Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
Кој е активен на твитер, #LakersMK хаштагот работи од вчера! Се обидувам да го испромовирам на сите Лејкерс фанови, помош е добредојдена! :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.894
Поени од реакции
116.225
Неш свитка зглоб ноќеска но подоцна се врати и играше. Се надевам дека се ќе биде во ред со него. Е сеа може малку делува загрижувачки 0/6 на предсезонскиве но според мене нема потреба од премногу грижење. Денес за прв пат Лејкерс беа комплетни, за прв пат Двајт настапи како Езерџија, само нека му се множат настапите, добрите игри, а и титулите. :)
По изјавите на Коби можам да приметам дека оваа сезона нема да форсира како претходните, сфаќа и он дека годинките го јадат и дека нема да може да игра на исто ниво цел натпревар. Па од тука се надевам дека паметно ќе ги распоредува своите шутеви и своите атоми од силата, бидејќи што поодморен ќе биде за плејофот толку подобро. А и има каде да се распоредат шутевите на Лејкерс, под кошот ни е урнебес, Двајт и Гасолина треба да ебаваат мајки во тандем, а Неш да ги храни со топки. Исто така голем допринос очекувам особено од Џуди Микс кој е измена за Коби и кој патем ноќеска имаше 2/2 за три ако не се лажам.
Уште 8 дена, не можам да дочекам да го видам овој Лејкерс како ќе блесне во Стејплс Центарот. :vozbud:
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Подобро сите приперми да ги загубиме и да се воиграат Неш и Хауард одколку да се форсираме на припремните а после да паднеме во темпото...инаку ова ќе биде јако атрактивна сезона за Лејкерс :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.529
Поени од реакции
35.287
малку делува загрижувачки 0/6 на предсезонскиве ...
Нека дојдат до 8мо место во плеј-оф живи и ******, и јас ќе бидам супер задоволен.
(Коби 34г, Неш 38, Гасол 32, Џејмисон 36...) ЛА не смеат да бркаат рекорди и слични глупости, само треба да се уиграат и да избегнуваат повреди... а ла Попович пристап каде скорот е од секундарна важност, формата се темпира за на крај на сезоната и минутите на стартерите се строги регулирани.

Ќе треба многу време ЛА да се уиграат како екипа, уште повеќе ќе им треба да се уиграат под „прочитај и реагирај„ Прицентон играта. Среќа во тимот е Еди Џордан како стручњак за принцетон нападот и нема да зависи играта во офанзива исклучиво од Мајк Браун! (извичникот е намерен, уште не можам да прежалам што го не го земаа Аделман прошлата огдина)


Eдна работа е сигурна, ќе биде интересно!!! :)
Во меѓувреме уживајте со професор Коби:​
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.270
Поени од реакции
46.690
На место ти е муабетот за Попович - пристапот, и ја сум за тоа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.894
Поени од реакции
116.225
Нека дојдат до 8мо место во плеј-оф живи и ******, и јас ќе бидам супер задоволен.​
(Коби 34г, Неш 38, Гасол 32, Џејмисон 36...) ЛА не смеат да бркаат рекорди и слични глупости, само треба да се уиграат и да избегнуваат повреди... а ла Попович пристап каде скорот е од секундарна важност, формата се темпира за на крај на сезоната и минутите на стартерите се строги регулирани.​
Ќе треба многу време ЛА да се уиграат како екипа, уште повеќе ќе им треба да се уиграат под „прочитај и реагирај„ Прицентон играта. Среќа во тимот е Еди Џордан како стручњак за принцетон нападот и нема да зависи играта во офанзива исклучиво од Мајк Браун! (извичникот е намерен, уште не можам да прежалам што го не го земаа Аделман прошлата огдина)​
Eдна работа е сигурна, ќе биде интересно!!! :)
Во меѓувреме уживајте со професор Коби:​
Остај го ти Мета Ворлд Пис што тресе. :pos:
Затоа и пишав дека нема потреба од грижење, преискусен е овој тим на Лејкерс за да се замара со предсезонски залагања и гинења на терен. Како што можам да прочитам изминатиов период Коби вели дека не е исто на 33 и на 23 години што е и сосем логично, затоа и е доведен Хауард, за да не паѓа сиот товар на грбот на Коби. Затоа е доведен и Неш, КОНЕЧНО асален плејмејкер од кој може да очекуваме 10+ асистенции на секој натпревар, а тоа знаеме што значи за Хауард и Коби, кога има некој да им даде топка.
За Принцетон играта, пак ќе го спомнам Неш, клучниот за да успее оваа тактика, нормално уз Хауард кој е далеку поподвижен од Бајнам. Баш со едно другарче сабајле коа идев накај факс праев муабет за тимов и баш спомнавме дека за Ел Еј најбитно е да влезат во полна форма две три недели до месец дена пред плеј офот, е после тоа нема сопирање. Муабетот за Грег Попович ти е сосем на место, баш така и треба да се настапи со оглед на годините на одредени играчи.
Мене највеќе од се ме плаши Мајк Браун, само он да не потфрли дебело, иначе ни се смешка нова титула. Од друга страна ме радува фактот што Еди Џордан е во тимов како што спомна ти погоре, да беше оставено на Мајк Браун за Принцетон тактиката тешко да наидеше на успех, оти дебелиов е малце еби ветар. :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.529
Поени од реакции
35.287
Клупата игра многу лошо, ќе треба многу време за уигрување во новиот напад и барем еден стартер да игра со нив. Јас типувам на Гасол, колку и да е добар како плејмекер со Хауард, сепак неговата игра е под кошот.

Ситуацијата со повредите не изгледа добро. За Хил нема ништо ново, останува надвор од игра со хернија на грбот, Коби е ден за ден со нагнечено стапало од прошлава утакмица со Кингс во која и Артест го дислоцира средниот прст на десната рака (мањакот ги изиграл последните неколку минути со дислоциран прст).
Неш изгледа е добро после свиткувањето на десниот глужд на истата утакмица.

Добрите вести?
- Ефикасноста на Коби оди нагоре цела предсезона, прошливе две утакмици има 21 поен од 12 шута и 22 поен од 12 шута. Само 12 шута за 33-34 минути? Од Коби? Повеќе од добро, неговата неефикасност прошлата година се должеше на лошата концепција во нападот, со премногу изолации еден на еден (а уствари 3 или два на еден) и бранети шутови на крајот од времето за напад за кои сите знаеме како завршуваат.
- Гасол изгледа супер како плејмејкер во рекетот, во првото полувреме нанижа 5 асистенции.
- Двајт изгледа ОК и најверојатно нема да му треба многу време да ја врати формата. Имаше некои почетнички грешки во одбрана ама генерално работите сигурно ќе одат на подобро
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.894
Поени од реакции
116.225
Vanlok
Ја симнав утакмицата со Сакраменто од линкот што го прати погоре и ми сецка сега. До мојот компјутер е или таков е линкот? Сликата е стакло ама ми сецка, исто како на стрим кога сецка.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.529
Поени од реакции
35.287
Кај мене супер оди плејбекот на баскетов, не е проблемот до фајлот со видеото.
Кажи што хардвер имаш во РС-то?

Утакмицава е во пониската од двете ХД резолуции, 1280 x 720... во принцип проблем со плејбек на ова би требало да имаат само релативно стари конфигурации.


Ајде пробај вака:
- симни K-Lite Codec Pack 9.3 (доволна ти е Standard верзијата) од тука:
http://www.free-codecs.com/k_lite_codec_pack_download.htm
- исталирај, потврди дека воедно сакаш да го инсталираш и Media Player Classic Homecinema и потврди дека сакаш да се регистрира како дефаулт плеер за сите видео (можеш и аудио) фајлови
- провери да не имаш други активни програми што се захтевни на процесор (активиран антивирус скен, вклучени игри во позадина). Практично затвори се што не ти треба.
- Ресетирај РС и пробај да го пуштиш видеото со баскетот без да вклучуваш ниеден друг програм предходно.

Media Player Classic Homecinema ти е нај-лајтвејт од сите плеери, ако со него не ти иде плејбекот глатко...
Можеш едино да пробаш и да инсталираш и најнови драјвери од графичката карта у надеж дека графичката ти има акцелерација на видео плејбек.

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.529
Поени од реакции
35.287
Кај мене супер оди плејбекот на баскетов, не е проблемот до фајлот со видеото.
Не напишав само дека звукот има одредени „клик„ артефакти, предпоставувам дечкото што ја компресирал снимката употребил преголема компресија. Видеото е ОК.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom