Карпош не е Вардар, Пелистер, Фени или останатите да мести утакмици.
Ете ти доказ дека не сме местачи. Не сакав да се расправам без врска, ама лани Вардар отпадна затоа што Струмица им ги даде утакмиците на Пелистер и играше во нивна корист против Вардар
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Годинава да сакавме да местиме можевме Лирија да ни ја даде втората утакмица пошто на нив НИШТО не им значеше победата. Двата клуба се во одлични односи откако Вардар им ја изнајмува салата, ама не сме ние таков тим.
Најдобрата утакмица ја видовме годинава во Кале. Највозбудливата.
За жал иако нашите дадоа се од себе, сепак на крајот можам да кажам дека се збогуваме од првата лига
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
По продолженија Вардар загуби од Фени со 75-82, откако на крајот на 4-те четвртини резултатот беше 70-70.
Виновник одново Андиревски, но во многу поголема мера Керкез.
Засилувањето на полусезоната кој го дочекавме како месија испадна најслаб играч во составот на Вардар. Жими се Костески што го дадовме на Куманово и не молат да ни го вратат, е подобар од моменталниот Керкез. Ако ништо друго за резерва на Кралевски сигурно е подобар.
Не можам да сфатам што стана со ланскиот Керкез???
Старт на мечот од соништата, за 2-3 минути игра на семафорот стоеше Вардар-Фени 13-0!
Тогаш од неразбирливи причини Андриевски го извади Кралевски и го стави Керкез. Е тука почна почесната стрелба на гостите.
Бјелиќ си го играше како сака Керкез, овој изгубен во просторот, ниедна одбиена топка не може да фати, остава огромен простор во рекетот, хаварија жива.
Се рашутира и Марковски и он беше главниот играч на гостите во првото полувреме. Одлични асистенции, одличен пут за три, добра игра со Бјелиќ и Цветковиќ...
Разликата на Вардар се топеше за на крај на четвртината да се отиде со 23-20 благодарение на тројката на Пајиќ кој имаше 3/3 за тројка во почетните минути.
Во втора четвртина некаде до половината ја одржувавме разликата. Моментот беше кога Лефковски погоди тројка и цела трибина скандираше Лефче бараба
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Предовдени од Херис, гостите не само што се вратија во игра туку и поведоа и отидоа со +2 на полувреме иако во последниот напад судијата не досуди чист фаул над Сендиџ при шут за три поени.
Во оваа четвртина Васиљевиќ непотребно влезе во игра и имаше неколку избрзани шутеви кои завршуваа со промашување, и со казна од Херис.
И второто полувреме тотален пресврт во играта.
Вардар ја имаше контролата во почетните минути и со една ненормална тројка на Трифуновски дојде во водство од три поени.
Марковски кој беше најдобар кај гостите ја доби четвртата лична, НО ИГРАШЕ СО 4 ЛИЧНИ УШТЕ 20 МИНУТИ.
Па може ли да бидеш толку глуп и да не форсираш акции по негова страна и да му изнудиш петта лична?
Многу се изнервирав ебате...
Како за инает Кралевски направи два непотрбни фаула и дојде на 4 лични, по што во игра влезе Керкез...
И тогаш...
Само заради Керкез се разигра Фени, и не изрешетаа и дојдоа на +12 во некои моменти.
Го оставаа сам под кош а човеков утна 3-4 пати на удар со хорок од метро под кош.
Мизерија не видена, а за одбрана да не коментирам. Еден куп поени по негова вина.
Во првиот дел и Лазаревски имаше очајно издание, особено во нападот...
Андриевски го заборави на клупа Пајиќ кој добро почна, а го извади поради три лични.
Вест имаше лош почеток на мечот, но се препороди во последната четвртина.
Сендиџ одново најдобар според мене, заедно со Кралевски.
Вардар влезе со -10 на стартот на последната четвртина.
Да напоменам дека имаше очајно судење денес, со катастрофални одлуки на двете страни...
Фени ја одржуваше разликата во текот на целата четвртина, ќе дојдевме до 6-7 разлика, па ќе се вратеа на10 и на 2 и пол минути до крај имаа +8.
