Овој период навистина катастрофален за Лејкерси нема збор ... откако НБА нечесно ги оштетија со онаа неправда за Пол , истиот играч беше префрлен во нивниот градски ривал ... од Хауард изгледа нема ништо а сеуште се нема случено ни еден од оние таканаречени блокбастери кој Купчак ги ветуваше пред 4 дена ... напротив потпишаа само со еден добар играч ништо посебно кој може да помогне од клупа - МекРобертс и еден играч кој сеуште не е доволно докажан а веќе има 25 години и единствено што направил досега е освојувањето на Slam Dunk во 2007 - ( а колку е добар очигледно ... ни една НБА екипа не сакаше да го прибере па замина да игра настрана згора го дадоа најдобриот 6-ти играч на екипата која не збриша во плејофот лани Ламар Одом ... а како шлаг на се е барањето на развод од страна на Ванеса Брајант- жената на Коби ... доколку се разведат не знам дали ќе го имаме истиот Коби како и минатите сезони со оглед на фактот дека се заедно скоро 11 години ... многу лошо тргна работата се надевам дека ќе се приберат и ќе изиграат на висина на задачата , мора да се земи уште некој играч па ако значи тоа и трејд на Гасол кој што мислам дека нема да биде истиот ол-стар играч како пред 2 сезони ... не смее да се дозволи најдобриот и најпопуларен тим во НБА да падне на толку ниско ниво а тоа што управата на НБА ги мрази езерџиите на сите му е јасно ... навивам за Лејкерси веќе 8 години и навистина мразам кога гледам какви наслови излегуваат и ја оцрнуваат моменталната состојба ... сите во САД мислат дека Лос Анџелес Лејкерс нема да видат шампионски трофеј наредните неколку години , дека времето на Коби е завршено , дека во Лос Анџелес сега има друга ГЛАВНА екипа и слични такви глупости ... верувам дека нашата управа нема да дозволи да се случи колапс на најдобрата екипа во НБА и дека ќе донесат клучни одлуки со кој ќе го вратат овој тим на шампионски патеки .