Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.389
Поени од реакции
29.873
GameTime: Shaq on Dwight

Duration: 5:54 Date: Jul 6, 2013
Shaquille O'Neal calls in to GameTime and weighs in on Dwight Howard's departure from L.A.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.220
Поени од реакции
108.043
Мене нешто ме дупат звучнициве или стварно Шек кога збори ептен лошо се слуша?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.389
Поени од реакции
29.873
Teлефонско јавување, ама говорот се разбира солидно. Да не те заебава конекцијата, намали го битрајтот.
--- надополнето: 7 јули 2013 во 15:39 ---

Член од
12 април 2010
Мислења
178
Поени од реакции
69
Се повеќе си мислам дека играчот кој ќе биде потпишан од страна на Лејкерси наредната година, би бил Џон Вол. Јас лично не би се бунел при едно вакво сценарио бидејќи Вол ќе направи голем БУМ наредните сезони,овој играч е прав лидер во секоја смисла,токму она што му треба на Езерџиите во моментов, а мислам дека и него би му одговарало да оди во екипа која има поголеми амбиции, иако Визардси значително се појачаа со Бил и сегашниот пик на драфтот Ото Портер.Замислете колку би било добро да се потпише Вол и да се "украде" Ендру Вигинс на драфтот ... пусти фантазии :D ... Ме интересира ваше мислење за тоа колку е можно и дали ви се допаѓа идејата новиот предводник на франшизата да биде овој играч ?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.389
Поени од реакции
29.873
Јас лично не би се бунел при едно вакво сценарио бидејќи Вол... пусти фантазии :D ...
На жалост сепак само фантазии. Вол како рестриктиран агент, како да го земеме од Вашингтон? Пошто матичниот клуб (визардс) може да ја преземе било која понуда, треба да му се понудат повеќе пари одколку што Визардс може да парира.

Вреди ли Вол максимална плата? Што правиме со потребата да „танкираме„ оваа сезона?
(да бидеме што подоле на табелата, за да бидеме што погоре на следниот јак драфт)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.220
Поени од реакции
108.043
Абе каков Вол, еден од послабите први пикови во последно време. Типичен уличен нигер: брз, атлета, без шут и без многу памет.
 
За ''танкирањето'' океј си е , мора да се игра на таа карта ако сакаме да земиме нешто добро од овој драфт ... меѓутоа тоа не влијае на одлуката да се донесе Вол. Лично мое мислење е дека треба да му се даде максимална плата бидејќи вреди да се ризикува гарантирам дека би имал минимум просек од 17-8 поени и 8-9 асистенции , а покрај тоа игра и добра одбрана.Не треба да се заборави и фактот дека додека беше повреден,Вашингтон тонеше. По неговото враќање беа далеку ,далеку подобри. Сепак ова си е мое мислење ... Ќе видиме што ќе се случи наредната година која ќе биде клучна за Лејкерси ...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Абе каков Вол, еден од послабите први пикови во последно време. Типичен уличен нигер: брз, атлета, без шут и без многу памет.
Резервирај таму, од октомври, Двајт за на аватар. :D Дотогаш може Џими Бас.

Vanlok викаш да не фантазираме, а ти фантазираш за јак пик. Според мене нема шанси ЛАЛ да танкира. Плус викаш Коби да паузира сезонава. Знаеш колку влијае цела година пауза на неговите години, можеби е и полошо од константно играње/преморување. Знам шо сакаш да кажеш под „одмара“, да игра без напор, ама тешко тоа од победнички менталитет како Мамбата е да се очекува.

Едноставно, не ми е верно Лејкерс да танкира намерно, макар и со Сакре на центар.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.389
Поени од реакции
29.873
Vanlok викаш да не фантазираме, а ти фантазираш за јак пик. Според мене нема шанси ЛАЛ да танкира. Плус викаш Коби да паузира сезонава. Знаеш колку влијае цела година пауза на неговите години, можеби е и полошо од константно играње/преморување. Знам шо сакаш да кажеш под „одмара“, да игра без напор, ама тешко тоа од победнички менталитет како Мамбата е да се очекува.

Едноставно, не ми е верно Лејкерс да танкира намерно, макар и со Сакре на центар.
Не бе намерно Лејкерс да танкира! Зошто намерно? :)

Ако: Морис, Гаудлок, Сниер, Кели и Сакре, освојат титула... ТОГАШ ЌЕ СЛАВИМЕ!!! ;)

Ако не, барем ќе имаме подобар пласман на драфтот. Патем се работи за ЕДЕН ОД НАЈЈАКИТЕ ДРАФТОВИ ВООПШТО. Првите десетина пикови ги рачунаат дека ќе бидат топ играчи.
Или не, ај ќе фатиме пак 7-8мо место во плеј-оф и ќе испаднеме во прво коло. Потоа може со прстот-ставен-знаеш-каде, да се чудиме како Бостонци и компанија бираат одлични играчи... важно е дека ние на титула сме пукале.

П.С. Коби не е толку глуп колку што го правите.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Не бе намерно Лејкерс да танкира! Зошто намерно? :)

Ако: Морис, Гаудлок, Сниер, Кели и Сакре, освојат титула... ТОГАШ ЌЕ СЛАВИМЕ!!! ;)

Ако не, барем ќе имаме подобар пласман на драфтот. Патем се работи за ЕДЕН ОД НАЈЈАКИТЕ ДРАФТОВИ ВООПШТО. Првите десетина пикови ги рачунаат дека ќе бидат топ играчи.
Или не, ај ќе фатиме пак 7-8мо место во плеј-оф и ќе испаднеме во прво коло. Потоа може со прстот-ставен-знаеш-каде, да се чудиме како Бостонци и компанија бираат одлични играчи... важно е дека ние на титула сме пукале.

П.С. Коби не е толку глуп колку што го правите.
Види, не ми е мене желба ова шо го пишав, туку очекување.

Не верувам дека со деветминава кои имаат договори моментално ќе завршиме подолу од 9 место. Секако дека ми е желба да искочи некој ко Коби и Бајнам, но таков може да се доведе и со трејд. Со Бостон не можеме да се споредиме пошто они многу повеќе од нас се „ослободија“ сезонава. Кај ЛА замина само Двајт. На негово место да дојде некој ко Пековиќ/Монро мислиш дека ќе се осети значајна разлика од лани? Јок.

п.с. кој го прави Коби глуп, боже сачувај. :eek: Таман работа, Мамбата е еден од најинтелигентните активни играчи.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.389
Поени од реакции
29.873
Со Бостон не можеме да се споредиме пошто они многу повеќе од нас се „ослободија“ сезонава. Кај ЛА замина само Двајт. На негово место да дојде некој ко Пековиќ/Монро мислиш дека ќе се осети значајна разлика од лани? Јок.
Па баш за тоа и зборам, најголем „успех„ на кој можеме да се надеваме е нешто како лани. 7-8мо место и излез во прво коло на плејоф. Тоа ти вреди повеќе од добар играч на следниот нафатиран драфт?? (или два играчи, ако за Неш се ќари и пик)

Купчак тек ќе почне да го „ослободува„ селари капот на Лејкерси. И да прави состав за танкирање.
Тоа дека Коби не е глуп, го кажав во контекст дека момакот разбира колку е саатот и дека следнава сезона нема шанси за успех, и дека мора да се танкира.

Многу работи се погодени за танкирање.

Прво, во 2014та се ресетираат платите во ЛА и ќе пробаат да донесат некој добар агент, Леброн можеби (огромно можеби). Купчак нема да потпишува ниедна плата која ќе задира во 2014та. Значи може само едногодишни договори со кои нема шанси да донесе ништо добро како засилување.

Второ, знаеш ли за додатниот данок за повторувачи на данок? Ако во 5 години повеќе од 3 пати плаќаш данок, на тоа следи додатен данок кој е УБИТАЧЕН и ниеден клуб, дури ни Лејкерс не може да си дозволи да го плаќа. Намерно е така направено, за да тимовите како ЛА и ЊуЈорк се ослабат.
Ова ти го кажувам да разбереш дека дури и Лејкерси мораат од 5 години, 2 пати да бидат под капот. Зошто не сега кога НЕМА ШАНСИ ЗА ТИТУЛА и плус ТРЕБА ДА ТАНКИРАМЕ ЗА ДРАФТОТ?

Извини на капсот, деновиве лесно се возбудувам. :)
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Абе ти реков, не ми е желба туку очекување. И јас сум за вакво сценарио, тотален ребилдинг од догодина, потпишување на ѕвезда или пикирање добро на драфтот (повеќе сум за првото и поверојатно ми е), но сепак мислам дека нема да го видиме тоа.

п.с. Колку што знам и без Двајт сме над селари капот нели? Би требало да го платиме тој додатен данок секако (можеби не со највисок степен од 4 долари на 1 долар). Или мислеше од догодина под селари-кап да се биде?
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Не верувам дека со деветминава кои имаат договори моментално ќе завршиме подолу од 9 место.
Жут картон :D

Со моменталниов ростер, без Мамбата у елемент, ќе се јадеме со Феникс и Сакраменто (тие некои трансфери напраија, не пратам до толку, можно е да се ујачале) за да не сме последни.

Далас нема уште еднаш да имаат толку очајна сезона.
Пеликанс/Орлеанс како и да се сеа, топ тимче склопија.
Јута исто ги ставам пред нас.

За другиве воопшто да не праиме муабет.

Според секоја математика сме под 9-то место. Можда не таму 13-14, ама двоцифрени ќе бидеме, сигурен сум. :)

Муабетов на Ванлок ќе да држи вода.
Да запнеме скроз, Мамбата да се изцеди максимално, Нежниот и Неш да играат јако, пак е прашање дали ќе влеземе. Ја би рекол не. И по некое чудо, да се влезе плеј-оф, метлата ја јадеме со сигурност.

ПС. продужете си со муабетот, ја само да ја дадам дозата песимизам што ја сеам цела сезона :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.220
Поени од реакции
108.043
Знае Купчак што прави, верувајте, само тоа грдото синче да не ја усере работата. Ние ко фанови на тимов ќе мора да ја прифатиме реалноста дека следнава сезона не гледаме титула!!! Моментално да дојдат и Крис Пол и Леброн џабе ни е се, не заборавајте кого имаме на клупата.
Така да следнава сезона лабаво гледање текми, без многу напињање, а веќе од следната ќе биде она правото, или ќе ќариме нешто страшно на драфтот или ќе земеме некој супер стар. Лејкерс не е Шарлот па да има очаен тим со децении, тоа во Ел Еј може да трае година-две, не повеќе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom