради голем број на негативни коментари. Кое идиотско однесување, сигурно дечурлана и фанови од Азија, претежно Индија.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Само што самиот Сабицер од старт сакаше само во Баерн да оди и на ниедно друго место. Точно 0 шанси имавме него да го земаме.
Затоа имаме кај Адли и некој слични ботови од Кротоне.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.510
Поени од реакции
14.960
Од денес и Кастиљехо ми е на листата на симпатични фудбалери на Милан, кои се омразени кај повеќето фанови. До вчера беше само Раде. Калабрија излезе затоа што мнозинството веќе не го плука.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.899
Мислиш само ние сме биле заинтересирани за Сабитцер и ако посериозно загризаа за него он ќе дојдеше во Италија. Одамна прекинаа со шпекулации за него. Јас веќе и го заборавив сега ме потсети кога објавија дека оди во Баерн.

Прво си чека понуда од Бундес, а и тие се познати по собирање најдобри играчи од конкуренти за џабе. И сигурно од вчера немаат стапено во контакт со него па друг клуб пред нив да реагира.

Од утре влегуваме во Галијани зона и ќе чекаме последна шанса и попуст. :D
 
M

Macedon1um

Гостин
И Влашич изгледа во Вест Хем, за нас што ќе остане на крај тоа - читај Фаивре и Месиас :LOL:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.899
Се враќа таму каде што беше флоп изгледа после ова сака пак назад во Русија. Му се брза да смени клуб.

Не може да се натпреваруваат со клуб од ПЛ и е спремен да плати 30 мил додека ние пробуваме со позајмица и откуп.
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.734
Поени од реакции
2.823
Каков меч очекувате вечер со Каљари? Дали ќе биде очобол ко прво коло со Самдориа или ќе се опраат
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.510
Поени од реакции
14.960
Каков меч очекувате вечер со Каљари? Дали ќе биде очобол ко прво коло со Самдориа или ќе се опраат
Нека биде како првото коло со Сампдорија, немам проблем. :)
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Абе да не се лажеме дека Пакета, Хауге, Леао, Силва, па еве и Диаз и тн се некои екстра талентирани играчи, далеку од тоа.
Ама и дека можат, треба и требаа повеќе и тоа е факт.
Да, Италија е ова, тешка лига, сите играат добра одбрана и тн и тн...
Но, имам дојам дека овие играчи кај нас се гушат и се загушија, нешто што е најголема кривица на тренерот, неговите претходници самиот начин на игра на Милан.
Немаат играчиве слобода, премногу се трујат ми се чини со тактика, Милан игра улллллллллтра споро и цело време организирано, прилично предвидливо би рекол. 300 додавања и стигнуваме до гол и таму кружиме како киша око Крагујевца... Џабе ти е експлозивност, брзина, продорност кога цело време сме соочени со консолидирана одбрана и секој напад е спор и бавен, оставајки премногу време на противникот да се врати назад.
Ретко играме течно, ретко креираме контри и полуконтри (скоро никогаш), многу мртва и спора игра имаме во глобала и затоа такви играчи кои може да експлодираат по контри нам ни се чинат како изгубени таленти.
Еве, цело време ја земаме Аталанта како позитивен пример од Серие А... Вадат многу солидни играчи, баш поради тој слободен, атрактивен, напаѓачки фудбал... а нивните таленти пред да дојдат таму, компарирани со нашиве, па би рекол дека се со помал потенцијал отколку оние кај нас.

Би рекол дека го играме најНЕатрактивниот фудбал од сите екипи во ЛШ, заедно со Атлетико секако :D

Не сакам да сум огромен песимист... Но, мислам дека доста од сезонава (барем есенскиот дел) ќе ни зависи од тоа дали ќе се бламираме во ЛШ или не. Тешка група е и може тешки катастрофи да ни се случат. особено против Ливерпул/Порто на гости, па и дома... ако примиме гол во први 10-15 минути, кога ќе почнат со јак пресинг глава нема да знаат кај им е, плус никој нема искуство во елитното натпреварување. Тимов еден дебакл на Енфилд може многу да го кошта и нештата брзо да тргнат наопаку. Ако се погоди тоа во комбинација со некоја повреда (недај боже), го обравме бостанот.

Еве, Пиоли, да речеме, дури и да се пласира во топ 4 и оваа година (што е цел нели), мислам дека го нема тој потенцијал да не крене едно скалило погоре и да се вклучиме во муабет околу борба за титула. Едноставно не е врвна класа од тренер.
Дел од одговорноста е за пропаднатиот талент е и на самите играчи, ама и не се они толку лоши ко што ги праиме овде. Има некои примери каде што е евидентна кривицата на самиот играч пример Кутроне. Кај другиве, дел се они криви, но и самиот менаџер и неговата филозофија и целиот стручен штаб и интензитетот на тренинзите си го праат своето.

Со таква хардкор неатрактивна, спора, мртва игра, ние постигнавме резултат лани... Баш таа низа од непоразени натпревари би рекол беше комбинација на "One hit/season wonder", многу лесни натпревари, слаби противници (кога налетавме на првите сериозни екипи како Интер и Јуве, убаво не спуштија на земја).
Но сепак, не сакам да му го земам тоа достигнување на Пиоли, нити пак на играчите.

Денес да им вратиме убаво на Каљари што не намачија лани (1-1 кога заврши претпоследно коло) и што чекавме гостување во Бергамо да се пласираме во ЛШ.

Ќе видиме како ќе влијае врз играчите присуство на фанови на Сан Сиро, дали ќе им даде крила или како претходните сезони ќе им прави незгоден притисок под кој може да потклекнат.

Forza Milan.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom