Овој тим на Лејкерс сеуште не е дораснат за титулата , али од наредната сезона очекувајте да бидат најсериозни кандидати за истата . Имајте во предвид дека Бајнам беше повреден а е еден од клучните играчи во овој тим , отсуството негово се одрази со проблемите во скоковите и во одбраната и во нападот така да оној познат '' триаголник '' на Фил многу тешко беше имплементиран во играта со оглед дека Одом не се снаоѓа убаво на позиција крилен центар а истото важи и за Туриаф и Волтон .
Се што недостасуваше во тимов беше Бајнам , ако му го додадевте просекот од регуларниот тек на сезоната , Бостон и немаше така лесно да поминат иако сметам дека и со Бајнам Лејкерси пак ке изгубеа али сепак , се стекнаа со искуство кое од наредната сезона ги прави едни од најсериозните кандидати за титулата .
Нешто слично мислам и за Њу Орлеанс кој имаат доста надежна екипа а и Клиперс , ке биде весело наредната сезона и ке се гледа уште подобра кошарка .