Фан Клуб: Челзи

H

HoT IcE

Гостин
Мислам дека ќе добие Лукаку шанса во Челзи следната сезона, не гледам зошто не. Поседува се што бара Мурињо кај играч и напаѓач, робусен, физички е говедо, има чувство за гол, трчи, се труди, уште да го подобри финишот и шутот, и таман е.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.560
Поени од реакции
52.351
Јас уште од кога ви зборев дека мислам дека нема да е во Челзи како што е сега.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.870
Поени од реакции
11.490
Офф, Јунајтед мислев ќе успеат бар бод да извадат али ништо...4 бода треба да изгубат Сити (под претпоставка ние да тепаме све!). Реално гледано, ако тепаме све и реми со Ливерпул, тоа се 19/21 што е супер објективно гледано. Но тогаш овие ќе треба 6 бода да изгубат во преостанатите 9 утакмици.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Ај не си терајте празни муабети дефинитивно од наредна сезона ќе игра оти Демба Ба ба бу ша бу и Торес ( верувајте ќе ми биде жал да си замине :icon_lol: ) ќе си одат , ама верувам дека Лукаку ќе добие шанса оти стварно сакам да добие а и време е :)
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.560
Поени од реакции
52.351
Добро, не збориме за тоа дали ќе игра или не него за тоа дали ќе биде ефикасен како што е претходниве две сезони.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Мурињо знае да извлече максимум од секого така да ако е решен да го направи јак напаѓач и ако одговара на играта дефинитивно тоа ќе го сторе . А јас верувам дека Лукаку ќе распали кај нас :)
 

UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Ќе ми биде многу криво ако не ја добие шансата која ја заслужува. Но се плашам дека ќе биде иста ситуацијата како со Стариџ. И тој имаше голем потенцијал, најмногу се виде тоа на позајмицата во Болтон, сега е исто со Лукаку. Го немаше неколку недели поради повреда, и почнаа лошите резултати на Евертон, се врати тој, се вратија и победите.

Продажбата на Стариџ во Ливерпул, лично него го направи покомплетен и подобар играч, и сето тоа поради желбата да докаже на Челзи дека згершија со тој потег. Жареше со мотивација минатата сезона кога влезе во игра против нас. А ќе биде така и во април кога ќе играме.

Е сега не дека жалам што замина Стариџ, но правам паралела на ситуациите, во случај Лукаку да ја доживее истата судбина. Е тогаш навистина нема да ми е сеедно. Да го гледам како ги полни противниците, а претходно си го имал во тим, и не си му дал никаква шанса.

А ако веќе добие шанса следната сезона, а не покаже ништо и потпадне под притисок, тоа ќе биде веќе друг муабет.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Само јас ли мислам дека Лукаку нема ниту следната сезона да добие шанса? Иако со игрите сезонава и тоа како ја заслужува.
Лукаку е уште млад и треба уште малце да созрее како играч,неможеш ти да го стаиш Лукаку у финале на ЛШ пред Торес и Ето тоа нема шанса.
Ако си е паметен и биде стрпелив сигурно е новиот Дрогба у Челзи и неговото време ќе дое кога тогаш.
=====================================================
Иначе Сити сигурно ќе не престигне на табелата со заостанатите утакмици,само да се молиме да киксаат до крајот на сезоната ништо друго.
Некои бодови со слабите екипи можат да не коштаат титула оваа година.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
476
Поени од реакции
316
Кога се напрај грешката со продажбата на Стариџ, не беше менаџер Мурињо а и тогашниот менаџер немаше толкава слобода и контрола врз донесените одлуки, така да мислам дека сега е тотално друга ситуација и сите можиме да покажиме малку оптимизам околу прашањето за напаѓачите од следната сезона.
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Стариџ не е грешка на клубот!
Една полусезона не носеше на грб со неговите голови и тоа беше. Дали не му одговара/ше игра/та на Челзи, или друго беше во прашање, незнам... важно си ги искористи кредитите. Башка тој период беше напалено детиште, страшно себичен играч кој промашуваше на секој натпревар барем по еден зицер и усеруваше милион шанси со неговата брзоплетост и себичност.
А за ова со Лукаку - не се знае со Мурињо. Ми смрди дека ќе го продаде, а ако намислил ќе го шитне и ич не му чуе дали имал шанса де докажи или не. Требаше сезонава да остане во тимот но ете, на крај се собраа премногу напаѓачи. Ако се продадат летово и Ба и (пред се)Торес би се ослободило место и за Лукаку и за нов напаѓач- инаку отиде момакот.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.560
Поени од реакции
52.351
Стариџ не е грешка на клубот!
Една полусезона не носеше на грб со неговите голови и тоа беше. Дали не му одговара/ше игра/та на Челзи, или друго беше во прашање, незнам... важно си ги искористи кредитите. Башка тој период беше напалено детиште, страшно себичен играч кој промашуваше на секој натпревар барем по еден зицер и усеруваше милион шанси со неговата брзоплетост и себичност.
А за ова со Лукаку - не се знае со Мурињо. Ми смрди дека ќе го продаде, а ако намислил ќе го шитне и ич не му чуе дали имал шанса де докажи или не. Требаше сезонава да остане во тимот но ете, на крај се собраа премногу напаѓачи. Ако се продадат летово и Ба и (пред се)Торес би се ослободило место и за Лукаку и за нов напаѓач- инаку отиде момакот.
Не не, Лукаку сам си побарал позајмица иначе ќе останеше ако се прашуваше Мурињо :)
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Како и да е.... свесен беше дека нема шанса да се пробие до прв состав покрај 3-ца напаѓачи.
Паник бај-от на Ето ја расипа работа со Лукаку. Сакам наредната сезона да го гледам во тимот - па нека покаже дека може да го носи(делумно) тимот.
 

dR3

Член од
9 септември 2009
Мислења
918
Поени од реакции
542
Ја првпат слушам за таков акаунт. Сме имале ли и друго женско у фан клуб освен Детелина?
Хахаха не се појаснив, пардон. :D Мислев на таа/тој што ставаше видеа од прес конференции, анализи, интервјуа итн.

Еве @Донев веќе ми одговорил. Штета, баш се навикнав да гледам редовно и сега ми е некако шуто.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.560
Поени од реакции
52.351
Хахаха не се појаснив, пардон. :D Мислев на таа/тој што ставаше видеа од прес конференции, анализи, интервјуа итн.

Еве @Донев веќе ми одговорил. Штета, баш се навикнав да гледам редовно и сега ми е некако шуто.
Глеј си во живо на Челзи ТВ :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom