Картата на Абате јас ја плаќам...пренесете кај ќелавите.
Да пишам малце и јас за моменталнава ситуација...Мене како и на сите овде ми е јасно дека Милан со овие играчи не е способен за високи дострели но никако не може да ми се разјасни која е поентата со чувањето на клупа на оние што стварно знаат да играат фудбал и која е поентата со играњето играчи на погрешни позиции.Да почнам по ред од одбраната.Ако некој од одбрана покажа дека знае да игра фудбал тогаш тоа дефинитивно на позицијата бек е Де Шиљо,а на позицијата стопер Запата и веднаш по него Мексес.Ниту еден од овие не е прв избор кај Алегри,а ситуацијата да биде далеку по глупава ја прави дотичниот Алегри кој место нив игра 2 ретардирани играчи (Бонера-Антонини) и еден играч кој што максимум што треба да прави е да грее клупа (Јепес).Во средината не се знае кој пие,а кој плаќа.Со исклучок на Де Јонг сите други му играат на погрешна позиција.Емануелсон десно крило од лев бек/лево крило,Боатенг како главен креативец а плаче да игра по страна во средина за да може да ја користи брзината,Монтоливо веднаш пред одбраната а плаче да игра позади напаѓачите...позиција каде што гарантирам со глава дека ќе биде 10 пати покорисен.Формацијата со 1 шпиц е исто така промашена затоа што Милан нема ниту крила ниту јаки креативци.
Абијати
Абате Запата Мексес Де Шиљо
Боатенг Де Јонг Емануелсон
Монтоливо
Пато Шарави
Се додека не почне да игра со овие играчи најголем дел од вината ќе оди кај Алегри...макар му донеле и уште 100 просеци во екипава.Можеби немаме тим да се носиме со Барса,Баерн,Реал,Челзи но мајмуни од нас да прават Аталанта,Лацио,Сампдорија и најверојатно утре Малага е стварно срамота.