Tоni
ILLYRIAN
- Член од
- 26 февруари 2009
- Мислења
- 13.639
- Поени од реакции
- 10.237
Klubi Futbollistik Shkëndija (Фудбалски Клуб Шкендија) е основан во 1979 година, од страна на албанците во Тетово.
Шкендија започна во најниското по ранг натпреварување на поранешната федерација на Југославија. На крајот на сезоната 1979/1980 осигура пласман во Третата Лига на Република Македонија. Потоа во сезоната 1980/1981 успеа да се пласира во Втората Лига.
Како што растеше популарноста на Шкендија помеѓу албанците во Југославија, толку растеше и нетрпеливоста на тогашната власт спроти Шкендија. Така тие одлучија да и забранат на Шкендија да се натпреварува во било кое натпреварување, така престанаа да постои и фудбалскиот клуб, и одбојкарскиот и карате клубот.
После прогласената незавизност на Македонија, во 1992 година Шкендија се реформира и почнува со натпреварување во најнизок ранг, во сезоната 1992/1993.
Веднаш после првата сезона напредува и велгува во Третата Македонска Фудбалска Лига. После една сезона во трета лига (1993/1994), осигура влез во Втората Македонска Фудбалска Лига, каде што ќе настапи во сезоната 1994/1995, кога за првпат во неговата историја клубот ќе се квалификува во Првата Македонска Фудбалска Лига.
За жал во сезоната 1996/1997 Шкендија ќе се пласира на 13-то место и ќе се пресели во Втората Лига.
Во сезоната 1999/2000 во Втора Лига, Шкендија ќе обезбеди пласман во Прва Лига. Но, за жал нема да успее да ја заврши сезоната 2000/2001, поради воениот конфликт во Македонија, и ќе се пресели во Втората Лига.
После две сезони во Втората Лига, во сезоната 2003/2004 ќе се качи пак во Првата Лига и ќе игра 4 сезони по ред во Првата Лига. Во меѓувреме во сезоната 2005/2006 Шкендија за првпат во нејзината историја ќе игра финале на куп, на Македонија, каде несреќно во последните минути ќе изгуби од Македонија ЃП со резултат 3:2.
Во сезоната 2007/2008 Шкендија ќе се пресели во Втората Лига.
Пред почетокот на сезоната 2008/2009 Шкендија добива нов спонзор, австриската фирма "MESSI GROUP". Истата сезона Шкендија ќе игра бараж за влез во Прва Лига, но ќе изгуби од Пелистер.
Но во следната сезона 2009/2010 како првопласирана во Втората Лига ќе се пласира во Првата Лига.
Сезоната 2010/2011 ќе биде најуспешната во историјата на клубот. Шкендија првпат ќе стане шампион на Македонија. Со 21 победа, 9 нерешени и 3 порази, со гол разлика 65:23 и со 72 бода, Шкендија ја заврши најуспешната сезона во историјата.
Во квалификациите за Лигата на Шампионите ќе игра против српски Партизан од кого ќе биде елиминирана.
После освоената титула управата на клубот ќе го модифицира амблемот на клубот:
Сезоната 2011/2012 Шкендија ќе се пласира на 3-то место. И во квалификациите за Лига Европа, Шкендија ќе биде елиминирана од северно-ирски Портадаун.
Сезоната 2012/2013 клубот ќе западне во финансиска криза и ќе заврши на 5-та позиција, но по втор пат во историјата на клубот ќе се пласира во финалето на Националниот Куп на Македонија, каде ќе биде поразена од Тетекс со резултат 1:0.
Навивачите на Шкендија се познати со името "BALLISTËT".
Балистите се основани во 1992 година. Шкендија секогаш ја имала подршката на Балистите.
Името на Балистите на почеток не било дозволено, па групата излегла со името BAL (Бал) или кратекнка на името BALLISTËT.
Вредат да се спомнат најголемите организирања на Балистите за мечевите на клубот.
Прво да се спомне 1994 година, на меч од третата лига против Фортуна. На тој натпревар имало 20.000 луѓе.
Финалето на купот во 2006 година, во Скопје. Тогаш 37 автобуси и многу коли и комбиња со навивачи на Шкендија беа присутни на тогашниот Градски Стадион во Скопје.
Натпреварот Шкендија-Металург кога Шкендија ја славеше титулата, Градскиот Стадион во Тетово пак полн, 16.000 луѓе.
Шкендија извадила неколку познати играчи кои играат за европски клубови:
Агим Ибраими отиде во Базел, па после смената на неколку клубови отиде во Марибор.
Ферхан Хасани отиде од Шкендија во Волфсбург:
Валмир Нафиу отиде во Базел, па после од таму во Хамбургер.
Џелил Абдула отиде во Ден Хаг, па од таму во Дизбург.
Најпознати играчи кои играле за Шкендија се:
Ќатип Османи, Артим Шаќири, Неби Мустафи, Mенсур Куртиши, Арѓент Беќири, Ндерим Неџипи, Артим Положани.
Најголемата легенда на клубот е Ќатип Османи, кој играше за Шкендија, но и како тренер ја освои титулата првак на Македонија.