Тоа што картите се поделени на 300 одбрани души е добро само не ми се свиѓа што некој од тие ги нудат на фб за најдобрата понуда.Дечките ако не сакаат да идат нека не зимаат карта,има некој што душа даваат и не зимаат карта.Сепак ја подржувам одлуката на Ф.А.
Сеа малце и за утакмицата.Кај нив ситуацијата е катастрофална.Си отидоа неколку асални играчи(Кол,Калањ,Јовановиќ,Димче)дојде само јелесиевиќ по партиска линија.Мираковски и Богоев се повредени,така да се на се работнички имаат 8 играчи
(Јане,Јелесиевиќ,Хаџибуљаш,Васиљевиќ,Зујовиќ,Дилберовски, Станков,Богески)Другите 5 места ќе ги пополнат со младинци т.е. ако ги стаиме и Станков и Богески во младинци они имаат 7 млади и 5 искусни кошаркари.Се освен атмосферата и мотивацијата е против нив.И искусните играчи освен Хаџи и Јелесиевиќ не играат во добра форма,Јане дава ама и преку него се даваат мн.поени,Зујовиќ и останатите не се сјајни.
Од друга страна МЗТ ќе влезе како фаворит(како и во предходните 2)но сега и со памет во глава.Дополнително сме засилени со крило(зашто Ристе не играше против нив),Мијајловиќ изгледа како да се адаптира на тимот,Далман е во одлична форма,Чековски и Гечевски се класа над нивните играчи,единствен проблем е што огнен нема да игра,ама ако он не игра ќе добијат поголема минутажа Дејвис,Вучуровиќ,Грне а можеби и Кочов.Се надевам дека нашите нема да го потценат противникот,Дејвис да лупне 2-3 тројки на почеток и ќе биде весеље.
П.С.Алал да му е на тој што ќе го прочита зашто јас очигледно се заборавив