Фан клуб:Вардар!

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Nope, ни забранија влез :)
Првата утамица влеговме некако, за оваа не ми се ризикуваше да тепам џабе пат.
Ја стримаат на странава...
Дај неможам да ти пишам по ПП, пиши ми ти, па да те прашам нешо.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.609
Поени од реакции
70.098
Не е нормален овој Керкез што не може да погоди. Не ме јеби човече, колку кошот е висок и сам од пред кош не може да погоди ццц[DOUBLEPOST=1396099904][/DOUBLEPOST]Која легенда од тренер, губиме 60-51, таман се враќавме во игра, го извади Сандиџ кој има 20 поени и во моментов сме со постава Трифуновски, Керкез, Лазаревски, Лефковски и Пајиќ.
Не ме јеби човече, овој се дрогира :tapp:[DOUBLEPOST=1396100103][/DOUBLEPOST]Трифуновски промашува тројка од осамена позиција 60-55 и они после погодуваат од контра...
Овде ја губиме утакмицата :facepalm:[DOUBLEPOST=1396101513][/DOUBLEPOST]Ангел Тасевски не решава на крај.
Што е следно? Син му на Стевче ќе даде кош во кариерата?
Не знам што да кажам за тоа како ги губиме мечевиве со овие мртовциве.
Вината ја гледам кај Андриевски кој при прво водство на противничка екипа поголемо од 3-4 разлика, одма прави нелогични замени.
Со тоа петорката не може да се воигра, постојано прави измени и тоа во самиот почеток на мечот.
Стандардно во секој ебан меч Вардар игра солидни први 7-8 минути, а потоа во наредни десетина минути ЗАДОЛЖИТЕЛНО ни се случува хаварија.
Огромна предност направи Соколи во тој период, мислам дека и до 20-тина коша разлика дојдоа.
Во трета четвртина се разигра Фриско Сендиџ и постигна 20 поени.
Вардар смени направи замени во одбраната, и ги затворивме приодите кон кошот, но затоа и ние во нападот имавме големи проблеми.
Освен Сендиџ кој одеше индивидуално, другиве хендикеп.
Се приближивме на 6-7 разлика и имавме добитна позиција бидејќи и Павловски и Василиќ имаа по 4 лични. Главен проблем ни беше Мијовиќ за кој немавме лек.
Вест направи многу глуои лични грешки, за од 2 да дојде на 4 лични и да ја заебе утакмицата.
Сепак и покрај тоа што игравме со втор состав дојдовме на 60-55, а Лефковски имаше слободно за 4 разлика кое не го погоди.
Ја украдовме топката, Павловски доби петта лична и имаве напад за -3, но одново се испосравме.
Потоа Вест доби петта лична и Василиќ погоди за 7 разлика.
Во наредниот напад Трифуновски избрза со шут за три, а Шарпер во контра стегна тројка.
Одново намаливме на 7-8 разлика, но Тасевски со тројка и два поени не реши, за на крај мечот да заврши 78-64...
И двете екипи имаа некои делови од мечот, како тргна Соколи се осен победа ќе беше чудо. После ние имавме свои моменти, па резултатов на крај е малце нереален, со оглед на тоа дека на крај правевме лични за слободни, а они беа сигурно во изведувањето.
Плус во сто наврати имаа ненормална гзларска среќа, погодувајќи во последни секунди од неизградени акции, невозможни кошеви плус слободно, три ситуации во кои имаа шут за три и слободни итн.
Лазаревски игра одлична одбрана, ама во напад е хендикеп човече, од никаде не може да погоди, освен од слободно. Да можеше како во ракомет да влегува само за одбрана :pos:
Керкез посебна приказна, утнува човеков од пред кош, а висок е колку него...
Овојпат не ја загубивме битката под кошевите, барем не како на претходните мечеви, но имавме други проблеми кои пак ќе кажам пред се се должеа на пребрзото менување на целата петорка од Андиревски при резултат од 13-9, кога на 9-9 Георгиевски погодитројка со плус слободно.

Има уште шанси, со Соколи дома играме во последно коло, така да сега е многу битно да го добиеме Фени на домашен, и Пелистер два пати.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.609
Поени од реакции
70.098
Мислите Струмица е ова?
Пак ќе кажам, кој последен се смее, најслатко се смее :icon_mrgr:
Има време до крај, уште ништо не се знае...
Мада ако не го добиеме Фени следно коло, во голема мера решена е работата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.609
Поени од реакции
70.098
Последно уредено:
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.658
Поени од реакции
3.597
Карпош не е Вардар, Пелистер, Фени или останатите да мести утакмици. Те уверувам дека апсолутно нема никаков дил со ниеден тим. Дедич состави доста квалитетен тим и бара од Ацо Петрович 6 од 6. Ова одговорно ти го тврдам.

Доколку Ацо киксира на некоја утакмица, а сеуште е опстанокот под знак прашалник, тогаш Дедиќ ќе го води тимот во плеј аутот.
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.215
Поени од реакции
2.059
Некој да ми објасни накратко за КК Вардар, дали постои опција да го земе Самс под своја закрила, пошто не сум од метрополата. Благодарам однапред и наперд Вардар Македонски позззз.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.609
Поени од реакции
70.098
Некој да ми објасни накратко за КК Вардар, дали постои опција да го земе Самс под своја закрила, пошто не сум од метрополата.
Не, напротив Самс најверојатно ќе го земе МЗТ од идна година...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.609
Поени од реакции
70.098
Ауу ме пресече навистина. Па зошто не, секако целиот бренд го зеде
Има некоја причина, не ја знам точно, а не сакам да шпекулирам. КК Вардар му бил прв намета, уште пред ЖРК да го земе, ама ништо не биднало.
За МЗТ се само шпекулации, потег кој мислам дека ќе наиде на огромно негодување кај фановите на двата клуба.
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.215
Поени од реакции
2.059
Има некоја причина, не ја знам точно, а не сакам да шпекулирам. КК Вардар му бил прв намета, уште пред ЖРК да го земе, ама ништо не биднало.
За МЗТ се само шпекулации, потег кој мислам дека ќе наиде на огромно негодување кај фановите на двата клуба.
ОК, фала за информацијата, се надевам дека ќе се предомисли Самс и ќе ми ја исполни и последната желба;). Ќе го следам подфорумов доколку има некоја новост, чекам инфо. Позз
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.609
Поени од реакции
70.098
Карпош не е Вардар, Пелистер, Фени или останатите да мести утакмици.
Ете ти доказ дека не сме местачи. Не сакав да се расправам без врска, ама лани Вардар отпадна затоа што Струмица им ги даде утакмиците на Пелистер и играше во нивна корист против Вардар ;)
Годинава да сакавме да местиме можевме Лирија да ни ја даде втората утакмица пошто на нив НИШТО не им значеше победата. Двата клуба се во одлични односи откако Вардар им ја изнајмува салата, ама не сме ние таков тим.

Најдобрата утакмица ја видовме годинава во Кале. Највозбудливата.
За жал иако нашите дадоа се од себе, сепак на крајот можам да кажам дека се збогуваме од првата лига :)
По продолженија Вардар загуби од Фени со 75-82, откако на крајот на 4-те четвртини резултатот беше 70-70.

Виновник одново Андиревски, но во многу поголема мера Керкез.
Засилувањето на полусезоната кој го дочекавме како месија испадна најслаб играч во составот на Вардар. Жими се Костески што го дадовме на Куманово и не молат да ни го вратат, е подобар од моменталниот Керкез. Ако ништо друго за резерва на Кралевски сигурно е подобар.
Не можам да сфатам што стана со ланскиот Керкез???

Старт на мечот од соништата, за 2-3 минути игра на семафорот стоеше Вардар-Фени 13-0!
Тогаш од неразбирливи причини Андриевски го извади Кралевски и го стави Керкез. Е тука почна почесната стрелба на гостите.
Бјелиќ си го играше како сака Керкез, овој изгубен во просторот, ниедна одбиена топка не може да фати, остава огромен простор во рекетот, хаварија жива.
Се рашутира и Марковски и он беше главниот играч на гостите во првото полувреме. Одлични асистенции, одличен пут за три, добра игра со Бјелиќ и Цветковиќ...
Разликата на Вардар се топеше за на крај на четвртината да се отиде со 23-20 благодарение на тројката на Пајиќ кој имаше 3/3 за тројка во почетните минути.
Во втора четвртина некаде до половината ја одржувавме разликата. Моментот беше кога Лефковски погоди тројка и цела трибина скандираше Лефче бараба :D
Предовдени од Херис, гостите не само што се вратија во игра туку и поведоа и отидоа со +2 на полувреме иако во последниот напад судијата не досуди чист фаул над Сендиџ при шут за три поени.
Во оваа четвртина Васиљевиќ непотребно влезе во игра и имаше неколку избрзани шутеви кои завршуваа со промашување, и со казна од Херис.
И второто полувреме тотален пресврт во играта.
Вардар ја имаше контролата во почетните минути и со една ненормална тројка на Трифуновски дојде во водство од три поени.
Марковски кој беше најдобар кај гостите ја доби четвртата лична, НО ИГРАШЕ СО 4 ЛИЧНИ УШТЕ 20 МИНУТИ.
Па може ли да бидеш толку глуп и да не форсираш акции по негова страна и да му изнудиш петта лична?
Многу се изнервирав ебате...
Како за инает Кралевски направи два непотрбни фаула и дојде на 4 лични, по што во игра влезе Керкез...
И тогаш...
Само заради Керкез се разигра Фени, и не изрешетаа и дојдоа на +12 во некои моменти.
Го оставаа сам под кош а човеков утна 3-4 пати на удар со хорок од метро под кош.
Мизерија не видена, а за одбрана да не коментирам. Еден куп поени по негова вина.
Во првиот дел и Лазаревски имаше очајно издание, особено во нападот...
Андриевски го заборави на клупа Пајиќ кој добро почна, а го извади поради три лични.
Вест имаше лош почеток на мечот, но се препороди во последната четвртина.
Сендиџ одново најдобар според мене, заедно со Кралевски.
Вардар влезе со -10 на стартот на последната четвртина.
Да напоменам дека имаше очајно судење денес, со катастрофални одлуки на двете страни...
Фени ја одржуваше разликата во текот на целата четвртина, ќе дојдевме до 6-7 разлика, па ќе се вратеа на10 и на 2 и пол минути до крај имаа +8.
Лефковски утна чиста позиција за три, но Сендиџ беше фаулиран и погоди две сободни за -6.
Но, Фени се врати на +8, по што на 1 и 30 секунди до крај Пајиќ намали на 6 разлика.
Фени во овие минути зависеше само од еден играч - ЕФТИМ БОГОЕВ.
Тимба играше сам, и затоа нема да го пофалам Кочов пошто денес Богоев му еба матер во напад.
Постојано ги минуваше и лесно положуваше или додаваше до Бјелиќ и Цветковиќ.
Со огромна поддршка од Комбат, гостите почнаа да грешат, па на 50-тина секунди до крај изненадно место да бие за три, Кочов отиде на влез и положи за -4.
Вардар почна со пресинг и гостите не успеаа да ја изадат топката или пак ја вратија во своја половина.
Вест беше брзо фаулиран и остана сигурен при своите слободни.
Тој беше човекот на пресвртот, бидејќи имаше одлична партија во оваа четвртина.
Да напоменам дека пресвртот го направивме, пошто откако Кралевски доби петта лична, Трифуновски играше центар место Керкез или ротираа со Сендиџ.
Сендиџ го лепна Херис во наредната акција на Фени, и Вардар тргна во напад за израмнување или победа.
На 11 секунди до крај Вест беше фаулиран и имаше слободни за продолжение.
Во салата штама, се слушаше само звукот на кинење на мрежичката по прецизните шутеви на Вест :D
Тимба тргна во последната акција, отиде на влез, но беше прекраток при положувањето.
Мечот отиде во продолжение!

Вардар имаше добитна комбинација затоа што тројца главни играчи на Фени имаа 5 лични, тоа се Бјелиќ, Ќуркчиев и Цветковиќ (могуче е Цветковиќ 5-тата да ја доби на стартот од продолжението).
Практично немаа скоро ниеден висок играч на теренот.

Остана дуел Вардар против БОГОЕВ...
Андиревски мораше да го смени Кочов, барем Лазаревски подобро игра во одбрана, па дури можеше и со Игор Ивановиќ да проба, и онака ниеднаш не доби шанса денеска...
Сигурен бев дека ќе тепаме, и психолошката предност беше на наша страна, откако вративме добиен меч, НО...
Трети пат како гледам продолженија и губиме...
Продолжението почна со акција на Фени која траеше една минута Богоев беше фаулиран, но ги утна и двете, ама Фени одново дојде до топката Херис утна за три, но пак ја фатија и Богоев пак беше фаулиран, а овојпат погоди само едно.
На спротивна страна Трифуновски беше фаулиран и погоди само едно слободно.
Секој фаул значеше слободни бидејќи и двете екипи беа во бонусот.
Вардар прв пат доби можност за предност откако Сендиџ го залепи некој од противничките играчи. Трифуновски тргна на влез и погоди за водство од 73-71.
Богоев одново тргна во симултанка и изнуди слободни, но погоди само едно.
На трибини беше Хаџибулиќ и ептен се изнервира кога го правевме пресвртот, и му се дереше на Тимба да не го слуша тренерот и сам да игра :D
Вест направи чекори, по што се случија двата моменти кои го решија мечот.
Фени имаше изгубен напад, но некако ја ископаа топката до Херис кој погоди тројка :place:
На спротивната страна одново Трифуновски згреши во решавачки моменти, ИСТО како и против Соколи, шутирајќи нерезонска тројка во почетните секунди од нападот од тотално неизградена позиција.
Сепак Фени згрешија, а на нас среќата ни го сврте грбот.
Имено Кочов и Сендиџ утнаа од чисти ситуации од пред кош, топката падна во рацете на Марковски над кој беше направен фаул.
И така играчот кој 20 минути играше со четири лични, зголеми на +4.
Следната акција Марковски само го реши мечот, во потполно иста ситуација.
Се изрезиливме од чисти ситуации под кош, а топката ја прифати Марковски по што имавме време само за лични правење, и рутинска завршница на мечот...

Штета голема, уште пострашно е што иднината на клубот не е баш најпозната :(
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.256
Поени од реакции
6.875
^И другпат ако седнеш на наша територија,ќотек ќе јадеш...добар коп си бевме...Јас,Хаџибулиќ и мајкаму на Јово Марковски :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom