Уте еден пораз, воглавно ради неискуство
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
И за овие почнав да се нервирам ебате и тоа за небитни утакмици
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Али сепак добро ќе беше за враќање на самодоверба со победа да ја почнеме годината.
Во првиот дуел од купот, Вардар-Карпош Соколи 65-67...
За жал денес не играа двете засилувања, ниту Илиевски, ниту пак Џексон за кого воглавно и отидов на утакмицава, за да видам како ќе се покаже.
Многу малку високи играчи имаме. Покрај повредениот Ѓуриќ, денеска не можевме да сметаме ниту на суспендираниот Трифуновски.
За Џексон првите информации што ги добив беа дека бил просеен играч.
Но сепак од тоа каменот што го менуваше денес Кравелвски секој може да биде подобар.
Мајко мила, таква некоординираност од центар ретко се гледа. Значи толку да како држава да сме слаби со центри не ми е јасно...
Некојси Танасковиќ, веројатно од младинскиот состав...
Вардар добро го почна мечот. Водевме со 13-9 на стартот, дури не земаа замав гостите.
Со заминувањето на Страхиња Милошевиќ, гостите се каде-каде послаби од прва полусезона иако тимот им е ист.
Земале некој црнец, тешко дрвесимо. Пошто немаше име на дресот не знаев кој е, ама вака по имево ми личи дека е истиот што играше за Работнички ако не се лажам, Џон Шарпер...
Повторно имавме големи проблеми со Павловски. Нерешлива енигма за нас, но сепак ние освен Кралевски немавме друг борец под кошевите.
Павловски ја почна големата серија на Соколите.
Фатија залет и од наше водство, ја завртеа утакмицата и поведоа со некои 15-тина коша разлика уште некаде на почетокот на втората четвртина.
Си реков, пак ли ќе гледаме решени утакмици уште на полувреме ебате...
Но, Вардар денес го имаше Гајовиќ.
Симултанка играше со гостите Тешки вака да игра и во остатокот од сезоната.
Го намалувавме постепено резултатот, дојдовме на -11. Тогаш за минута-две направивме серија од 9-0 со три тројки по ред.
Првата ја стегна Гајовиќ, па Васиљевиќ и третата беше единствениот поен на младиот Мекиќ.
Пајиќ имаше слаба шутерска ноќ, само две тројки даде од 8 шута.
Уште на почетокот повреда заработи и Лефкоски, па некои 10-тина минути не беше на теренот.
Кралевски не можеше да игра сам на центар цела утакмица. Соколи покрај Павловски го имаа и тоа волот Патковиќ и двајцата цело време не надскокуваа. Па мислам дека после секое промашено слободно топката кај нив одеше...
На полувреме се замина со +2 за Соколи.
Вториот дел го почнавме фуриозно.
Ја затегнавме одбраната, додуша Павловски беше тотално индиспониран. Два пати сам пред кош промаѓи положување
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Имавме и некои украдени топки, одлични завршници преку Гајовиќ и во еден момент имавме водство од 55-48!
Вардар беше во налет, но примивме некои пацерски кошеви. Тој со румените образи кој носеше дрес од Матиќ (но сигурно не беше истиот кошаркар од првиот меч) ни даде тројка. Како успеа тоа дрво да погоди не ми е јасно...
Ние го извадивме Кралевски и влезе тој Танасковиќ.
Антипропаганда на кошарката. Испи неколку банани под кош, во одбрана изгубен...
Среќа отидовме со 55-51 во последната четвртина.
Андриевски се коцкаше и последната четвртина ја почна со Танасковиќ. Гостите лесно израмнија, па во игра влезе Кралевски.
До крај гледавме многу тесен меч.
Павловски одново почна да погодува, а ние го имавме Гајовиќ, па и Васиљевиќ кој беше сосема солиден и може имаше и највеќе кошеви од наша екипа...
Павловски направи еден фаул во напад и ние стигнавме на +4.
Па се случи еден од клучните моменти. Соколи имаа слободни и Павловски ако не се лажам ги утна, но нашиве дремеа ко мисири па топката стигна кај нив и Патковиќ ни здрви тројка
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Во следниот напад одново се поравме, и одново слична ситуација. Ги утнаа слободните, па пак ја фатија и погодија за нивно водство.
Во напад топката не не посакуваше, неколку пати му искочи од обрач на Гајовиќ, па така преку Георгиевски Соколи од слободни дојдоа на +3.
Па две слободни погоди Васиљевиќ за +1 за Соколи.
Георгиевски беше следниот на линијата за слободни. Првото го утна, второто го погоди.
Ние имавме 10 секунди за победа.
Тргна Гајовиќ, ддодаде до Кочов кој беше сам на тројка. Место да шутне, сочека и го блокираа. Останаа две секунди кои не ги искористивме и одново загубивме...
Штета, но се надевам дека најважните дуели со нив ќе ги добиеме. Многу зависи од Нигеров како ќе игра под кош...
Мечот беше изигран во полна сала со убава атмосфера од 50-тина членови на Комбат. Се надевам во иднина ќе имаме причина на крај и да се израдуваме на некоја победа
EDIT: Овие Соколи ептен измешани дресови носеле бе ццц
Тој Патковиќ изгледа си отишол и со неговиот дрес играл некојси Милиновиќ. Дрвото со дресот Матиќ се викал Јовановиќ, а Шарпер играше во дрес Сапунџиев.
И нашиве имаа измешани дресови, Миновски кој прв пат го гледам носеше дрес од Лазаревски кој е повреден, а Танасковиќ немаше презиме на дресот.