Billa Bong
I love Basketball
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 6.590
- Поени од реакции
- 11
Еве за што се подготвувавме толку ајде МЗТ 4 ајде кикс на Пелистер
Струмица 2005 е фаворит да го совлада МЗТ Скопје во натпреварот, кој го игра во својата сала “парк“, утре, со почеток во 19 часот. Но, Струмичани во последните 4 суперлигашки средби имаат 3 порази и една неубедлива победа против Фени Индустри на домашен терен. Тоа ја доведува во прашање победата на лидерот на табелата, и покрај трите сигурни победи над МЗТ Скопје во досегашниот дел од првенството.
- Треба сериозно да го сфатиме дуелот со МЗТ Скопје. Потребна ни е победата и мора да бидеме внимателни. Го познаваме противникот добро, се работи за солидна екипа, но ние сме фаворити и мора да ја оправдаме таа улога на теренот. Сите играчи се здрави и подготвени, со исклучок на Софатидис, кој има проблеми со повредата. – изјави тренерот на Струмица 2005, Стратос Кукулекидис.
Избраниците на Александар Петровиќ останаа во игра за 4. место по победата над Фени Индустри во Кавадарци. Но, против струмица 2005 ќе треба да одиграат уште подобро, доколку сакаат победа. “Металците“ имаат неповолен распоред до крајот на сезоната и ќе мора да одат на победа во сите три преостанати средби.
- Самодовербата на играчите е подигната по победата над Фени Индустри. Нема да се предадеме во Струмица. Знаеме дека домаќините се фаворити, но нивото на нивната игра во моментов е доста пониско за разлика од она ниво, на кое беа во првиот дел од сезоната и во првите кола од Космофон Супер лигата. Ќе се обидеме да го неутрализираме нивниот скок и да го запреме Ефтим Богоев, кој ја движи целата нивна игра. – изјави тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ. Тој на гостувањето во Струмица нема да може да смета на повредените Димче Гаштарски и Дарко Радуловиќ.