Бев присутен на утакмицата и мислам сето тоа со Димчевски беше непотербно, сепак беше у репрезентацијата, ми има оставено барем мене лично, впечаток на добар дечко, јес да е малце пргав на паркетот, но ... ок, тоа е што е ...
Играта во одбрана на МЗТ беше повеќе од добра, да се задржи на толку малце поени тим како Торус е супер, но мора да се поправи нападот.Новиот играч е добар, бар според мене, се труди многу е борбен, неможе од 1 шут за 3 да му се суди.
Конечно Мијајлович докажува дека сварно е добар играч, браво за него.А за Далман немам зборови, толку осет за скок игра немам видено, знае секоја топка кај ќе падне, таму е ја фаќа и дава кош, или во најдобар случај фаул и кош, слободните не ги промашува, доволно за секоја утакмица да има дабл-дабл
И да Рејнолдс го имаше најдоброто забивање, одкога јас гледам македонска кошарка
Честитки за победата.
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 01:45 ---
Кол најверојатно го напуштил Работнички и нема да игра против нас, не знам колку е точна информацијава али ете денес не бил ни на клупа.
Иначе Кол е уште во Скопје, не игра, сите знаете зошто
