Денот на мрмотот.
Одиме на она старото, Стемфорд Бриџ е неосвојива тврдина. Ама за Челзи.
Некои флешбекови од Сколари и Вилас-Боас, е тоа, само двапати полошо.
Две работи се грозни и загрижувачки. Првата, Челзи против Вест Хем, Борнмут и Саутемптон, на домашен терен, освои 0 (нула) бодови, прими четири гола и не успеа да постигне ниту еден. Дома, против екипи кои се борат за опстанок.
Втората, кога Челзи сезонава прв прима гол, Челзи не успева да освои макар ни бод. Не само што не можат да направат целосен пресврт, туку не можат да извадат нерешен резултат.
Ќе повторам, нека станам и досаден. Не ми се невообичаени ваквите резултати и резултатски падови, непоимливи ми се играчките осцилации. Го газиш Тотенхем пред три дена, денес против Саутемптон одвај ја префрлаш топката повеќе од центар.
И да. Лошиот Сари, оној што не доведе до ЛШ и што освои европски трофеј, имаше само два порази на Стеморд Бриџ во цела сезона. Овој Челзи има три порази во нецел месец.