Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Ауууууууу :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Иако се подобри играта со влегувањето на Жоржињо, немав баш надеж знаејќи како завршија сите претходни натпревари кај што примивме гол. Ама браво. Замените перфектно погодени, ептен ми се свиѓаше ризикот со Лампти затоа што немавме никаква опасност во напад со Азпи и Томори како бекови.
Мора да се искористи ова за подобрување на менталитетот во вакви ситуации, да почнат многу повеќе да се борат на терен.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Кизнај колку му е криво на Луиз шо не даде гол, сакаше да се израдува чоекот.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Со Тарик Лампти на десен бек ги тепавме бе.
Искрен да бидам, не мислев дека ќе извадиме три бода денес. Ама, некаде кај 60-та минута решив дека и покрај поразот (во мојата глава) ќе ги издвојам позитивните работи во гејм менаџментот (модерно е сега) на Лампард, промени за поздравување.
Измената со Емерсон, погодена. Бразилецов беше потонат денес, надвор од позиција, натскокан од Обамејанг за голот, никаква поддршка не му пружаше на Томори.
Внесувањето на Лампти, лепота. Ај што детето доби шанса да заигра на дерби, туку внесе живост, го растерети Вилиан по десна страна.

Ебате екипата луда, во седум дена ги победија Тотенхем и Арсенал на гости, а загубија дома против Саутемптон.
Многу е важно во периодот што ни следува, Лампард да избере конечно една формација и истата да ја тера до крајот на сезона, а уште поважно е да поврземе неколку меча со победа, против условно послабиве екипи на Стемфорд Бриџ.
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Кова наместо Маунт во второ, да си ја вратиме средината како во првите 30 минути и добри сме.
 
B

Beginner

Гостин
Место да дадат 2ри гол вака тресење до крај...

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Пак не успеаа да сврзат две победи...

Добар старт, супер пресинг и негде на крај од прво почнаа Брајтон да притискаат, на полувреме сменија гормација и толку беше. Очекував да примат гол и ете. Среќа Кепа спаси два чисти гола, иначе зжзаслјжено ќе изгубеа. Без креативност, себичење...
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Кова наместо Маунт во второ, да си ја вратиме средината како во првите 30 минути и добри сме.
Кај го побарав, кај се запустев. Мамурен Ковачиќ, мислиш вчера длабоко заглавил на Дино Мерлин на плоштад.

Кому требаат бодови за опстанок, кому требаат бодови за Европа, за титула, преку кого треба да се руши негативен рекорд, негативен скор, кому требаат бодови за прекин на низа од 20 порази, кому требаат моменти за паметење, прв гол во кариера, макази (со ебани макази не реши Иранецов), тука е Челзи.

Кога игравме фудбал, не можеше Брајтон до воздух да дојде. Можевме без проблем три да им дадеме до 60 минута. Ама, на Лампард му текна дека Челзи треба да го брани резултатот од 65 минута и ете го исходот. На крај и среќни треба да сме со освоениот поен.

Пофалби единствено за одбраната. Почнувајќи од Кепа, одличен денес. Рис и Рудигер исто така, за првпат сезонава можеме да кажеме дека целата задна линија беше на задоволително ниво.
Само џабе.

Останатите не знаеја за себе. Пулишиќ нешто мрднуваше додека беше во игра, се закануваше. По неговото излегување станавме тотално безопасни.
На Абрахам често му забележувам што не е себичен (сметам дека треба повеќе да шутира), денес како за малерот го направи спротивното, во погрешен момент. Не размислуваше претерано лошо, ги навлече да мислат дека ќе додава за Вилиан, му се ослободи простор, но сепак Вилиан беше во подобра позиција.
Маунт исто така зафркна опасно една полу-контра, четири на два ситуација, наместо да додаде, шутна во блокот.
Епа кога не знаеш да го дотепаш противникот и да реализираш шанси, ќе те обрука некој си Јаханбаш и ќе се враќаш во Лондон со наведната глава.
 
B

Beginner

Гостин
Играме денес фа куп би сакал да одмори 1в тим и да почне со младите.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
B

Beginner

Гостин
Гилмор требаше да почне место Кова/Жорж а тој ни на клупа не е и Лампти па на клупа... Единствено позитивно е Мичи кој до сега нема добиено шанса во ПЛ а мислам дека заслужува ама ајде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom