Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
:pos2::pos2: hehe ama si komedicen kolku pojaki kosarkarski legendi ima od gaybe
Во право си, Коби не е легенда зошто сеуште игра активно!
Кога ќе се повчече тогаш е друга приказна-Најдобар кошаркар во новиот век!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Блееееееееееееееејк:vozbud::vozbud:
Ааах оти мораше да бидам прва смена неможев у никој случај да ја гледам:tapp:
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Ќе идат на МТВ 1 преноси НБА ? И кои денови ?

Слушнав дека ќе иделе само петок и недела, али непотврдена ми е информацијава.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.686
Поени од реакции
3.644
Добро е, тргнавме на десна нога годинава. Со среќа нека ни е одбраната на титулата.

On.net_NBA_superheroi_013.jpg

:wink:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.498
Поени од реакции
22.208
Ајде прво па машко , нека ни се множаат победите....
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.622
Поени од реакции
43.469
2 од 2 bitches, ми се свиѓа моменталниов Лејкерс, тимска игра и баланс од клупа, што е од големо значење ( башка, без Волтон и Бајнам ).
Одом изигра олраунд средба, 17 скокови, 18 поени и 5 асистенции, јој, а и Гасол, 9 асистенции, 8 скока ако не се лажам и 21 кош, скоро трипл дабл, цела стартна петорка имаше двоцифрен број на поени.

п.с. Бананата на Ретклиф над Туркоглу беше. :vozbud:
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Bench Killer B's = Brown, Barnes, Blake.

Па уште кога Бајнам ќе се врати во првата петторка, и Одом ќе му се приклучи на оваа тројка. Масакр, Калифорниски не Тексашки.

Сериозно, клупата толку не била добра од времето на ...хммм од 2008 со Ариза, Вујачич, Туриаф и Одом! Ама мислам дека оваа година ќе е и подобра.

Во последните две години кога ќе беа на терен Мбенга, Пауел, Саша и Фармар се молев да не изгубиме со многу од противничката клупа. А сега одвај чекам да влези нашата клупа, која очекувам не само да го зачува водството туку и да го зголеми!

Блејк е тоа што го бараше Лејкерс од времето на Пејтон, па и самиот Пејтон не се вклопи добро во шемите на Фил како што мислам и што покажува дека ќе се вклопи Блејк. Блејк ти е Анти-Фармар. Никогаш не ја сили акцијата, ни шутот, секогаш игра преку постот, добар шут, не прави непотребни дриблинзи, солиден дефанзивец, тренира џиу-џицу :) = ЛУДНИЦА!

Баренс кога го гледав во Орландо си мислев дека типот се мести за тројка во шемата со Двајт, добар во одбрана и толку. Но сум грешел. Најактивен од сите на терен е Мет Баренс, не знам од кај наоѓа толку енергија стварно. Одличен скокач за неговата висина, трпелив со топка а и без топка, одличен дефанзивец(со Рон и Коби само уште толку ќе се подобри), сега не е толку интелегентен како Блејк, но сепак имам верба дека ќе се вклопи во triangle offence иако за тоа ќе треба повеќе време.

Шенон Браун оваа година покажува дека не е само спектакуларен забивач(иако по несмасниот аут на Феникс си покажа пак) туку дека е повеќе од тоа. Шенон во пред-сезоната и овие 2 натпрвари е најдобар шутер помеѓу периметарните играчи на Лос Анџелес. Ако продолжи така, тоа ќе значи помалку време за Коби, а тоа ќе значи свеж Коби во плеј офот...тоа ќе е од огромно значење. Нај-пре-огромно.

Одом во ваква форма во ова време од сезона го неам видено никогаш. Никогаш. Секогаш кога ќе го прашаа како си го помина летото, ќе слушневме одговор "chillin at the beach and drinking Korona". Ама сега со Светското во Турција, Одом е во феноменална форма, и ако вака продолжи сигрно ќе е еден од топ 3 кандидатите за Шестти играч во NBA. Odomination!

Дедо Тео со неговите години дава толку што можи. Во нападот нема нешто особено, ама барем не е црна дупка како Мбенга, на кој ако му ја дадеш топката на ја гледаш повеќе назад. Во одбрана си е добар како што од него се очекува. Напред Дедо!

Вујачич е зафатен со Шарапова сега, свршеница, па прстени, свадби, не е така тоа. :) Волтон ни зема 5 милиони годишно за да изиграва мажуретка, абе ист е како татко му во последните негови години. Кога Волтон ќе скрпи еден месец без повреди, треба да се радува како тинејџер кој стигнал до гаќичките на неговата девојка!

Основците Карактер и Ибенкс мора да си ја чекаат својата шанса. Имаат голем потенцијал, посебно Ибенкс кој со новата технологија е првиот успешен клон на Ариза. Иста бројка, иста игра, исти на изглед...страшно.

За стартерите што да се каже...Фишер уште е како којотот, а противничките плејови се брзата птица. Знам дека сака да почне утре плеј офот, но неможе тоа така ДиФиш!...Коби си е Коби, само тоа оперираното колено не му е како што треба, ќе треба уште некое време да се зацврсти...Гасол е лудница, кога е кај него топката и го чува само еден играч, исто како сам да игра, прави што сака. In Spain we trust!

Голема замерка имам за одбраната на Лејкерс, посебно за стартерите. Премногу се пасивни во одбраната, и на Хјустон и на Феникс му дозволија многу лесно да си го наместат нападот, па одтаму толку поени примени. Мораат да се малку поажурни. Ете ако ги гледате Бостон или Мајами, тоа го прават, иако само што почна сезоната.

Леле ама сум изнапишал...ај нека е сефте за новата сезона...се надевам дека ќе го прочита некој ова!

П.С Стварно добра презентација на шампионските прстени. Интересен факт е тоа што сите прстени имаат мал дел од топката која се користеше во седмиот финален натпревар со Бостон.

 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.498
Поени од реакции
22.208
Добро е тргнавме одлично во новата сезона..Очекувам со исто темпо да продолжиме..
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Газиме едноставно, клупата вчера феноменална!

BE LA!!!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Лос Анџелес Лејкерс 107 - 83 Голден Стејт Вориорс

Конечно се средиле малку во одбраната и не примиле многу кошеви. И конечно пореметување со повеќе од 20 коша разлика :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom