Фан Клуб: Челзи

Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Au kako me napna Tami so kontrava...

Jbg tojeto, bitno vidovme deka i so vakov tim moze da se nosime so Liverpul.

Tomori izigra sosema korektno shto e super, dopolnitelno povekje shto gledame deka Kristensen znae da ima maka so mini povredi. Mu se slucuvase i prethodnata sezona. A i ke bide mnogu korisen dodeka ne se vrati Rudiger.

Edvaj chekam da se oporavi Reece James da go vidime nego. Za so Lester se nadevam deka Zappa kje igra zatoa shto Azpi e daleku od toa sto beshe.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.309
:( :( :(

Исто ко Лукаку :(

Црнец млад талент промашува решавачки пенал во УЕФА Супер Куп

:( :( :(
Автоматски споено мислење:

Ако морам (а не морам :D ) да типувам би рекол нерешено па продужетци
Зоки Типс :cool: :cool: :cool:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Dt0GCChVYAAAhSE.jpg

Пред 6 години, исто така во Супер Куп, вистинскиот наследник на Дрогба промаши пенал против Баерн. 6 години подоцна, на Дрогба vol.2 му се повторува судбината.
Ама па пенали се во прашање, рулет, среќа, може секому да се случи. Како што може да се случи и да промашиш две прекрасни шанси и секој дуел со Ван Дајк да го поминеш на земја. Додека пак некој, просечен неважен шпиц, со Матип и Ван Дајк на грб постигна гол.
Јебига. Изгледа ќе мора да се согласиме дека не се согласуваме.

Моите очекувања за сезонава не беа претерано оптимистички, нормално, земајќи ги предвид околностите и целокупната ситуација поврзана со клубот. На кратки стази. Долгорочно бев и се уште гледам позитивно на работите и на еден нов Челзи со Лампард на кормилото.
Отприлика претпоставував дека често ќе бидеме морални победници (со Јунајтед имавме 55 добри минути, денес изигравме двапати подобро. Патем, последен тим кој изиграл вака со овој Ливерпул беше Сити лани на Етихад. На други не ми текнува навистина). И дека нема да победуваме често натпревари. Но она што не го очекував е пристапот и начинот на игра. Многу охрабрувачки, засега. Нека продолжат со работа и резултатите (не е нужно да бидат преточени единствено во трофеи) ќе си дојдат.

Драго ми е што Зума и Кристенсен се консолидираа вечерва, а уште подраго ми е тоа што Емерсон и дефинитивно го зацементира местото во прв тим. Радувајте се, Алонсо ќе го гледате против Салфорд и Престон по купови.
Азпиликуета, за жал, останува најслаба алка во одбраната. Не го стигаат човеков толку годините, колку што го стига заморот. Откако дојде од Марсеј, има изиграно милион мечеви. Де на лев бек, де стопер, де десен бек, робот да беше ќе се расипеше.

Да не останам покус за еден хвалоспев за Канте и Жоргињо. Алфа и омега во тимов. Гинеш на средина со Фабињо, Салах, Мане, Хендерсон и Фирмино, шутираш пенал како последни мудоња во продолженија, шутираш мртов ладен од 11 метри во пенал серија.
Кога ќе се повлече Азпиликуета, капитенската лента, без сомнение треба да му припадне нему. Не гледам некој со таков карактер и знаење во тимот.
А овој ,,еднодимензионалниов'' рандом црнец, со една сезона во Лестер, без завидна статискика и голови на негово конто, повторно држеше лекции. Повреден. Нека стои ова ,,повреден'' потвлечено.

Победа против Лестер викендов е must. Од повеќе аспекти. И тогаш нека стартува сезоната за Челзи. Се до интернационалната пауза, која ја чекам со душа за првпат во животот.
 
Последно уредено:

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Одличен натпревар и игра... штета што не освоивме.
Канте се враќа и се стабилизира средината. Позитивно е што се` почесто се опушта дрибла у напад и врши пресинг. И повреден, он можда најмногу беше спремен да истрча синоќа.
Томори одличен.. ако сметаме дека Рудигер е прв избор останува Зума,Кристенсен и Томори да се борат за место во прв состав.
Маунт и Пулишиќ добри.
Лампард моментално има точни профили на играчи за 4-3-3 формација. Кога ќе се опорават Чик и Одои тимот ќе добие на ширина и квалитет и може да се пробуваат разни варијанти.
Сега за сега покажавме дека може да се носиме со било кој противник. Како ќе одминува време резултатите сами по себе ќе дојдат.
Нема место за загриженост... не очекува одлична сезона и возбудлива игра.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.553
Поени од реакции
52.345
Најпрво, треба горди да сме на тоа што го покажаа вчера. Цел фудбалски свет очекуваше да бидеме посрамотени од европскиот шампион, а сепак на крај одлучи пенал на 21 годишен играч. За мене бевме за нијанса подобри во 90те минути и штета што не успеавме да победиме. Многу ми се свиѓа фудбалот што го играме, очекувам се повеќе да се уигруваат и да играат со самодоверба. Додајте ги и Рис, Рудигер, Лофтус, Одои, па и Вилиан. Сега само останува добрата игра да ја претвориме во победи и верувам дека ќе бидеме ок сезонава, нема за што да се грижиме.

Кепа беше одличен. Се осмелувам да кажам дека ако продолжи вака, за некоја година можеби освен најскап ќе стане и најдобар голман. Одбраната беше на ниво, Зума мнооогу подобро изигра, а и Кристенсен беше добар. Емерсон ме импресионира се повеќе, само нека продолжи вака. Жоржињо исто беше одличен. Човеков стварно е лидер и ептен ми е мило што сезонава ваљда сите ќе го видат за тоа што е, а не како "играчот на Сари". Ковачич исто повторно добро изигра, во живо ептен добро изгледа кога гледаш колку е отпорен на пресинг. Пулишич супер, има многу талент во него, очекувам со секој натпревар да станува подобар. Штета за голот што му беше поништен. Жиру и Педро исто добри. Тами и Маунт внесоа свежина во играта. Како што пишав и претходно, не може да им се замерува за пропуштени шанси, уште учат, нормално е. И за крај...
Н'ГОЛО ФАКИНГ КАНТЕ :cuc::cuc::cuc::cuc:
Каков играч... Финалето во ЕЛ го изигра и изгази со повреда која уште го мачи, неколку месеци покасно. Против Јунајтед пак добил некоја ситна повреда и со само 30 минути изиграни до сега, без многу тренинг пружи онаква партија. За мене беше најдобар играч на терен. Еден од најдобрите играчи во светот, привилегија е да се има во тим.
Лампард ја прилагоди малце играта, не излагаа толку високо на пресинг, што не кошташе против Јунајтед. Ептен е рано, ама од се што видовме до сега добивам надеж дека ќе биде успешен во Челзи.

Сега да си се префрлам на моето искуство :D
Трет пат одам на натпревар и ова дефинитивно беше најдоброто искуство. Завчера неколку саати бевме пред стадион, за да ги пречекаме автобусите кога доаѓаа за тренинг. Собрани на куп фанови на двата тимови, плус турци што дошле онака. Супер помина се, можеше да си направиш муабет со секој. Вчера цел град мислам дека беше фокусиран на фудбалот. Кај и да одиш имаше луѓе со дресови. Во делот што беше за Челзи има многу барови и во секој собрани навивачи. Доста пуштаа Челзи песни, одлична атмосфера. Бев во неколку, запознав секакви навивачи. Од татковци дојдени со синовите, до дедо со една нога во гроб што се вика, што оди на натпревари уште од 1960 :D
Бевме во Бешикташ, па и навивачи на Бешикташ се имаа собрано и си правеа своја забава. Добар момент беше кога дојдоа и почнаа да викаат we love Chelsea, fuck Liverpool :icon_mrgr:
На стадион стигнав порано за да можам да ги видам сите подготовки. Многу побројни навивачи на Ливерпул, како што се очекуваше, иако турците на неутралните трибини повеќе беа фанови на Салах, него на Ливерпул. Можеше да се слушнат само ако он правеше нешто, и во екстра време кога почнаа нешто на турски да си пеат. Навивачите на Ливеепул на другата страна откако испеаа ЈНВА пред натпреварот, не ги слушнав до 50та минута, откако израмнија. Ние бевме околу 1300-1400, и не беа само англичани и по некој како мене, туку имаше доста турци, азијци и што не, затоа што лесно беше со членството да се дојде до карта. Но сепак во прво полувреме не престанавме да навиваме од почеток до крај, не знам колку можело да се слушне на тв. На полувреме морав да испијам литар вода за да се вратам во нормала, па го пропуштив почетокот на второ и првиот гол на Ливерпул. Сите останаа до крај и одлично беше кога целиот тим дојде да не поздрави, на чело со Лампард. Се на се стварно преубаво искуство. Уште не сум прибран, а веќе едвај го чекам следниот пат :love:

IMG_20190814_215743.jpg

IMG_20190814_215955.jpg

IMG_20190814_234651.jpg

IMG_20190814_231632.jpg

IMG_20190815_003527.jpg
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Што е ви е со патетикава бе горди требало да сте биле, мислиш некои аматери играле со најјакиот тим ever seen? :facepalm:
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.553
Поени од реакции
52.345
Што е ви е со патетикава бе горди требало да сте биле, мислиш некои аматери играле со најјакиот тим ever seen? :facepalm:
Какви ти беа очекувањата пред натпреварот?

Секогаш ќе се надевам на најдоброто, ама вчера пред натпреварот само сакав тесен резултат, а не уште едно посрамотување. Реалноста е дека Челзи моментално не се на високо ниво, никој не ги става ни во муабет за топ 4 сезонава. Кога ќе се земат сите околности во предвид, и детали како тоа дека Ливерпул играше дома во петок вечер, а Челзи играше на гости во недела вечер и летаа за Истанбул помалце од 24 часа по натпреварот, горд сум на фудбалот што го покажаа, горд сум на тоа што успеаа да се надигруваат со европскиот шампион цели 120 минути, и можам да кажам дека беа и подобар противник.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Какви ти беа очекувањата пред натпреварот?

Секогаш ќе се надевам на најдоброто, ама вчера пред натпреварот само сакав тесен резултат, а не уште едно посрамотување. Реалноста е дека Челзи моментално не се на високо ниво, никој не ги става ни во муабет за топ 4 сезонава. Кога ќе се земат сите околности во предвид, и детали како тоа дека Ливерпул играше дома во петок вечер, а Челзи играше на гости во недела вечер и летаа за Истанбул помалце од 24 часа по натпреварот, горд сум на фудбалот што го покажаа, горд сум на тоа што успеаа да се надигруваат со европскиот шампион цели 120 минути, и можам да кажам дека беа и подобар противник.
Не знам за финалниот исход, ама очекував далеку подобар резултат за Челзи од тој на Олд Трафорд, ваљда тесен пораз... појма немам.

Добра утакмица изиграа вашите, тоа е точно, посебно прво полувреме беа подобри, како со Јунајтед во неделата. Ама мое искрено мислење, патетично е малце било кој фан на голема екипа да каже "горд сум на перформансот" и онака да се теши со тоа. Мислам, точно дека Челзи во моментов не е тоа што беше пред 10 години, ама не е дека инвалиди играат во екипава.

Горди се фановите на Хал Сити, Шефилд, Норич кога ќе изиграат добро, ама ќе изгубат на крај. Ти може да си задоволен, ама пак да го имаш тоа горко чувство дека на крај за малце не освоиле трофеј.

Ептен се ставате во подредена позиција и многу сте негативни. Мое мислење е дека ниту еден фан на голема екипа не треба да влезе во утакмица со "нека дадат се од себе, па ако не биде ништо јебига", туку да 'бара' само и само победа.

Реално, Челзи стварно изиграа супер, ама не и перфектно од друга страна. Јас гарантирам дека можат и далеку подобро од ова.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.553
Поени од реакции
52.345
Ти може да си задоволен, ама пак да го имаш тоа горко чувство дека на крај за малце не освоиле трофеј.
Никој не рече дека немаше такво чувство.

И како што може некогаш да дојдеш до победа, а воопшто не си ја заслужил и не си задоволен од перформансот, може и обратно.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Никој не рече дека немаше такво чувство.

И како што може некогаш да дојдеш до победа, а воопшто не си ја заслужил и не си задоволен од перформансот, може и обратно.
Тоа да, ама не и да си "горд" на тимот. Не знам, можда мене лично патетично ми звучи зборот. Јас не сум горд ни кога освојуваат, шо ги ебам за нивна слава си играат секако. :D Ај извинете што ве испозамарав. xD
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Човек треба да те прати по темиве кај што трескаш глупости, за да ти ги запишува бламаживе. Не е горд на неосвоен трофеј, горд е на тоа како тимот настапил на терен. Реално, Ливерпул беа изразити фаворити утакмицава а тоа што беше прикажано од Челзи на терен беше рамноправност. Не можеш да не си горд кога гледаш дека играчите покажале муда (оние неискусни). Само што секако, ти си за Јунајтед и вие сте научени само и само на трофеи па при добар перформанс а лош резултат не може да се извлече ништо позитивно и нема на што да се биде горд. Родени победници ко навивачи :vozbud:

Патем и Френк лузер, ќе изјавува дека бил горд на тимот, глупости ебате.

@ManUtdChampions да те тагнам, да не испадне ти зборам позади грб :lut:
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.309
Најпрво, треба горди да сме на тоа што го покажаа вчера. Цел фудбалски свет очекуваше да бидеме посрамотени од европскиот шампион
Не знам ти со кои луѓе се дружиш и какви коментари од некои идиоти читаш, ама стварно би бил изненаден/разочаран ако ова е вистина.

Тотално не е потребно преголемо познавање од светот на фудбалот за да ја видиш ситуацијата реално - т.е. дека Ливерпул е благ фаворит, а Челзи може да се носи со нив.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Човек треба да те прати по темиве кај што трескаш глупости, за да ти ги запишува бламаживе. Не е горд на неосвоен трофеј, горд е на тоа како тимот настапил на терен. Реално, Ливерпул беа изразити фаворити утакмицава а тоа што беше прикажано од Челзи на терен беше рамноправност. Не можеш да не си горд кога гледаш дека играчите покажале муда (оние неискусни). Само што секако, ти си за Јунајтед и вие сте научени само и само на трофеи па при добар перформанс а лош резултат не може да се извлече ништо позитивно и нема на што да се биде горд. Родени победници ко навивачи :vozbud:

Патем и Френк лузер, ќе изјавува дека бил горд на тимот, глупости ебате.

@ManUtdChampions да те тагнам, да не испадне ти зборам позади грб :lut:
Добро, вие у главно горди сте откако пратите фудбал, па ваљда ти поубаво ја разбираш ситуацијава. :icon_lol:

Едноставно е, Ливерпул беше фаворит пред мечот ама Челзи е Челзи. Пет пати првак на Англија во последниве 15 години, првак на Европа и мал милион полуфиналиња во ЛШ во истиот период. Нема зошто Челзи да се плаши од било која екипа, и да се тешат дека со "горди сме на перформансот".

Да се задоволни од тоа што го прикажаа - секако, нормално дека и Френк мора да даде таква изјава за да ги крене играчите, два тешки порази во рок од три-четири дена. Едниот резултатски, вториот на пенали кога титула е во прашање. Ама не гледам причина фановите да се патетични да изјавуваат дека "изгубиле на пенали од Европскиот шампион". Па for fuck's sake, ja елиминираа најјаката Барселона во нивната најслаба сезона од доаѓањето на Абрамовиќ пред некоја година. Е тогаш треба да си горд на играчите.
 
Брат, нормално дека сме горди. Не дека ќе ти ја пеам онаа на МЗТ „не ми треба титулааа“, зошто нормално дека трофеј е потребен ама не секогаш во пораз се' е црно. Челзи бил шампион дома и во Европа ама не со овој состав, не со овој менаџер. Нема потреба од споредба на тие тимови со овој, денешниов.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Брат, нормално дека сме горди. Не дека ќе ти ја пеам онаа на МЗТ „не ми треба титулааа“, зошто нормално дека трофеј е потребен ама не секогаш во пораз се' е црно. Челзи бил шампион дома и во Европа ама не со овој состав, не со овој менаџер. Нема потреба од споредба на тие тимови со овој, денешниов.
Абе се тоа во ред, јас сфаќам да бидат онака баш задоволни од перформансот вчера и да гледаат да ги извлечат сите можни позитиви после мечот.. ама мислам дека нереалниот резултат на Олд Трафорд малце влијаеше да се осеќаат уште поподредено пред мечот и затоа сеа имаат вакви изливи на емоции. Само тоа сакам да им кажам, нема потреба да драмат до толку, не се до толку боса екипа сепак.

Мада од друга страна, зборам со Донев кој сезона после освоена титула со срушен рекорд за најмногу победи по ред кажа дека ќе биде задоволен со Топ 4 пласман, така да... очигледно е малце заштинички настроен према играчите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom