Нема желба за игра,нема воиграни акции,однесувањето на терен е како да е пријателска утакмица,себичењето е присутно (поготово од Боатенг) ...Се додека овие работи и некои други кои ме мрзи да ги редам се присутни тука ниту ќе победиме ниту гол ќе дадеме.
Алегри или е слеп или слеп се прави.Гледа дека немаме креативец и дека најопасни сме по крила (Урби-Шарави) и место да форсира таква игра во која создадовме и неколку шанси тој го вади Урби и го става Констант како креативец....ејјј КОНСТАНТ КАКО КРЕАТИВЕЦ.Боатенг упорно го пика во средина каде што овој се губи и нон-стоп паѓа...мислиш духови има на Сан Сиро.Друга работа околу Боатенг е тоа што ептен станал себичен и е влезен во страшен филм на супер стар,а кога го извадија демек нервозен нешто и ако добро забележав почна да цмиздри како дунденце некое.Оној Боатенг од лани што ни 3 клизачи со 2 нозе не го бутаа на земја веќе го нема.Антонини стандард...секој аматер го прави мајмун па и вечерва играчите на Андерлехт не пропуштија да си поиграат таквото со него.
Покрај целиот оној циркуз среќа е што имаше играчи што се залагаат како Мексес,Де Шиљо,Де Јонг,Емануелсон и Шарави инаку ни тој млитав бод ќе го немавме.