Тери: Три-четири дена и спремен сум за Москва
Капитенот на Челзи, Џон Тери, ги смири сите соиграчи и фанови кога изјави дека нема да има проблем да игра на финалето на Лигата на шампиони за десетина дена.
Дефанзивецот заработи повреда на раката во 12-та минута на последниот натпревар во Премиер лигата и имаше стравувања дека му е скршена. По посета на болницата Тери се врати на стадионот и го догледа дуелот со Болтон. "Раката ми се намести сама од себе уште пред да отидам во болница и ќе ми требаат три-четири дена одмор, но ќе бидам спремен за Москва"- изјави челичниот фудбалер.
"Го гледав второто полувреме и ги гледав двата натпревари. Кога Рајан Гигс го постигна вториот погодок за Јунајтед знаев дека се е завршено. Ако треба да сум искрен,
ќе кажам дека навистина имаа извонредна сезона"- додаде Тери.
"Ние имаме многу почит за нив и
заслужуваат да се на врвот. Што се однесува до нас, испуштивме многу поени и најверојатно тоа не чинеше второ место. Н
о, не сакам да ја омаловажувам победата на Јунајтед, тие беа бријантни"- продолжи.
"Во Москва се ќе биде различно и од сега натаму размислувам само на тој натпревар. Се уште сум разочаран дека не ја освоиме титулата, но европскиот трофеј е единствениот кој ни недостасува и тоа го сакаме сега"- категоричен беше капитенот.
_______________________________________________________________
Барем е искрен!! :helou:!
П.С. Еве го бе, се врати