Многу го прајте јак ќебапот,а по мое мислење не е ништо посебно. Мислам океј,погоди некој невозможни шутеви,посебно против Фени,ама ако против него има добар плеј има мамето мамино да му се ебе...Остајте македонска лига кај шо пола од играчите се хаварија,у АБА лига било која екипа со просечен плеј ќе го здробеше..
Морам да си се вратам на мислењето по "импресивните" партии од купот. Класичен баскетџија,врска нема од организирана кошарка.
Тоа синоќа на МЗТ беше класична антипропаганда на кошарката,ја полоша игра неам видено одамна. 1 изиграна акција немаше,се беше сведено на индивидуална игра и импровизации,играчите меѓу себе воопшто НЕ комуницираа,посебно во одбрана. Катастрофа со еден збор,Работнички да не ги промашуваа тие слободни и отворени тројки,Гинјард посебно мислам дека 15-20 разлика комотно ќе беше.
Не знаеш кој беше послаб,дали Крафорд,дали Синовец(за овој од секогаш сум имал ниско мислење,али посебно тоа синоќа беше хаварија...ајде рикверц у српска селска лига мајсторе,онака дечкото изгледаше како да се собрале двете екипи за баскет,али му фалел еден играч и овој бил последна опција,тотално незаинтересиран за ништо),Трајковски погоди 2-3 шута,али глупото форсирање никако да го искорени. Не ми е јасно бе Кочов мајсторе,играш против факинг Чековски шо по 3 минути игра не можеше воздух да земе,го имаш Кире Николовски шо у одбрана е сталка,башка и со 4 лични..Ти имаш 4-ца центри шо се каде-каде поквалитетни од овие на Работнички и 1 единствена акција не пушти да се игра у рекет. Само една..
Од друга страна Работнички издоминира поштено,овој Робинсон од почеток на сезона трубам дека е најдобар странец кај нив оваа сезона,класа играч,секоја чест. Не дека синоќа даде 20+ коша,туку уште од почеток на сезона се виде дека е еден од ретките играчи на позиција "црнец" шо е школуван,односно не е класичен баскетџија шо ја пимпла топката 20 секунди,секогаш гледа да шутне од било која позиција,не игра одбрана никаква(читај: Крафорд).Последен вака играч шо ми текнува беше Талик Браун од Фени пред 10 години(постарите веројатно го памтат). Дечкото организираше игра,не ја царинеше топката,одбрана одлично изигра,одлично се движеше и без топка(блокови,демаркација,навлекување на противнички играчи и оставање простор за другите од Работнички да играат 2vs2 или 3vs3). Треба една салам чистка во МЗТ,тотално е изгубен секој концепт во играта па и во тимот,не се знае кој пие,кој плаќа..со 20 играчи сменети и 3-4 тренери секоја сезона,не иде..
Фемили пофалба од мене,солидно навивање во текот на целата утакмица,ми фалеше таа атмосфера на МЗТ..добра беше кореографијата,3-4 пароли извадени посветени за ЦПБ и Работнички,меѓутоа се гледа дека овие неколку години оставиле дупка и кај вас,многу помлади дечки имаше на трибините,многу помала бројка,меѓутоа дефинитивно фалеа на МакТифо сцената..
П.с. единствена црна дамка на крајот,кога му се внесоа сите на Митровски,а беше досуден ЧИСТ фаул. Ја од трибина горе видов дека е фаул,а после тоа и многу сељачко однесување на повеќето играчи..Кочов исто така му се внесе ептен у фаца,после ги зема наочарите ги фрли на паркетот,лудница. Тоа фрлање,плукање ич не ми се сфиѓаше... Знам дека е нервоза и се,ама 19 секунди до крај,твоја топка,водиш 1 разлика,у НИКОЈ СЛУЧАЈ судијата не е крив шо Дамјан место по земја да ја пушти топката ја фрли 2 метра над Синовец. Претходниот напад МИСЛАМ дека имаше прво фаул од Нешовиќ,дека кога Чековски му направи блок овој го повлече за дресот и после оваа свињата го прегази како воз,по шо му свирнаа фаул у напад.