Португалскиот стратег го финализираше својот трансфер во Челси после долговремено шпекулирање и сега 33-годишникот се враќа повторно на Стемфорд Бриџ.
Андре Виљаш-Боаш од клупата на португалскиот шампион Порто ќе се префрли во екипата на Челси откако беше финализиран неговиот трансфер во „сините“. Стратегот претходно го раскина договорот со својот, веќе поранешен клуб, со плаќање на целосната клаузула во неговиот договор вредна £15 милиони.
Виљаш-Боаш беше еден од најпосакуваните луѓе во Европа, а посебно за клубови кои беа во потрага за менаџер. Сепак најизразени беа гласините што потекнуваа од Лондон.
Андре Виљаш-Боаш потпиша три-годишен договор со Челси.
За да го достигне ваквото посакување од цела Европа како и вчудоневиденоста од неговата незрелост но брилијантен успех, Боаш во својата прва година успеа да стане шампион на Европа во Лига Европа, го освои домашниот Куп како и Суперкупот на Португалија. Но она што најмногу ги импресионираше сите е дефинитивно освојувањето на домашната португалска лига, успех кој што беше постигнат без тој да ја почуствува горчината на загубата.
Португалецот е добро познат во Лондон а посебно на Стемфорд Бриџ каде беше дел од екипата на Жозе Мурињо за време на неговото менаџирање на „сините“.
Во неговата прва сезона во Порто, стратегот успеа да ги постигне следните рекорди:
- Со освојување на Лига Европа тој стана најмладиот менаџер кој што го постигнал ова достигнување;
- Постигна клубски рекорд без изгубен натпревар во сите натпреварувања (36), претходниот рекорд го имаше Жозе Мурињо (33);
- Најмногу победи во Европа од португалски клуб (14);
- Најмногу поени во сезона од 30 натпревари во Португалија (84);
- Најголем број на последователни победи во Португалија (16);
- Најголема разлика од второпласираните (21 бод);
- Втор клуб во историјата на Португалска лига кој што ја освоила без пораз;
- Со освојување на тројната круна, тој го направи Порто единствениот клуб кој што досега имаа такво достигнување во својата историја од цела Европа.
Се надеваме дека целиот свој успех ќе го понесе и во Челси.
Андре Виљаш-Боаш, добредојде во светот на „сините“!