Не зафркна NBA. И за оваа сезона а и за другите што следат.
Кога знаеш дека некој не те сака, како би реагирал? Сигурно се очекува да останеш професионален, и да изиграш на највисоко ниво, зошто сепак платата ти стига, но тоа нема шанси да се деси со Ламар и Пау. Двата се ментално ранливи типови, и ова и те како ќе му влијае во играта оваа сезона.
Да не зборам дека сега другите тимови видоа дека овие двата се спремни за трампа, автоматски му паѓа вредноста.
Да дојдеше Пол, Двајт имаше големи шанси да дојди исто. Дури Стивен Еј Смит кажа дека во прашање се часови за Двајт да премини во Лејкерс. А типот го најави триото во Мајами. Извор на кој може да му се верува.
А сега вака? Заглавени сме со типови по 31-32 години, станува многу многу по тешко да го земеме Двајт, имаме типови кој знаат дека тимот не верува во нив, едноставно работите не изгледааат сјајно за Лејкерс.
Се надевам дека не е така мрачно, како што изгледа.