Bench
Killer B's = Brown, Barnes, Blake.
Па уште кога Бајнам ќе се врати во првата петторка, и Одом ќе му се приклучи на оваа тројка. Масакр, Калифорниски не Тексашки.
Сериозно, клупата толку не била добра од времето на ...хммм од 2008 со Ариза, Вујачич, Туриаф и Одом! Ама мислам дека оваа година ќе е и подобра.
Во последните две години кога ќе беа на терен Мбенга, Пауел, Саша и Фармар се молев да не изгубиме со многу од противничката клупа. А сега одвај чекам да влези нашата клупа, која очекувам не само да го зачува водството туку и да го зголеми!
Блејк е тоа што го бараше Лејкерс од времето на Пејтон, па и самиот Пејтон не се вклопи добро во шемите на Фил како што мислам и што покажува дека ќе се вклопи Блејк. Блејк ти е Анти-Фармар. Никогаш не ја сили акцијата, ни шутот, секогаш игра преку постот, добар шут, не прави непотребни дриблинзи, солиден дефанзивец, тренира џиу-џицу
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
= ЛУДНИЦА!
Баренс кога го гледав во Орландо си мислев дека типот се мести за тројка во шемата со Двајт, добар во одбрана и толку. Но сум грешел. Најактивен од сите на терен е Мет Баренс, не знам од кај наоѓа толку енергија стварно. Одличен скокач за неговата висина, трпелив со топка а и без топка, одличен дефанзивец(со Рон и Коби само уште толку ќе се подобри), сега не е толку интелегентен како Блејк, но сепак имам верба дека ќе се вклопи во triangle offence иако за тоа ќе треба повеќе време.
Шенон Браун оваа година покажува дека не е само спектакуларен забивач(иако по несмасниот аут на Феникс си покажа пак) туку дека е повеќе од тоа. Шенон во пред-сезоната и овие 2 натпрвари е најдобар шутер помеѓу периметарните играчи на Лос Анџелес. Ако продолжи така, тоа ќе значи помалку време за Коби, а тоа ќе значи
свеж Коби во плеј офот...тоа ќе е од огромно значење. Нај-пре-огромно.
Одом во ваква форма во ова време од сезона го неам видено никогаш. Никогаш. Секогаш кога ќе го прашаа како си го помина летото, ќе слушневме одговор "chillin at the beach and drinking Korona". Ама сега со Светското во Турција, Одом е во феноменална форма, и ако вака продолжи сигрно ќе е еден од топ 3 кандидатите за Шестти играч во NBA.
Odomination!
Дедо Тео со неговите години дава толку што можи. Во нападот нема нешто особено, ама барем не е црна дупка како Мбенга, на кој ако му ја дадеш топката на ја гледаш повеќе назад. Во одбрана си е добар како што од него се очекува. Напред Дедо!
Вујачич е зафатен со Шарапова сега, свршеница, па прстени, свадби, не е така тоа.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Волтон ни зема 5 милиони годишно за да изиграва мажуретка, абе ист е како татко му во последните негови години. Кога Волтон ќе скрпи еден месец без повреди, треба да се радува како тинејџер кој стигнал до гаќичките на неговата девојка!
Основците Карактер и Ибенкс мора да си ја чекаат својата шанса. Имаат голем потенцијал, посебно Ибенкс кој со новата технологија е првиот успешен клон на Ариза. Иста бројка, иста игра, исти на изглед...страшно.
За стартерите што да се каже...Фишер уште е како којотот, а противничките плејови се брзата птица. Знам дека сака да почне утре плеј офот, но неможе тоа така ДиФиш!...Коби си е Коби, само тоа оперираното колено не му е како што треба, ќе треба уште некое време да се зацврсти...Гасол е лудница, кога е кај него топката и го чува само еден играч, исто како сам да игра, прави што сака. In Spain we trust!
Голема замерка имам за одбраната на Лејкерс, посебно за стартерите. Премногу се пасивни во одбраната, и на Хјустон и на Феникс му дозволија многу лесно да си го наместат нападот, па одтаму толку поени примени. Мораат да се малку поажурни. Ете ако ги гледате Бостон или Мајами, тоа го прават, иако само што почна сезоната.
Леле ама сум изнапишал...ај нека е сефте за новата сезона...се надевам дека ќе го прочита некој ова!
П.С Стварно добра презентација на шампионските прстени. Интересен факт е тоа што сите прстени имаат мал дел од топката која се користеше во седмиот финален натпревар со Бостон.