Само да напоменам дека не ни беше дозволено да внесеме барјаци на утакмицава, необјасниви причини. Присутни околу 10 кампањоли ако не и повеќе, желките во сала распоредени на секој метар, немаш простор да се накашлаш а камоли за нешто друго. Исто така и обични кучиња на трибина, што се гледа и по сликата ... се на се, сакаат уништување на навијачите, тоа е сигурно. До кај ќе се тера допрва ќе видиме, само паметно!
Резултатот иначе од денес 111-74. Будење на нашите играчи, мислам дека поголемиот дел од нив озбилно го сфатија поразот од Торус минатото коло и сеа буквално изгинаа. Се виде од почетокот дека се спремни да изгинат на терен. Шутот не служеше доста добро, одлична партија на повеќето што играа, да не издвојувам сега.
пс. Имаше гостински навивачи т.е. симпатизери ... еден од нив се обиде да влезе на терен за да се пресмета со судијата (Милојевиќ ако видов добро) ... после тоа нормално не беше санкционирано, човекот не искочи од сала а и тие со него станаа да му помогнат во провокациите. Судијата и делегатот тука не реагираа и не ги натераа да ја напуштат салата,дури и полиција имаше околу нив како обезбедување така да уште од прво коло после донесувањето на срамната одлука за забрана на гостувања тие не испочитуваа да се држат до правилата. Не ме ни чуди зашто! Да беше некој друг во прашање се кладам дека и прекршочни пријави ќе летаа.