Лефковски утна чиста позиција за три, но Сендиџ беше фаулиран и погоди две сободни за -6.
Но, Фени се врати на +8, по што на 1 и 30 секунди до крај Пајиќ намали на 6 разлика.
Фени во овие минути зависеше само од еден играч - ЕФТИМ БОГОЕВ.
Тимба играше сам, и затоа нема да го пофалам Кочов пошто денес Богоев му еба матер во напад.
Постојано ги минуваше и лесно положуваше или додаваше до Бјелиќ и Цветковиќ.
Со огромна поддршка од Комбат, гостите почнаа да грешат, па на 50-тина секунди до крај изненадно место да бие за три, Кочов отиде на влез и положи за -4.
Вардар почна со пресинг и гостите не успеаа да ја изадат топката или пак ја вратија во своја половина.
Вест беше брзо фаулиран и остана сигурен при своите слободни.
Тој беше човекот на пресвртот, бидејќи имаше одлична партија во оваа четвртина.
Да напоменам дека пресвртот го направивме, пошто откако Кралевски доби петта лична, Трифуновски играше центар место Керкез или ротираа со Сендиџ.
Сендиџ го лепна Херис во наредната акција на Фени, и Вардар тргна во напад за израмнување или победа.
На 11 секунди до крај Вест беше фаулиран и имаше слободни за продолжение.
Во салата штама, се слушаше само звукот на кинење на мрежичката по прецизните шутеви на Вест
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Тимба тргна во последната акција, отиде на влез, но беше прекраток при положувањето.
Мечот отиде во продолжение!
Вардар имаше добитна комбинација затоа што тројца главни играчи на Фени имаа 5 лични, тоа се Бјелиќ, Ќуркчиев и Цветковиќ (могуче е Цветковиќ 5-тата да ја доби на стартот од продолжението).
Практично немаа скоро ниеден висок играч на теренот.
Остана дуел Вардар против БОГОЕВ...
Андиревски мораше да го смени Кочов, барем Лазаревски подобро игра во одбрана, па дури можеше и со Игор Ивановиќ да проба, и онака ниеднаш не доби шанса денеска...
Сигурен бев дека ќе тепаме, и психолошката предност беше на наша страна, откако вративме добиен меч, НО...
Трети пат како гледам продолженија и губиме...
Продолжението почна со акција на Фени која траеше една минута Богоев беше фаулиран, но ги утна и двете, ама Фени одново дојде до топката Херис утна за три, но пак ја фатија и Богоев пак беше фаулиран, а овојпат погоди само едно.
На спротивна страна Трифуновски беше фаулиран и погоди само едно слободно.
Секој фаул значеше слободни бидејќи и двете екипи беа во бонусот.
Вардар прв пат доби можност за предност откако Сендиџ го залепи некој од противничките играчи. Трифуновски тргна на влез и погоди за водство од 73-71.
Богоев одново тргна во симултанка и изнуди слободни, но погоди само едно.
На трибини беше Хаџибулиќ и ептен се изнервира кога го правевме пресвртот, и му се дереше на Тимба да не го слуша тренерот и сам да игра
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Вест направи чекори, по што се случија двата моменти кои го решија мечот.
Фени имаше изгубен напад, но некако ја ископаа топката до Херис кој погоди тројка
![Плаче :place: :place:](/styles/default/xenforo/smilies/cry.png)
На спротивната страна одново Трифуновски згреши во решавачки моменти, ИСТО како и против Соколи, шутирајќи нерезонска тројка во почетните секунди од нападот од тотално неизградена позиција.
Сепак Фени згрешија, а на нас среќата ни го сврте грбот.
Имено Кочов и Сендиџ утнаа од чисти ситуации од пред кош, топката падна во рацете на Марковски над кој беше направен фаул.
И така играчот кој 20 минути играше со четири лични, зголеми на +4.
Следната акција Марковски само го реши мечот, во потполно иста ситуација.
Се изрезиливме од чисти ситуации под кош, а топката ја прифати Марковски по што имавме време само за лични правење, и рутинска завршница на мечот...
Штета голема, уште пострашно е што иднината на клубот не е баш најпозната
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)