Кај нас се уште владееат емоциите пред професионализмот. Така да и за судиите тоа се однесува. Ставрев, па и другите пред таквка ситуација сигурно дека во дел од секундата ќе бидаат понесени од емоциите.
И пеналот на Мурати , за повеќемина не беше пенал, но ако е 50-50, Ставрев ќе се одлучи за пенал. Ако втората снимка за фаулот над Бесарт покажа дека е пенал, во тој дел од секундата Ставрев пресуди дека е симулирање и му додели жолт картон ( да имаше ВАР, сигурно ќе покажеше пенал).
И првиот пенал е класичен пенал, иако некои маломуни тука, сакаат да го спинираат дека досудел офсајд пред да центрира??? А најмалку што можат да сторат, е да ја вртат лентата назад, и да видат од каде ја зема топката Алими, и дали има можност да свири офсајд на таква позиција. Офсајдот е свиран оти Бесарт беше во офсајд, а играњето со рака се случи пред тоа. Ама на судијата во тој дел од секундата му беше полесно да досуди офсајд, него да му ја пцујат мајката илјадници македонци.
Друг момент, како можат пет судии да не видат како Гачевски го удри Жуниор без топка, кога беше постигнат израмнувачкиот гол. Чист црвен, без двоумење!!!
Исто се случи и со голот на Шкендија пред една година, кога пола од нас се убедуваа дека топката целосно ја мина гол линијата, пола дека не ја мина целосно. Тогаш линиски судија беше албанец од Кичево. И кај него во тој дел од секундата владееле емоциите, не професионализмот.
Мене повеќе ми е криво, дека овој утепан Вардар има реални шанси да стане шампион, а видовме вчера дека се послаби за една класа. Дури и утепаниот коментатор од МРТ во второто полувреме викаше (да парафразирам) дека Комити не се толку гласни во ова полувреме, откако видоа дека нивниот клуб е инфериорен во споредба со Шкендија.